Фала Стела па морам да го воспитам за да биде примерен ваш зет (rolll) мала шала.
Весела и мене ми се допаѓа тој став,но искрено не е воопшто лесно воспитувањето.
Бара многу пожртвуваност,трпение и упорност (smile)
Воспитување на децата
Moderator: Модератори
-
- Модератор
- Мислења: 3256
- Придружен: 08 Jul 2012, 13:13
- Му се допанале: 1251 пати
- Им се допаднал: 1731 пати
Re: Воспитување на децата
Post by kit-kat » 04 May 2014, 07:17
Дојдов тука за совет од ваша гледна точка да ми помогнете.
Бидејки синко е единец , (а и таков ќе остане бидејќи и да имаме уште едно дете разликата е толкава што и двете деца ќе бидат растени како единци (smile) )се трудам таа состојба да не доведе до погрешно воспитување и разгалување.Доста сум строга и континуирана во мојот став.Нема попуштања и омекнувања дури при солзи (scared) Знае да ми рече дека сум лоша,или дека не го сакам во тие моменти но ме почитува и слуша.
Сега прашањето ми е да не претерав со тоа и да отиде во друга крајност.Од страв да не биде себичен, сега тој е вистински хуманитарец и важи за едно од најдарежливите и најнесебичните деца(дури се чудат луѓето дека е единец) (smile) Смислува начини преку лотарии и дарување на свои играчки да дојде до пари и да ги даде во црвен крст.
Исто и према луѓето е таков.Не сака кога некој ќе се налути и по секоја цена сака да се помират дури и кога не е крив (unsure)
Еве вчера со внуката играле и таа го удрила, тој никогаш не мава на девојчиња, па ја навредил вербално по што се навредила и дојдоа дома со пчачки( ситуација која не ја ставам на ум- детска игра)
Но ме загрижува тоа што подоцна зеде да пишува дека многу му е жал и дека душата го боли од таа постапка и длабоко и се извинува и и го даде на девојчето.Па немаше мир додека не се помирија, што не е случај со другата страна.
Вакви примери има доста со него, овој е најтазе. (smile)
Бидејки има психолози, педагози и воопшто луѓе на форумов кои ги ценам сакам да ми дадете мислење од страна како е во ред посебно во оба време на себични луѓе.
Макар што да нагласам дека секогаш сум за построго воспитување, бидејки скромноста хуманоста и човечноста се особини на човекот и личноста.
Фала ви (kup)

- Член
- Мислења: 180
- Придружен: 17 Dec 2013, 13:39
- Location: Битола
- Му се допанале: 163 пати
- Им се допаднал: 92 пати
Re: Воспитување на децата
Post by mama2 » 04 May 2014, 08:47
Кит Кат синко твој е добро воспитано дете кое знае дека добар збор железни врати отвара,иако денес е страшно време за такво однесување ама човечноста е нели најважна.Сепак мислам дека треба да му дадеш до знаење дека во одредени ситуации треба да си држи до своето, за да не мислат другите дека со него можат се да прават и пак да е се во ред( да не го земат под нозе), ме разбираш нели?Секојдневно сум во контакт и со деца и со возрасни на работа и постои опасност да строгата дисциплина се врати како бумеранг, па да не знаеш што се случило.Обвиткај го со љубов, ама секој да си го знае местото и улогата.Така ќе научи дека и тој со останатите треба да се однесува со почитување,ама во одредени ситуации да покажи заби. (love5) (big-hug)
-
- Форумски домаќин
- Мислења: 1127
- Придружен: 03 Aug 2013, 02:50
- Location: Скопје
- Му се допанале: 1340 пати
- Им се допаднал: 892 пати
Re: Воспитување на децата
Post by ripcence » 06 May 2014, 12:37
Кит кет (big-hug) за умното дете твое.
Моите се растени заедно, немало двоење ниту пружање љубов на едното повеќе од другото, се имале еден со друг цело време (разликата меѓу нив е неполни 2год.) Јас мислам се е до детето, како што го опиша однесувањето на синко твој како да ја опиша М. таа им попушта на сите може да си игра со деца од сите возрасти и на сите им угодува и самата кажува кога другите се среќни јас сум посреќна (smile) . Додека С. е сосема различен колку и да несакам да признаам се забележува себичноста кај него, кога ќе се скараат со М секогаш таа прва попушта и тоа мора нешто да направи за него за да и се смири (unsure) а во последно време забележувам и користољубивост кај него што воопшто не ми се допаѓа. (ner)

