Распоред и број на оброци на бебиња над 6 месеци

Исхрана на бебиња. Кога да почне со дохрана и како, првата храна, вода, ссокови итн.

Moderator: Модератори

ivvi<3
Редовен член
Редовен член
Мислења: 277
Придружен: 11 Mar 2015, 17:40
Му се допанале: 42 пати
Им се допаднал: 134 пати

Re: Распоред и број на оброци на бебиња над 6 месеци

Post by ivvi<3 » 23 Oct 2015, 22:29

Лејла, ова е моето искуство, јас веќе два месеци одам на работа, со тоа што сум постојано втора смена, па за доручекот сум дома. За доручек ѝ давам овошје со просо, нестум или хипп кашичките кои се прават со млеко или вода. Некогаш само овошје или во житните кашички додавам овошје. Ретко знам и пудингот од нестле да ѝ го дадам, тој со вкус на ванила и овошен мислам од кајсии, ама тоа е многу ретко. За доручек можеш пред да одиш на работа, ако сакаш да дадеш овошје, да го испасираш и стави го во фрижидер. А верувај не е ништо страшно и од тегличка да дадеш. Работиш и не се постигнува сѐ. За ручек готвам претходно, сум дала и од претходен ден подготвено и чувано во фрижидер, само да не е компир. Значи морков, ориз, тиквичка, брокула, карфиол, боранија, грав, грашок, телешко. Исто можеш, ако имаш време пред работа, дури се спремаш, да свариш тарана и да седи во вода, после само да ја процедат и да додадат кисело млеко, павлака, или крем сирење. Кога немам време за готвење, ако веќе давам од тегла, гледам тоа да биде нешто што не го приготвувам дома, како пилешко (не сакам купечко ради хормони), јагнешко, мисиркино. Јас за вечера не сум дома, па ѝ даваат или ноќните на хипп и од теглички и тие од кутија, или некои од нестле со житарки, не мора да се ноќни. За млекото, се придржувам до упатството, 3 пати по 180мл, освен во случаи кога ѝ растеа забите, па само со млеко се смируваше.
Е сега за пробувањето, не се придржувам до толку, последниве месеци. Не велам дека е добро, туку од истите причини, дека сакав да проба повеќе. Само гледам кога ќе ѝ дадам нова намирница, до наредната нова да поминат 3-4 дена, а не како претходно што правев 3 дена ново, па старо, па пак новото итн. Не знам дали сум јасна (smile)

happiness
Домашен член
Домашен член
Мислења: 746
Придружен: 02 May 2014, 21:37
Му се допанале: 221 пати
Им се допаднал: 269 пати

Re: Распоред и број на оброци на бебиња над 6 месеци

Post by happiness » 24 Oct 2015, 00:36

бубе на 9 месеци и треба 3 оброк, ако си јаде пак поголема количина на храна во тие 2 оброци и не се буди дека е гладна тогаш е ок,
лејла јас имам замрзнувано овошје т.е круши и јаболка домашни од двор брзо се расипуваа па ги изблендирав и ги замрзнав во силиконски калапи и вадев по 3-4 слатки (rolll) во пластика и во топла вода да се одмрзнат и правев оброк плус со нешто, и јас тој период се интересирав за мрзнење на храна оти мн малку јадеше и за да фати блендерот да пасира морав да ставам повеке а тоа нас ни беше за 3 оброци и од неинформираност не мрзнев, знам за компирот што спомна ivvi дека се дава пресен и спанак исто. брокулата ја продаваат и замрзната ама не ти препорачувам еднаш замрзнав и нема ист вкус уште по терсене е на вкус малово мое ја неки замрзната па одмрзната, мислам дека цвекло се мрзни... а убаво е работи кои се мрзнат да си ги испасираш и во силиконски и после да му мешаш пр 2 коцки јаболко 1 коцка цвекло и имаш готова каша (laugh1) не верувам дека би било проблем од вечер зготвено да стои во фрижидер... (unsure) сега е моево поголемко па му давам и тиква печена од денес за утре, ориз бел во тава од нашиот има пробано од претходен ден.... телешко последно кога купив цело го сварив и го поделив во пластики мали и му турив од водата во која се вареше и не е лошо кога ке се одмрзни го преварувам со зеленчук и времето мн ми е пократко и полесно... можеш кашите од кутии да ги користиш тие се брзи и лесни за правење (иако јас на почеток не ја загревав доволно водата и ми се правеа со грутки па барав спас на форумов (laugh1) )
инаку немора се да проба до годината не се секирај терај барем по 2 дена ако не по 3 ,за намирници кои не се познати алергени (smile)

