Реакции од примени вакцини

Здравје кај бебиња. Грчеви, настинки итн. Наши искуства и совети за здравје кај бебиња.

Moderator: Модератори

Anence66
Член
Член
Мислења: 126
Придружен: 27 Aug 2014, 11:15
Му се допанале: 34 пати
Им се допаднал: 66 пати

Re: Реакции од примени вакцини

Post by Anence66 » 02 Jul 2015, 12:19

И дали можам да си ја бањам денес?

Maceto
Домашен член
Домашен член
Мислења: 668
Придружен: 28 Oct 2014, 14:39
Му се допанале: 574 пати
Им се допаднал: 396 пати

Re: Реакции од примени вакцини

Post by Maceto » 02 Nov 2015, 16:27

Мамички ние денес ја примивме петовалентната вакцина,пред два месеци ја примивме шестовалентната и ни остана во Јануари уште една шестовалентна и со таа до 1 годинка завршуваме со вакцини.Вака со овие ми е полесно,барем во делот на боцкањето.По првата примена имавме реакција вечерта во 20 ч качи тт 38 дадов далерон сируп и ја симна,убодот и помина за еден ден.Со оваа сега ќе видиме како ќе биде.Денес ептен си е весела и расположена ама мене ноќите ме плашат.Ставив од лепенките антипиреа па ќе видиме какво ќе биде дејството од нив.Сега дали знаете после колку денови по вакцината да очекуваме реакција,или само првиот,вториот ден и незнам дали вечер да ја бањам,тоа ни е ритуал во кој таа ужива ама ако треба и ќе го прескокнам.Позз

Радост
Модератор
Модератор
Мислења: 2203
Придружен: 23 May 2013, 07:48
Location: Скопје
Му се допанале: 1320 пати
Им се допаднал: 1927 пати

Re: Реакции од примени вакцини

Post by Радост » 02 Nov 2015, 16:44

Слободно си ја бањај.

Реакциите се максимум до 72 часа ама кај вас да ги нема! (a2)

sweety
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2260
Придружен: 31 Oct 2013, 19:01
Му се допанале: 958 пати
Им се допаднал: 1200 пати

Re: Реакции од примени вакцини

Post by sweety » 12 Feb 2016, 13:53

Да пишам и овде ич ама ич не сакам кога дојде денот за вакцина прво неможам да ја слушам што плаче и цел ден ми е кенкава и се сум под стрес да не ми качи тт и само ја проверувам.Во средата не боцнаа добра си беше цел ден така малку повеќе се галевме и се држевмр во раци вчера цел ден ми го преспа си пиеше нормално млекце попладнето се разбуди се смешкаше си гука пред да ја бањам и мерам тт 37,7ме фати искрено страв и и ставив чепче парацетамолче ја избањав со помлака вода и ми заспа кога ја премерив за два сата и бешр спуштена рвр и денес нема има36,2 па сега ми е на мисла дека може не требаше веднаш чепче доктотката ме советуваше до 38,5 ништо да не и давам ама дека првпат ми качи се исплашив уште повеќе да не и се зголеми во текот на ноќта ќе видиме денес како ќе биде до вечер ср надевам нема да ми качи. (sad1)

Радост
Модератор
Модератор
Мислења: 2203
Придружен: 23 May 2013, 07:48
Location: Скопје
Му се допанале: 1320 пати
Им се допаднал: 1927 пати

Re: Реакции од примени вакцини

Post by Радост » 12 Feb 2016, 14:07

Не сакам да ви мудрувам ама се осеќам должна да кажам. Хипотермијата ( пониска температура испод 36 ) е исто толку опасна како и високата. Затоа не се дава ништо испод 38.5.

sweety
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2260
Придружен: 31 Oct 2013, 19:01
Му се допанале: 958 пати
Им се допаднал: 1200 пати

Re: Реакции од примени вакцини

Post by sweety » 12 Feb 2016, 14:22

Знам радост ама ме фати паника и некој страв во моментот кога измерив дека е покачена, искрено после тоа стопати се покајав што и ставив а требаше да почекам да контролирам дали се качува или не за следен пат ќе знам, не треба така да паничам и веднаш да посегнувам , ваљда дека прв пат па нрмам искуство

Радост
Модератор
Модератор
Мислења: 2203
Придружен: 23 May 2013, 07:48
Location: Скопје
Му се допанале: 1320 пати
Им се допаднал: 1927 пати

Re: Реакции од примени вакцини

Post by Радост » 12 Feb 2016, 15:11

Свити (big-hug) нормално е да испаничеш прв пат. И немаш искуство колку брзо и како би кренала температура, сите првиот пат сме изгубени.
Јас само сакав да кажам не директно за тебе туку се почесто мајките користат сирупи и чепчиња и на 37. Пред некој ден таков случај, детето со 34.5 темперстура и прескокнувања на срцето на клиника задржано. Дека реакција од вакцина ако има проследно со висока температура одма би качила и 39. За следен пат, дај Боже да го нема, пробај со оцет 1:1 разреден на чорапчињата и не се плаши, ќе биде како нова денес. (big-hug)

sweety
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2260
Придружен: 31 Oct 2013, 19:01
Му се допанале: 958 пати
Им се допаднал: 1200 пати

Re: Реакции од примени вакцини

Post by sweety » 12 Feb 2016, 15:25

Фала ти Радост за твојата неизмерна подршка (big-hug) денес си е добра за следен пат ќе знам а инаку облоци ладни ставате на местото како што е боцната дали ставате на местото и ракија.

Радост
Модератор
Модератор
Мислења: 2203
Придружен: 23 May 2013, 07:48
Location: Скопје
Му се допанале: 1320 пати
Им се допаднал: 1927 пати

Re: Реакции од примени вакцини

Post by Радост » 12 Feb 2016, 16:06

Јас ставав на секоја вакцина ациди борици. Го лади местото и никогаш не и беше црвено или да и отече. Ставаш убаво на газа да натопи и ја ставаш на местото и зависи колку е умна, можеш лабаво со завој да стегнеш, со ластик медицински или со тенка крпа. Испробај како ти е најпрактично.

Ракија јас немам ставано, со ова успешно се оправавме.

Lena_nela
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1155
Придружен: 13 Dec 2013, 15:56
Му се допанале: 1200 пати
Им се допаднал: 825 пати

Re: Реакции од примени вакцини

Post by Lena_nela » 12 Feb 2016, 17:20

Мамички,ние во вторник треба да ја примиме првата вакцина,ај кажете ми какви се сега вакцините,дали се од новите шест валенти???
Оти ние со С. пред три год. примавме во раче,ноџе и со лажичка,сега исто ке прима и М?!?!

Одговори

Return to “Здравје кај бебиња”