Пари на деца ДА ИЛИ НЕ

Moderator: Модератори

kit-kat
Модератор
Модератор
Мислења: 3256
Придружен: 08 Jul 2012, 13:13
Му се допанале: 1251 пати
Им се допаднал: 1731 пати

Пари на деца ДА ИЛИ НЕ

Post by kit-kat » 11 May 2013, 16:33

Па се мислам подолго време малку да ја разработиме оваа тема воспитување на децата,да дадеме корисни совети и искуства.
Ќе почнам од парите бидејки сметам дека најголем расипник на децата се токму тие.
Разликата меѓу децата сега повеќе ја прават родителите,како и давањето на пари.
Има деца кои одат во школо со по 100-200 ден а се прво или второ одделение.За мене е тоа неоправдано
Еве ние имаме едно дете,а и матерјално сме фала Богу на завидно ниво.
Синко за еден месец ќе полни 8 год и е второ одд.Кога има јадење спремано од дома(кифла,солен кекс,кроасанка со сок или вода)не му давам воопшто пари.
А кога ќе изрази желба да си купи обично лиснатици(2-3 пати месечно)му давам максимум 30 ден.Обично се по 20 ден,а 10 да му останат за нешто благо.
И тоа е закон кај нас.Ако сега им даваме по 100-200 ден што на 15 години или на 20 год.Ништо нема да ги задоволува.
На родителска каде сум претседател на родителите го ставив на дневен ред и ова.Да кажат родителите каква потреба има дете од 7-8 год да има толкава сума на пари кога од дома носи се што му е потребно.
Одговорите беа (scared) (scared) исто и (ner) (ner) (ner)
Некои рекоа дека ќе му затребале за нешто тетратка блок па ќе стрчале до книжара да си купат(сметам дека секој родител треба да знае што му треба на детето за наредниот ден барем до 5 одд.)
А имаше и такви кои рекоа ладнокрвно дека кога се во можност,па зошто да не им даваат (scared) .Додека некои родители немаат најопходното да им го купат на децата други ги распуштаат.Страшно...

Мое мислење е дека само кратко време децата се деца и треба да си го уживаат детството безгрижно.Кога ќе имаат пари,наместо да внимаваат на наставата мислат каде да ги потрошат парите.
И кога имаат пари можат да си дозволат работи па така се завиваат пороците околу нив,цигари,алкохол и дрога.
Покрај ова сметам дека контролата врз децата е најважна.Деца без контрола плус со пари во џеп=пропаст.
Затоа децата обично на (зборувам за некои не за секои)бизнисмени,доктори кои се зафатени со работа и бизнис,пропуштеното време со децата го надополнуваат со давање на поголема сума на пари на децата.
И сите сме сведоци како и каде завршуваат тие деца.
Да ви кажам искрено јас многу се плашам за моето дете бидејки живееме во лудо време.

Какво е вашето мислење??????????

imambebe
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1603
Придружен: 30 Apr 2011, 00:18
Му се допанале: 216 пати
Им се допаднал: 588 пати

Re: Пари на деца ДА ИЛИ НЕ

Post by imambebe » 11 May 2013, 16:55

Јас по првпат ќе станам родител во скоро време и се согласувам комплетно со тебе кит-кат. Многу се нервирам кога ќе видам колку пари им се даваат на децата и искрено се надевам дека овој став ќе го задржам и во иднина.

kit-kat
Модератор
Модератор
Мислења: 3256
Придружен: 08 Jul 2012, 13:13
Му се допанале: 1251 пати
Им се допаднал: 1731 пати

Re: Пари на деца ДА ИЛИ НЕ

Post by kit-kat » 11 May 2013, 17:19

Имамбебе прво со лесно да ти биде.Но запомни воспитувањето започнува од првиот ден на раѓање.Ако го научиш во раце или на секое кемчење над него така ќе те викаат едно 2-3 години.
И константноста-да си стоиш на еден став е најдобрата мерка за успешен родител.
Ќе отворам и нови теми па ќе размениме искуства.
Мајчинството не се учи од книга тоа само по себе се развива (smile)

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: Пари на деца ДА ИЛИ НЕ

Post by Debora » 11 May 2013, 21:03

Кит кет, искрено, ме воодушеви твојот пост и целосно се согласувам. Многу се радувам кога ќе видам родител што цврсто стои на земја и го учи детето на вистинските вредности во животот. Тоа не може да се замени или купи со пари.
Парите ќе дојдат, ама кога ќе дојдат, ќе дојдат на здрава основа. (bu)

carina
Домашен член
Домашен член
Мислења: 726
Придружен: 20 Jul 2011, 08:21
Location: skopje
Му се допанале: 193 пати
Им се допаднал: 279 пати

Re: Пари на деца ДА ИЛИ НЕ

Post by carina » 11 May 2013, 23:36

кит кат искрено ме зачуди што има родители кои од прво одделение им даваат на децата толку пари.ке сфатат подоцна дека грешеле.имам доста примери во мојата околина каде апетитот на децата за пари се зголемува со тек на време и на поголема возраст ( во пубертет) можат да си дозволат да пробаат недозволени работи.а и не мора,доволно е што тие деца никогаш нема да научат да ги ценат парите,исто како и нивните родители.исто сум била сведок на сцени по продавници за да се купи некоја скапа играчка.и на крај се купува таа играчка .
јас на керка ми никогаш не сум и дала пари за во училиште,од причина што се и е платено.а кога би и давала,сигурно би било како тебе, 30 ден максимум.и многу е рзбрана од мала,ако и кажам дека немам пари за некој продукт во продавница(чоколадо,лижавче итн...за играчки не станува збор) секогаш го прифакала тоа што ке и го кажам.
баш ме интересираат мислења и од другите мајки на форумов

