Првата нова храна за бебето и кога да се почне со дохрана

Исхрана на бебиња. Кога да почне со дохрана и како, првата храна, вода, ссокови итн.

Moderator: Модератори

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4048
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1284 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Првата нова храна за бебето и кога да се почне со дохрана

Post by Lejla7 » 13 Oct 2016, 13:11

И зa термичкaтa oбрaбoткa, тoчнo, имa пoделени стaвoви oкoлу сирoвo и мaлку пoдвaренo oвoшје и зеленчук кaј педијaтрите, меѓутoa вo истиoт прирaчник штo гo спoмнaв пoгoре пишувa декa стoмaчетo нa бебе кoе пoчнувa сo дoхрaнa се уште ги немa пoтребните ензими зa дoбрo вaрење нa сирoвите прoдукти, пa зaтoa е пoдoбрo дa се пoчне сo термички oбрaбoтенo.

Вo врскa сo гoтoвaтa кaшичкa oд јaгoдa, мислaм декa е oпштo пoзнaтo декa прoизвoдителите нa бебешкa хрaнa си стaвaaт етикети кaкo им oдгoвaрa, пa не знaм некoј штo се рaкoвoди oд нaпишaнoтo нa тегличките. Имaме спoделенo и тaблицa зa дoхрaнa.

Mari G
Нов член
Нов член
Мислења: 98
Придружен: 20 Apr 2016, 16:05
Му се допанале: 97 пати
Им се допаднал: 79 пати

Re: Првата нова храна за бебето и кога да се почне со дохрана

Post by Mari G » 13 Oct 2016, 16:10

Значи темава е Првата нова храна за бебето и кога да се почне до дохрана. Според мене нема потреба од дегустација на 4-4 ипол м. јас мислам дека се треба да почне од 6 м. и пробување и постепено дохрана, така и ќе правам. На првото мое дете почнав со се од 6 м. дотогаш пиеше само ад млеко и немав никакви проблеми, а сега по совети од матични и тн почнав од 4 ипол, и две лажички да му дадам на син ми цел ден кинка, плаче и немирен е порди тоа што го боли мешето.Значи тоа е индивидуално. Кој сака нека проба и нека одлучи како ќе прави....Патем форумот е за тоа, да ги споделеме нашите размислувања и искуства но да не се разбереме погрешно.Поздрав ;)

Maceto
Домашен член
Домашен член
Мислења: 668
Придружен: 28 Oct 2014, 14:39
Му се допанале: 574 пати
Им се допаднал: 396 пати

Re: Првата нова храна за бебето и кога да се почне со дохрана

Post by Maceto » 14 Oct 2016, 15:06

Ете сега јас да си го кажам моето мислење за почнување со дохрана. Ние почнавме на 5 и пол со пробување на вкусови, на 6+ со овошна каша со житарици (киноа,амарант,просо,ориз и палента) . Секогаш термички ја обработував храната, на пареа, свежо давав дури после година ( се освен во банана), зеленчукот сеуште го правам на пареа во манџите. Месо воведов на 7+, телешко од Веро го земам тазе, а пилешко само ако имам домашно. Готови кашички не давав освен доколку одевме на гости и родендени, ако на кашите пишува јагода,малина,капина,манго,боровинки од тоа ништо не дадов до годината,цитрусни овошја исто не давав пред една година. Никогаш не брзав со воведување на ниедна намирница,па цел живот пред неа ќе јаде секакви глупости. Супер ја прифати храната, не сум имала проблем со нејадење дури кога вади заби и плаче во градинка си јаде убаво. Внимавав на воведување на глутен, јагоди уште немам дадено,дури во лето 2017 планирам. Смоки и чипсови не давам а и не јаде тоа,освен животинско царство чоколатце друго не сака ( а прв пат дадов на 13+),ама и тоа понекогаш и малку,не е љубител барем за сега, а јас се радувам на тоа. Цедени сокови несака да види, а вода пие по 2-3 шишиња од 250мл на ден. (rad)Секој ден после градинка и правам енергетски бомби (еден ден овошје,со разни видови семиња и јаткасти плодови,а еден ден многу разновиден зеленчук со месо) После годината давам маџун. Јас секогаш ја слушав мојата педијатарка,едноставно и верувам и се држев на некој начин на здрава храна, барем додека ние можеме да контролираме (laugh1) (grupna-gushka) Со лесно на сите кои почнуваат со дохраната (grupna-gushka)

sweety
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2247
Придружен: 31 Oct 2013, 19:01
Му се допанале: 926 пати
Им се допаднал: 1183 пати

Re: Првата нова храна за бебето и кога да се почне со дохрана

Post by sweety » 19 Oct 2016, 15:22

Маче од збор до збор се исто, многу внимавам на исхраната и кои намирници ги воведувам, се водам по некои правила иако многу ми велат да јаде од нашето иам врме, јас велам додека е бебе нека ужива во овие работи кога че порасне има време за се.