Bube
Редовен член
Редовен член
Мислења: 448
Придружен: 08 Jul 2014, 12:20
Му се допанале: 180 пати
Им се допаднал: 259 пати

Re: Распоред и број на оброци на бебиња над 6 месеци

Post by Bube » 24 Oct 2015, 23:32

[quote="Tina9"]Бубе на 9 месеци треба да има уште еден оброк. Според мене треба да и замнеш едно од последните млека со млечна кашичка или овошна со житарки. Треба да се намалува млекото, а да се зголемува цврстата храна. На таа возраст треба да пие од 500 до 750 мл млеко.[/quote

Ве послушав сите :) воведов вечера . Си мислев како ќе е па дали ќе сака едно друго ама не било страшно. Само го скокнав претпоследното млеко и место него јаде каша. И така тераме веќе некој ден .

Е сега мислење плус што да се дава за вечера да не е ефно исто ама тоа е ќе мислиме ќе прајме ќе готвиме само тие нека јадат
Поздрав девојки

cicamaca
Нов член
Нов член
Мислења: 56
Придружен: 26 Oct 2014, 13:31
Му се допанале: 11 пати
Им се допаднал: 18 пати

Re: Распоред и број на оброци на бебиња над 6 месеци

Post by cicamaca » 11 Nov 2015, 16:52

Еве и јас повторно да се придружам, ме немаше оддамна.

Киара направи 7 месеци и 4 дена. Почнавме со дохрана и си ручкаме ама има денови кога само сме на млеко. Уште немаме забчиња (ner) .


Денес јадевме:
8 часот цицање
10 часот нестле каша од ориз (таа највеке ја сака, оние од Хипп никако)
12 часот каша од тиква и јаболко сварени и изблендирани некаде околу 120 грама
15 часот каша од тиквичка, батат, морковче снегулки од просо и малку банана за камуфлажа 120 гр.
18 часот каша од слива и крушка (колку ке изеде)

до вечер сме на цицање или кога не и стига пие по 60-80 мл АД млеко.

Кај вас како е ситуацијата?

Се надевам ќе бидам повеќе присутна во наредниот период.

Anence66
Член
Член
Мислења: 126
Придружен: 27 Aug 2014, 11:15
Му се допанале: 34 пати
Им се допаднал: 66 пати

Re: Распоред и број на оброци на бебиња над 6 месеци

Post by Anence66 » 18 Nov 2015, 00:09

Ние сме 8 + и напредуваме добро но иако ми викаат да воведам ужинка јас се уште давам само два оброка доручек и ручек,нормално со тоа што цица 5 пати дневно.Но кај нас цицањето од старт трае 5-10 мин. Вака изгледа тоа...Стнуваме во 6,30 цицаме и оклоу 9 малку цицаме и пак спиеме. После тоа во 12 имаме доручек од овошје со комбинации на просо,киноа,амарант.Секој ден различно комбинираме.После играме и цица и спие. Околу 15,30 имаме ручек ради малку слабокрвност имаме 3X телешко со зеленчук,2жолчка,1 ден мисирка и еден коприва. И тоа е се од јадење. До пред легнување имаме уште 2 пати цицање. Незнам дали да и скратам едно цицање за да и воведам цврста храна ужинка или вака да тераме до кај 9,30 - 10 месеци.?

alek1sandra
Нов член
Нов член
Мислења: 2
Придружен: 25 Nov 2015, 10:57

Re: Распоред и број на оброци на бебиња над 6 месеци

Post by alek1sandra » 25 Nov 2015, 11:36

Имаме скоро 7 месеци
6:00 млекце 170мл
9:00 млекце 140мл
12:00 овошна кашичка (само овошните ги сака со другите мака мачиме) 125 мл, ама по 2 саати пишти пак за јадење
15:00 зеленчукова кашичка колку што сака гледам барем 80 мл да изеде + 70 мл млекце и додавам
18:00 млечна кашичка житарки со малку овошје + млекце (зависи колку ќе изеде од кашичката)
21:00 млекце 170 мл
навечер се буди еднаш околу 2 часот за млеко 140 и давам
не можам во 21:00 млечната каша да и ја давам пошто рано ми заспива, а станува уште во 6
откако почнавме инаку каши да јадиме многу се поправивме