Nadja
Редовен член
Редовен член
Мислења: 445
Придружен: 26 Aug 2012, 19:03
Му се допанале: 9 пати
Им се допаднал: 52 пати

Re: Пари на деца ДА ИЛИ НЕ

Post by Nadja » 12 May 2013, 12:20

И јас се согласувам со тебе kit-kat. Кога син ми ќе почне да оди во школо, ако од дома имам подготвено некакво печиво, ќе му го дадам за да го јаде таму. Ако немам, ќе му дадам пари. Најмногу 50 денари. Повеќе не би му дала. Имам забележано дека на мали деца им даваат по 100 денари за јадење. Тоа за мене е многу.

Petra
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2039
Придружен: 17 Nov 2009, 20:50
Location: God's Kingdom
Му се допанале: 1044 пати
Им се допаднал: 729 пати

Re: Пари на деца ДА ИЛИ НЕ

Post by Petra » 13 May 2013, 09:13

Кит-кат, се запрепастив од одговорите на радотелите. (ner) (ner) (ner) Ауууууууу јас одново и одново се запрепастувам од вакви изјави. (scared) Што стана работава, не знам каде избива кушлук. Едноставно не можам да сфатам како можат така да размислуват. Се работи за нивните деца, толку пари на таа возраст страшно. (scared)
Одново и одново ме воодушевуваш како го воспитувате синчето, за секаква пофалба. (con) Здрава основа поставувате во неговиот живот, ќе знае како стабилно да оди во животот. (bu)

Моето мислење е дека на деца не се даваат толку пари. Ако сега не знае да биде задоволен со малку парички, колку ќе треба утре кога ќе биде на поглема возрсат да му бидат доволни. Ако не знае да управува со парите, водат во катастрофа. (ner) (ner) (ner)
Јас, пак ќе напомнам, дека не сум во можност да и овозможам 100-200ден на ден. НО дури и да бев, тоа немаше да биде. Се што и е потребно купуваме заедно, или сега е поголема некогаш и сама си купува, но пари носи точно.
На училиште не зима храна, не ја јадеше, па носи од дома или најмногу до 30, и секогаш е задоволна кога ќе види дека добива 30 ден. dance
Ја контролираме за што ги троши парите, ме радува што гледам дека добро управува со нив.

Petra
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2039
Придружен: 17 Nov 2009, 20:50
Location: God's Kingdom
Му се допанале: 1044 пати
Им се допаднал: 729 пати

Re: Пари на деца ДА ИЛИ НЕ

Post by Petra » 21 Jul 2013, 14:30

Оклу парите...Има нешто што забележувам некое време, може да се каже дека подолг период, но сега е накако поизразено. Ме интересираат и вашите мислења пријателки, јас сум во недоумица, дали се работи за добра особина или треба да се корегира. (smile)
Ќерка ми станала махер за ценкање. И порано кажуваше кога ќе се врати од екскурзија дека спуштила за нешто цена, и викав ако може да го плати да го плати по таа цена. Сега се враќа од одмор и што ми кажува. Некое ланче чинело 200 ден, таа на продавачите им рекла во Велес ова е 100 ден, може ли барем за 150д. да го купам. и го земала. Друго нешто од 250д. го земала за 230д. На луна парк за децата што се дружела таму и за неа, купувала жетони по пониска цена. Се ценкала и за нив. :ymblushing: и викам зошто се ценкаш, носеше доволно пари. (smile) 2000 ден мислам не се малку за неа за 8/9 дена. Имаше доволно. Она и врати од нив 500 ден, па чизми од тука од пеко за нив си зема, по намалена цена. Ми вика многу се високи цените...Во дилема сум за ова, дали е позтивна страна или да се корегира. Сигурно некогаш во животот ќе и затреба и овој талент. Научилиште ја потенцираа како нејзина јака страна снаоливоста.
(confus)

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4049
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1286 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Пари на деца ДА ИЛИ НЕ

Post by Lejla7 » 21 Jul 2013, 16:58

Малку ќе се пошегувам (rolll) - да немате некоја егејска жичка во фамилијата? Ние имаме еден пријател од Велес кој исто вака се ценка за се и сешто, ми стана многу смешно затоа, ама да ти кажам понекогаш вреди да пазариш со него. Јас мислам дека нема да и штети оваа снаодливост, а посебно ќе и користи ако замине некогаш на одмор во Турција (smile)

kit-kat
Модератор
Модератор
Мислења: 3256
Придружен: 08 Jul 2012, 13:13
Му се допанале: 1251 пати
Им се допаднал: 1731 пати

Re: Пари на деца ДА ИЛИ НЕ

Post by kit-kat » 21 Jul 2013, 17:49

Истиот „проблем„го имам со синко.Секогаш се ценка и за чудо убедува.
Ама јас си викам тоа е од онаа егејска жичка по мм што ја спомна Лејла (rolll)
Нека се учат и вештат.
Ова е баш снаодливост,не е ни мамење ни крадење.Само јас го карам да не претерува со тоа,бидејки има луѓе кои не попуштаат,или кон деца се малку (unsure)

Одговори

Return to “Воспитување на децата”