И јас ќе се обидам да објаснам зошто ја читам Библијата.
Библијата е Божји Збор, во неа се открива Божјиот карактер, Неговите дела, Неговата волја за мене, Неговите планови итн. Таа е писмо од Бог до мене. Во тоа писмо Тој ми се објавува. Кога ќе добијам писмо од некого што го сакам или почитувам веднаш со нетрпение сакам да го прочитам, епа како да не го прочитам писмото што ми го оставил мојот Создадел и Спасител? (smile)
Таа е упатство од нашиод создател, како да живееме за да ни биде добро. (bu) Не го гледам како грев или не грев читањето, туку ако ја читам мене ќе ми биде добро. Ќе знам што е вистина, а што лага, што е грев, а што не е итн...
Јас пред да почнам да ја читам бев ужасно депресивна, збунета, не знаев накаде да фатам... тогаш ја земав во раце и открив преку неа дека Бог не е некој што седи некаде далеку, туку дека умре на крстот за мене, за јас ако се покајам за моите гревови и Го примам во мене да ми даде вечен живот, да ме спаси и да ме обнови.
Прво го читав интезивно Новиот Завет 6 месеци, одново и одново и секогаш нешто ново наоѓав.. тогаш бев спремна да речам: Добро Господе, ти си во право, како што си напишал така е, се предавам и ќе те следам Тебе - мојата најдобра одлука во животот. Без неа немаше ни да бидам жива. (smile)
Еве што кажува самата Библија.
Значи Божјиот Збор ми го осветлува патот, ми покажува каде да одам.Псалм
119. 104 Преку твоите заповеди станав разумен; затоа го замразив секој пат на неправда.
119.105 Твоето слово е светилник на нозете мои и светлина за патеката моја.
Едно е да верувам дека некој постои, а друго е да МУ верувам. Како ќе Му верувам ако не Го познавам? Како подобро ќе го запознаам отколку да прочитам што вели Тој Самиот за СЕБЕ?
Има многу вери, суеверија итн... е Библијата е кантарот преку кој ги мерам работите.
Пред да почнам да ја читам Библијата читав многу филозифии, особено источњачките ми беа интересни... ама кога ја открив неа, се друго отпадна - ја најдов Вистината. (bu)
Ете затоа сметам дека секој треба да ја прочита барем еднаш, не мора цела... барем Новиот Завет, оти не се работи за книга со букви, туку со живот во себе и сила за промена. (bu)
Нели некои викаат има многу патишта што водат до Бог... и јас бев една од нив. А Исус вика: Јас сум Патот, Вистината и Животот и освен преку Мене, никој не доаѓа кај Таткото. Како ќе знаев дека МОРА преку Него да дојдам кај Бог? Дека само во Него имам Мир, Сила, Спасение, Мудрост и се што ми е потребно. (smile)
Земете го Новиот Завет, помолете се Бог да ви зборува преку него, да ви ги открие тајните сокриени таму, да ви се открие Самиот и веќе нема да ја оставите. (rad)