Осип кај бебе

Здравје кај бебиња. Грчеви, настинки итн. Наши искуства и совети за здравје кај бебиња.

Moderator: Модератори

Bube
Редовен член
Редовен член
Мислења: 448
Придружен: 08 Jul 2014, 12:20
Му се допанале: 180 пати
Им се допаднал: 259 пати

Re: Осип кај бебе

Post by Bube » 05 Dec 2015, 18:03

Да. Првиот не вториот да. Не сум сигурна дали ставаат. Инаку до овој степен е дојдено поради недоодветна терапија. И да,не ја следат табелата за исхрана и дале урда несолена ,нема пробано кравјо (fr) има 7 месеци.
Фала сашка ќе пробаме со канестен . Јас кога видов се запрепастив мнооогу лошо изгледаа леле само да поминувс

hrizantema
Домашен член
Домашен член
Мислења: 516
Придружен: 01 Nov 2013, 11:44
Му се допанале: 150 пати
Им се допаднал: 252 пати

Re: Осип кај бебе

Post by hrizantema » 07 Dec 2015, 12:39

Бубе,еве цел месец и јас мака мачев со ќерка ми,беше нешто слично вака,брунчиња и како меурчиња се полнеа и пукаа,ставав и еозин и хиперманган и веледа,џабе беше се,матичната ми велеше пеленски осип,вика не е кандида,ама јас веќе после месец дена полудев и сама си земав канестен насабајле и навечер ја мачкам цела недела и еве се исчисти.И јас помислив од храна да не е,ама па се давав внимателно и не ми се исфрлала од ништо до сега,така да како што вика Сашка може да е од влагата што им се ствара во пелените

Bube
Редовен член
Редовен член
Мислења: 448
Придружен: 08 Jul 2014, 12:20
Му се допанале: 180 пати
Им се допаднал: 259 пати

Re: Осип кај бебе

Post by Bube » 10 Dec 2015, 17:27

Фала девојки се среди со канестен

happiness
Домашен член
Домашен член
Мислења: 746
Придружен: 02 May 2014, 21:37
Му се допанале: 221 пати
Им се допаднал: 269 пати

Re: Осип кај бебе

Post by happiness » 12 Dec 2015, 23:36

еве и ја с да се вметнам во темава исто и ние имавме/имаме мака со слично како на сликата од бубе (sad1)
кај нас се појави од чести столици и често мокрење пелената никогаш не била полна ама кожата му реагираше... не беше толку силно додека бевме хоспитализирани ама дома што не снајде еве месец дена кај што сме дома здраво детето се нормализирано и денес повторно се појача осипот, ние земавме крема на рецепта ни ај прават во аптека со лабараторија на база на дексаметазон мислам дека е слична палетата на осипи на која делуваат со канестен кремата (unsure) еден ден бевме со тетри и миење на секој саат со туш, причина ни рекоја дека е исфрлањето на лекарства преку мокрача и дека било беке иритирано местото реакцијата била поголема...
е сега на ваков осип не се става крема со цинк оксид оти тоа мноооогу печи ако е мало црвенило да ама ако не делува во рок од 5-6 мачкања да се прекини и на педијатар одма. кај нас џинџира делуваше 2-3 дена го смали осипот ама не до крај и така го одржуваше влажни користев само после каки и одма на туширање и на секое менување пелена туширање и стигнавме до ова како ан сликата....
еве и сега 2-3 пати на ден се тушираме ама се случува и да сме на гости па да сменам пелена и искористам влажни марамици...

утре ке купам канестен и ке пробам мислам дека не е штетен... и ке пишам какви резултати ке имаме
бубе мило ми е дека помина и повеке да не се повторува, инаку радувајте се кратко траело, кај нас еве месец дена кај што не држи , свирчето не можам да му го измијам убаво веке почна да се затвата и само од едно влегуваме во друго ,тоа е се ке среди знам ама мајка тешко е (sad1)

Одговори

Return to “Здравје кај бебиња”