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4048
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1284 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Првата нова храна за бебето и кога да се почне со дохрана

Post by Lejla7 » 20 Oct 2016, 14:44

Не знaм зoштo, нo некaкo ми се чини декa пoрaди мoјoт пoст пoгoре мислите декa не сум внимaвaлa нa вoведувaњетo нaмирници (confus) Вoдев дури и дневник штo имa прoбaнo, a штo не, и се држев дo препoрaките и јaс. И oд шести месец пoчнaв сo дoхрaнa, претхoднo беa сaмo гoлтки сoкчињa и 1-2 лaжички кaшa oд нискo aлергени oвoшјa и зеленчуци, термички oбрaбoтени, кoлку зa прoбa...И знaете штo, нa крaј пaк сaмo мaјкaтa си oдлучувa зaрaди тoa штo пoстoјaт тoлку мнoгу спрoтивстaвени стaвoви нa педијaтри кaкo и рaзлични тaблици зa дoхрaнa. И ништo не мoрa зaдoлжителнo aкo бебетo не сaкa или aкo не му oдгoвaрa. Не сме рoбoти ни ние ни нaшите децa. Секoе е индивидуaлен случaј.

SMESKO
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1413
Придружен: 12 Sep 2013, 12:28
Му се допанале: 1549 пати
Им се допаднал: 903 пати

Re: Првата нова храна за бебето и кога да се почне со дохрана

Post by SMESKO » 20 Oct 2016, 18:25

Лејла мила без гајле ако пишам јас како ја ранам Д тогаш незнам во кој кош би ме ставиле мене јас пишам и стојам позади тоа дека моето дете треба да јади се дали било една јагода на 6 месеци или праска на 4 месеци па дури и зеленчук кои нашиве педијатри препора4уваат после 6 месеци а во Германија педијатрите препора4уваат оброци за малите уште од 4 месеци,така да само јас знам што е најдобро за моето дете и не гледам причина зш некој да ме осудува сите сме здраворазуми за да знаеме што да примениме кога некој има напишано нешто како мене на пр јагода од 6 месеци ,јас сум дала и не сакам да служам како пример за другите мајки дека и тие треба да дадат она што јас сум дала на 6 месеци,Така да воопшто не внимавам на исхраната на моето дете туку давам се она што сака да јади а верувајте јадат и препознаваат добри вкусови колку и ние возрасните .Поздрав

Maceto
Домашен член
Домашен член
Мислења: 668
Придружен: 28 Oct 2014, 14:39
Му се допанале: 574 пати
Им се допаднал: 396 пати

Re: Првата нова храна за бебето и кога да се почне со дохрана

Post by Maceto » 21 Oct 2016, 09:37

Лејла јас мислам дека те имам читано дека многу внимаваше и ти на исхраната,и јас се држам на тоа дека секој најубаво си знае за своето дете. Инаку Слатка и јас си викам па цел живот ќе јаде секакви глупости исто како и ние сега хахахахха (brows) Смешко и јас би се сложила и со тоа дека секоја мајка си има инстинкт како и кога треба да дава некоја намирница, сите си мислиме најубаво за своите дечиња (love5) (big-hug)
Девојки единствено ставот кој ме вади од кожа е ДАВАЈ МУ НА ДЕТЕТО, ЈАС ДАВАВ НА МОЕТО И НИШТО НЕ МУ БИДЕ (ner) (ner) (ner) Ок може тоа детенце прифатило и не му било, а што ако на другото му биде нешто кој ќе го боли, кој ќе трча по болници, сигурно не на тој што викал давај му (ner) (ner) Пример што се деси пред мои очи е на комшивката детето на 12+ јадеше јаготки и тоа од двор домашни (sad1) и кога се вцрвене и кога почна да се гуши леле луѓе само што не добив удар,мм со колата и право на брза помош и таму драми, ќе се загушеше детето (sad1)Испадна алергично на јаготка (sad1) Извинете за овој малку тажен пост, но ете има дечиња кои не секоја храна ја прифаќаат и од тогаш на никој не викам давај давај јас на моето давав, оти пред очи ми се случи драмата (scared)
Али сепак сите тука сме добри или лоши на некој начин бидејќи идеално не постои (rad) А да постоеше сите ќе бевме идеални (joy) Ве гушкам жени мои (grupna-gushka)

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4048
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1284 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Првата нова храна за бебето и кога да се почне со дохрана

Post by Lejla7 » 03 Jul 2017, 15:40

Девoјки, кoгa се примa вaкцинa не смее дa се вoведувa нoвa нaмирницa или грешaм? Мoмевo мoе имa утре вaкцинa, пa дa си знaм.
(unsure)

ivvi<3
Редовен член
Редовен член
Мислења: 277
Придружен: 11 Mar 2015, 17:40
Му се допанале: 42 пати
Им се допаднал: 134 пати

Re: Првата нова храна за бебето и кога да се почне со дохрана

Post by ivvi<3 » 03 Jul 2017, 21:09

Не смее Лејла. Мислам дека околу 48 саати откога ќе ја прими вакцината, а ако не се лажам, исто толку и пред да ја прими.

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4048
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1284 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Првата нова храна за бебето и кога да се почне со дохрана

Post by Lejla7 » 03 Jul 2017, 21:40

Фaлa Иви (big-hug) дoбрo е, денес не и дaдoв ништo нoвo, ќе пoчекaм дo четвртoк-петoк.

Одговори

Return to “Исхрана на бебиња”