SMESKO
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1413
Придружен: 12 Sep 2013, 12:28
Му се допанале: 1549 пати
Им се допаднал: 903 пати

Re: Распоред и број на оброци на бебиња над 6 месеци

Post by SMESKO » 28 Nov 2015, 14:07

Малата е 11 месеци и 7 дена,и нашиот распоред изгледа вака
9 часот јади овошна каша(денес тиква со круша)
12 час пие млеко 170 мл
15 часот јади зеленчукова каша(денес се спрема спанаќ со ориз)
17 и 30 пие 170 мл млеко
20 час јади будинг со бисквити мелени
22 часот пие 200 мл млеко заспива и повторно исто од сабајле.
Д пиеше многу млеко и поради послабо железо (113 а треба да е над 120) ни препорачаа да го намалиме па на наредна контрола ќе видиме до кај сме.

sweety
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2247
Придружен: 31 Oct 2013, 19:01
Му се допанале: 926 пати
Им се допаднал: 1183 пати

Re: Распоред и број на оброци на бебиња над 6 месеци

Post by sweety » 15 Jun 2016, 11:17

пед некој ден наполнивме седум месеце и ваков ни е распоредот
05:30 млеко 110 мл
8:00 млеко 130 мл
11:00 каша, еден ден овошна еден ден зеленчукова засега си јаде се што ќе и направам
13:00 млеко -130 мл
16:00 млеко -130 мл.
19:30 млеко -110 мл.
после капење околу 21:30 испие околу 140- мл, млеко, и ја преспиваме цела ноќ (pipi)
сега планирам да и воведам и втор оброк ама ќе почекам уште некој ден

SMESKO
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1413
Придружен: 12 Sep 2013, 12:28
Му се допанале: 1549 пати
Им се допаднал: 903 пати

Re: Распоред и број на оброци на бебиња над 6 месеци

Post by SMESKO » 20 Sep 2017, 13:33

Здраво мајки,ајде да си прашам нешто а искусните мами да ми дадат совет
Х има 5 месеци и 7 дена има распоред ваков

Наве4ер легнува кон 20 и 30 до 21 е легнат пие 250 мл млеко
станува во 03 пие 210 мл ,станува во 05 пие 120 мл заспвива и 06 и 30 е станат па кон 08 часот му давам овошна,млечнакаша каква и да е во 10 заспива со млеко пие 210 мл,станува во 11 и 30 ,па кон 14 саат заспива повторно со млеко пие 210 мл,во 17 ч јаде зеленчукова каша и во 20 и 30 мин легнува ...
Почнав со распоредот од наве4ер затоа што 2 пати ми станува наве4ер за млеко,цуцла мамалка не фаќа,нема шанси да се замами и е многу потешко.Мислам дека е јаден и дека нема потреба од толку оброци ама на презаспива ако не му дадам млеко.Се на се се собираат 5 Ад млеко и 2 каши,многу е знам ама кажувајте како да воспоставам ред,некако не ни оди од рака (bu)

ivvi<3
Редовен член
Редовен член
Мислења: 277
Придружен: 11 Mar 2015, 17:40
Му се допанале: 42 пати
Им се допаднал: 134 пати

Re: Распоред и број на оброци на бебиња над 6 месеци

Post by ivvi<3 » 20 Sep 2017, 23:47

@SMESKO само на АД сте? Некако многу е, ама па од друга страна, може толку му треба. Јас кога ќе си вратам филм, давав по многу малце, ама па ќерка цело време беше нервозна, изгладнета. Почна да се смее кога ѝ зголемив на 180мл по оброк. А што пишува на кутијата, по колку оброци и од колку мл? Знам дека ова не е совет, ама се трудам да ти помогнам, пошто ти ја сфаќам маката.

Одговори

Return to “Исхрана на бебиња”