Градинарство

Moderator: Модератори

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 10983
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5780 пати
Им се допаднал: 3539 пати

Градинарство

Post by Debora » 19 Aug 2013, 15:54

Има ли некој домашна градина? (smile)
Има ли некој што на балкон има некое градинарско растение? Мене ме фати мерак за оваков потфат, ама како што читам тешка работа дека е многу возможно, а од друга страна пак на некои им успева. (smile)
Што мислите? Некое искуство, совет? (smile)

kit-kat
Модератор
Модератор
Мислења: 3238
Придружен: 08 Jul 2012, 13:13
Му се допанале: 1250 пати
Им се допаднал: 1700 пати

Re: Градинарство

Post by kit-kat » 19 Aug 2013, 16:54

Ние имаме насад со јаболки околу 120 дрвја на нива.Многу е убаво кога гледаш како раснат.
Мм се грижи за тоа,јас само за наводнување сум тука 1 неделно за отнување на капалките одам,повеќе за разонода.
Инаку во дворот бидејки имаме само трева,зимзелени дрвја и саксиски сезонски цвеќиња(моментално жолти полни,па сега планирам да ги заменам со митровки-хризантеми),по желба на синко во саксии засадивме малини.
И еве неколку год успешно собираме (smile)
Користиме мешана земја од планина со хумусна купечка.Од време на време додека раснат им ставам губриво како што ставаме на јаболките.
Па среќно (smile)

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 10983
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5780 пати
Им се допаднал: 3539 пати

Re: Градинарство

Post by Debora » 19 Aug 2013, 16:58

Кит кет значи имате малини во саксии (w1) колкави саксии се тоа? (w1) Баш убава идеја. (rad)

kit-kat
Модератор
Модератор
Мислења: 3238
Придружен: 08 Jul 2012, 13:13
Му се допанале: 1250 пати
Им се допаднал: 1700 пати

Re: Градинарство

Post by kit-kat » 19 Aug 2013, 17:11

Па Дебора малините немаат големи корени,па се од оние големи саксии ќерамидова боја,мислам бр.12 илибр.14.Ќе видам подоцна ќе пишам за сигурно.
На пример цвеќињата ни се во бр.6,8 и 10.
Само пред секое садење на цвеќе или растение на дното се дупнува дупки за да бега водата и пред да се стави земјата се ставаат камчиња си средна големина,за да бега водата како дренажа му доаѓа,инаку водата останува,се затнуваат дупчињата со водената земја и скапува коренот ;-)

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 10983
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5780 пати
Им се допаднал: 3539 пати

Re: Градинарство

Post by Debora » 19 Aug 2013, 17:14

Да, знам за дренажата. Фала ти, ми даде надеж дека ќе имам градина на балкон. (rad) (a2) Ем може да си има човек непрскани лисја од малини, а тие се баш лековити. (rad)

ripcence
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1126
Придружен: 03 Aug 2013, 02:50
Location: Скопје
Му се допанале: 1339 пати
Им се допаднал: 890 пати

Re: Градинарство

Post by ripcence » 19 Aug 2013, 19:10

Имаме две тераси дома од кои едната е на југ а другата на север, на северната неможе ништо да се сади, пробавме на јужната јагоди во саксии оние долгнавестите жардињери. Изгледа многу им е топло секој ден ги наводнувавме и едвај две години само родија јаготчиња ситни и киселки ама многу малку (smile) Радоста дека имаме свои јаготчиња беше голема, ама изгинаа, премногу им е топло.

Happy^_^
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2265
Придружен: 28 Mar 2013, 11:47
Му се допанале: 206 пати
Им се допаднал: 1168 пати

Re: Градинарство

Post by Happy^_^ » 19 Aug 2013, 23:26

Ние живееме ви зграда но си имаме на балкон нане, патлиџанчиња,чушки, босилек и кромид во саксија зимно време го чуваме дома и не штити од грип :)
А татко ми и пред зграда си направи како бавчичка е од таму се му крадат :) а имаше мали лубеничиња :)

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 10983
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5780 пати
Им се допаднал: 3539 пати

Re: Градинарство

Post by Debora » 19 Aug 2013, 23:56

Хепиииии (rad) (rad) (rad) , значи во Велес успеваат градини по балконите. (rolll) Има ли шанси да видиме слика? (w1) Или да ми кажеш колкави саксии се потребни за патлиџанчиња, чушки и сл. (rad) Семе купувате или расад? (w1)
Леле ме израдувавте баш. (rad)
Ете и нане може, мене ми текна на магдонос, можеби марули...
Рипченце и кај нас се така балконите. Читав ако се темни саксиите на жешко место треба да се зашитат со нешто од сонцето за да не се загрева и земјата во нив, да не има тоа нешто врска што не ви успеале. (confus)

ripcence
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1126
Придружен: 03 Aug 2013, 02:50
Location: Скопје
Му се допанале: 1339 пати
Им се допаднал: 890 пати

Re: Градинарство

Post by ripcence » 20 Aug 2013, 00:55

Не верувам дека е до тоа, саксиите беа бели, првите две години од кога ќе ги извадевме на тераса ги наводнувавме секој ден, е човеков од каде што земавме расад ни рече дека тој ги наводнувал еднаш месечно, рече дека затоа ни биле ситни и кисели од многу вода, па почнавме поретко да ги наводнуваме (еднаш неделно) јас мислам дека тоа е причината што изгинаа.
Сега кај мајка ми си садиме во дворче (smile) таму се убави и пред се непрскани.

Bobe
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1055
Придружен: 20 Nov 2010, 14:35
Му се допанале: 1344 пати
Им се допаднал: 800 пати

Re: Градинарство

Post by Bobe » 09 Mar 2014, 19:20

Бидејки кај нас мм е мераклија за бавчичка и остало,он си ја тера таа работа го релаксира,после работа ,јас колку можам помагам околу полевањето (tongue)
зема семе и веке насади и пркнаа мали коренчиња на домати и пиперки,(не сакаше да купува готови оваа година,не дека ке заштеди нешто туку ете мерак)ама доле се на спратот каде што нема многу ладно,кога ке се позатопли ке ги пресади........ ке завршат во задниот дел од дворот(позади кука каде и прави секоја година не многу),напред не сакам да ми расипува изглед...... (laugh1) напред цвекиња и зеленило,дрвца...каде и што се пие мераклиски кафенце (love5)
На нашата тераса секогаш има во саксија Босилек(кој заштитува и од комарци),Рузмарин,Лајм-Рузмарин посебен е со вкус на лимон....преубаво мирисаат а и после си користам и во кујна (smile)
лани ставив во саксии и доматини Шери-доматчиња за салата...едната саксија заврши кај мајка ми која долго и траеше даваше плод,живее во стан беа на балкон на сонце....ако е се во ред еден корен дава околу 50-75 доматчиња,а изгледа и супер (thumbsup)
сега овој период си земав и чили пиперчиња семе кои ке ги насадам сигурно во саксија,директ во поголема,да не пресадувам,сакам да произведам некои специфични сосови потоа...и очекувам плод,а и супер изглед на балкон штом се затопли (lovet)
ако ми дојде некоја идеа пишувам,градинарство на балкон да бива (thumbsup)
п.с. сори на долгиот пост се возбудив од помислата на пролета и преубавите цвекиња,плодови,зеленила.......уште од сега во овие касни сатови (laugh1) =)) ама си ги читкав темите во дом кои ми се од најомилените овој период (love5)

Одговори

Return to “Уредување на дом и градина”