- Мислења: 1827
- Придружен: 22 Jul 2012, 15:43
- Му се допанале: 898 пати
- Им се допаднал: 739 пати
Re: Воспитување на децата
Post by Filigran » 06 May 2014, 15:24
Леле, колку е убава темава. Се прочитав, и навистина ви се восхитува, на сите мајки. Дефинитивни воспитувањето на дете е една од најтешките работи на светот.
Киткат, морам да ти честитам на твојот успех да воспиташ едно такво умно и културно момче. Ти веќе си ги всадила основите, а тој си е чувствителен и тоа незнам дали можеш да го смениш. Него срцето му е големо, полно со љубов. Од него не се сомневам дека ќе израсне голем човек. Е сега , морам да споменам со оглед на карактерот мислам дека ќе има моменти кога ќе пати и тоа е тоа. А тебе ќе те боли срцето. (cry1)
Сакам уште еднаш да ти честитам, мила Киткат. А јас мислам дека ќе имам каде да се обратам за пмош при воспитувањето на моето дете.
Исто така не сакам останатите мајки да се почувствуваат запоставено или дека тие направиле помалку. Се восхитувам на секоја мајка : Рипченце, Саншајн, Весела, Стела.................... (con) (con) (con)
Киткат, морам да ти честитам на твојот успех да воспиташ едно такво умно и културно момче. Ти веќе си ги всадила основите, а тој си е чувствителен и тоа незнам дали можеш да го смениш. Него срцето му е големо, полно со љубов. Од него не се сомневам дека ќе израсне голем човек. Е сега , морам да споменам со оглед на карактерот мислам дека ќе има моменти кога ќе пати и тоа е тоа. А тебе ќе те боли срцето. (cry1)
Сакам уште еднаш да ти честитам, мила Киткат. А јас мислам дека ќе имам каде да се обратам за пмош при воспитувањето на моето дете.
Исто така не сакам останатите мајки да се почувствуваат запоставено или дека тие направиле помалку. Се восхитувам на секоја мајка : Рипченце, Саншајн, Весела, Стела.................... (con) (con) (con)
-
- Модератор
- Мислења: 3256
- Придружен: 08 Jul 2012, 13:13
- Му се допанале: 1251 пати
- Им се допаднал: 1731 пати
Re: Воспитување на децата
Post by kit-kat » 08 May 2014, 09:16
Фала на убавите зборови, а Филигран постот ме насолзи (big-hug)
Да даде Бог сите да се радуваме и да сме горди на нашите деца. (bu)
Вистина е најтешка професија мајчинството и одгајувањето на детето во здрава и цврста личност.
За тоа не треба само присутност и викање, туку големо трпение упорност и огромна љубов и наоѓање начин за тоа.
Денес е време кога мајка не знае како да постапи во тој правец.
Но се надевам дека ќе успееме да направиме од нашите деца луѓе во вистинска смисла на зборот.
Ве (kup)

Post by NadicaG » 08 May 2014, 11:30
кит-кет твојот син има прекрасно срце,сочуствително,милозливо и тоа е ВРЛИНА.
е сега луѓе со такво срце сигурно многу пати ќе бидат повредувани и ќе им биди скршено срцето,но како што вика Мајка Тереза продолжи да правиш добро,продолжи да љубиш.
само внимавај да не правењето добро и чуствителноста е заради некакво докажување пред себе или тебе или заради чуство на вредност,зошто така само ќе се чуствува вреден кога ќе прави добро,а во суштина вреден е со само тоа што постои,а не што го прави за другите.Тенка е границата во мотивите околу нашите постапки,но обично кај деца единци таква ситуација се развива...или стануваат ептен себични или да го компензираат тој недостаток што растат сами стануваат ептен дарежливи,чуствителни...знам зошто јас сум растена сама ,со сестрами сме 9 години разлика,јас воопшто не се доживувам како да имам сестра,туку како единец,зошто така сум растела (smile)

Return to “Воспитување на децата”
Jump to
- Добредојде и да се запознаеме
- ↳ За форумов
- ↳ Технички прашања
- ↳ Да се запознаеме
- Забременување
- ↳ Во очекување на бременост
- ↳ Забременување
- ↳ Неплодност
- ↳ Испитувања на неплодност
- ↳ Дијагнози на неплодност
- ↳ Медикаменти
- ↳ Разно за неплодноста
- ↳ Инсеминација
- ↳ Ин витро и Наши дневници на ИВФ
- Бременост и породување
- ↳ Бременост
- ↳ Бременост
- ↳ Испитувања во бременоста
- ↳ Здравје и компликации во бременоста
- ↳ Спонтан абортус
- ↳ Разни теми поврзани со бременоста
- ↳ Породување
- ↳ После породувањето
- ↳ Честитки за новите бебуши
- Дете
- ↳ Доење
- ↳ Бебе од 0-12 месеци
- ↳ Бебе
- ↳ Исхрана на бебиња
- ↳ Здравје кај бебиња
- ↳ Опрема, козметика и сл.
- ↳ Дете од 1-3 години
- ↳ Тодлери
- ↳ Исхрана на тодлери
- ↳ Предучилишна возраст
- ↳ Училишна возраст
- ↳ Деца со посебни потреби
- ↳ Разно за децата
- ↳ Воспитување на децата
- Жена
- ↳ Мода
- ↳ Нега и убавина
- ↳ Природна нега
- ↳ Жена - разно
- Семејство, дом, миленици
- ↳ Семејство и брак
- ↳ Свадба
- ↳ Брак
- ↳ Мајчинство
- ↳ Семејство
- ↳ Патувања, празници, одмори...
- ↳ Дом
- ↳ Чистење
- ↳ Апарати и кујнски прибор
- ↳ Рецепти и готвење
- ↳ Уредување на дом и градина
- ↳ Направи сам
- ↳ Разно за домот
- ↳ Миленици
- Здравје
- ↳ Здравје - општо
- ↳ Здравје кај деца
- ↳ Здравје кај возрасни
- ↳ Сексуално преносливи болести
- ↳ Здравје
- ↳ Здрава храна и додатоци во исхраната
- Останато
- ↳ Хоби, спорт и рекреација
- ↳ Да помогнеме
- ↳ Информации
- ↳ Наши размислувања и ставови за разни теми
- ↳ Секојдневие
- ↳ Купувам, продавам, подарувам
- ↳ Опуштено
- ↳ Игри и забава
- ↳ Архива