Подлога за пресоблекување

Опрема и козметика за бебиња, пелени итн. Наши исуства и препораки, креветчиња за бебе, хранилки, колички, играчки и др.

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Ве молиме да се придржувате до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани , едитирани или префрлени во друга тема. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, ве молиме започнете нова.
Одговори
Peperutka
Модератор
Модератор
Мислења: 2589
Придружен: 18 Oct 2010, 20:28
Му се допанале: 930 пати
Им се допаднал: 609 пати

Подлога за пресоблекување

Post by Peperutka » 23 Apr 2014, 18:24

Каква подлога за пресоблекување користите за бебушите?
Јас имам од Стружанка,многу е убава и квалитетна,одоздола е со мушама која е доста цврста а одозгора е фротирски материјал и може да се пере во машина.
Имам и за еднократна употреба од Canbebe пелените,со џамбо пакувањето одеше и една подлога за еднократна употреба но јас си ја користам повеќе пати,како мушама е.
Имам и од класичните од пазар,на повојница ми е дадена но таа си ја чувам за второто бебенце :ymblushing:

mamigabi
Редовен член
Редовен член
Мислења: 250
Придружен: 19 Jul 2013, 13:49
Му се допанале: 216 пати
Им се допаднал: 142 пати

Re: Подлога за пресоблекување

Post by mamigabi » 23 Jun 2014, 16:52

Јас добив подлога заедно со креветчето и се монтира на креветче или може и на друго место и воопшто не ја искористив

anabejbi
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1522
Придружен: 21 Nov 2012, 17:19
Му се допанале: 462 пати
Им се допаднал: 850 пати

Re: Подлога за пресоблекување

Post by anabejbi » 01 Aug 2014, 08:20

И ние имаме цврста подлога за пресоблекување што се монтира на креветчето и многу малку ја имам користено, можеби во почетокот првите неколку недели.
Од стружанка имам две и сум презадоволна, убав квалитет (smile)

Girl
Член
Член
Мислења: 191
Придружен: 26 Feb 2014, 09:01
Му се допанале: 27 пати
Им се допаднал: 102 пати

Re: Подлога за пресоблекување

Post by Girl » 15 Oct 2014, 08:07

Не ми се смејте ама не ги разбирам баш овие подлогиве :)
Каква е таа што ја имате од Стружанка? Таа што е како пешкир од едната страна а од другата како мушама? Тие цврстите ги имам видено ама не можам баш да ги разберам, дали би ми требало таква?

И колку да купам од тие од Стружанка, колку ќе ми требаат? И дали знае некој отприлика која е цената?

Filigran
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1827
Придружен: 22 Jul 2012, 15:43
Му се допанале: 898 пати
Им се допаднал: 738 пати

Re: Подлога за пресоблекување

Post by Filigran » 15 Oct 2014, 08:40

Girl, нема да се смееме , никој учен не се родил. И јас врска немав за ова (smile) Да , подлогата за пресоблекување е баш таква како ја опиша. Кај нас продавница од Стружанка нема , па не моѓам да ти кажѓам цена. Јас си купив по цена од 150 ден, имам само една, ама уште една не е на одмет. Кога едната се пери да ја употребуваш другата. Има и за една употреба во аптека. Јас прв пат се сретнав со нив кога се пораѓав. Ми побараа мм да донеси попречни за под мене (немаат чисти чаршафи (ner) ). Всушност тие се пакувани како пелени, на нив пишува дека се пелени за возрасни, ама се како чаршафи, за под човек кога спие. Убава и практична работа. Не мора со првата употреба да се фрли, мене ми стоеше скоро една недела , додека не ја измочка бебево па ја фрлив.
Поздравче и спремај се (grupna-gushka)

Neda_Jovan
Редовен член
Редовен член
Мислења: 384
Придружен: 18 Jun 2013, 14:40
Му се допанале: 362 пати
Им се допаднал: 155 пати

Re: Подлога за пресоблекување

Post by Neda_Jovan » 15 Oct 2014, 12:13

Girl, ako dobro razbrav zborime za dva vida podlogi na presoblekuvanje - edniot kako sto i Filigran kaza so peskirce odozgora i musamce odozdola - se kupuvaat po prodavnici so bebeska obleka i mene mi koristese nekogas ja stavav pod bebeto koga go soblekuvav da ne mi protece ako se pomocka vo momentot na soblekuvanje, nekogas kako podloga za soblekuvanje koga idevme na gosti i sl...Se pere vo masina na 30 stepeni
A ovaa drugava e nesto kako pomagalo za soblekuvanje na bebe (slobodno popravete me) i e mobilno - moze da se nosi po kuka kade sakas - jas 99% ja stavav vrz krevetceto odozgora da mi dojde na visina za presoblekuvanje a da stojam. Ima odozdola daska a odozgora e sunger i celoto e presleceno so plasticen materijal. Mene mnooooogguuuu mi pomogna. Bidejki nemav iskustvo - bebeto go soblekuvav prvite 2 meseca na krevet - na spalna i sl...so visina na kolena :(....grbot si go upropastiv celosno, neznaete koi bolki mi bea. Site znaeme deka bebe i po 10 pati na den se presoblekuva- a so ovaa podloga toa go pravev stoecki na moja visina - veruvaj mi nema da zazalis. Jas si ja cuvam i seg za vtorovo bebence od pocetok ke si ja koristam. Cenata bese nekade okolu 1200-1500 den
pozdravce

Girl
Член
Член
Мислења: 191
Придружен: 26 Feb 2014, 09:01
Му се допанале: 27 пати
Им се допаднал: 102 пати

Re: Подлога за пресоблекување

Post by Girl » 15 Oct 2014, 12:33

Добро, сега ми е јасно :) (cl) Фала ви девојки, најдобри сте (thumbsup)

Lina.Lina
Нов член
Нов член
Мислења: 1
Придружен: 26 Sep 2017, 23:41

Re: Подлога за пресоблекување

Post by Lina.Lina » 26 Sep 2017, 23:56

Здраво Мајки :) (bu)

Нова сум на форумов и барам сега подлога за пресоблекување и ја најдов оваа од бутик Манела, ама не знам дали до сега некој имал искуство со ваква подлога dance
Што мислите вие?
https://scontent-sof1-1.xx.fbcdn.net/v/ ... e=5A4C03EE

(piggy)

Одговори

Return to “Опрема, козметика и сл.”

Кој е присутен

Овој форум го гледаат: Ниту еден регистриран член и 1 гостин