Какви пелени користите?

Опрема и козметика за бебиња, пелени итн. Наши исуства и препораки, креветчиња за бебе, хранилки, колички, играчки и др.

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Ве молиме да се придржувате до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани , едитирани или префрлени во друга тема. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, ве молиме започнете нова.
Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4048
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1284 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Какви пелени користите?

Post by Lejla7 » 02 Aug 2016, 10:23

И јaс вчерa нaјдoв Еви бејби - зa тие штo сте oд Струмицa, ги имa вo Црвенa ружa. Купив, не ми се прoбaни. Нo дoстa се пoскaпи oд Дaиперс - 48 пелени се 570 ден., пa тoлку се и Пaмперсoт. А Дaиперс се 44 пелени зa 470 ден, пoнекoгaш и пoмaлку, честo се нa aкцијa вo Зегин. Изгледa ќе oстaнеме нa Дaиперс.

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4048
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1284 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Какви пелени користите?

Post by Lejla7 » 17 Dec 2016, 15:03

Пoследни пелени штo ги прoбaв - нoвите вo Кaм мaркет, мaркa Лaлин. 44 пелени бр.5 пo ценa oд 399 ден. Пa дa ви кaжaм, приличнo сум зaдoвoлнa, дo сегa не ми прoпуштиле. Пoдoлги се тaкa oд Дaиперс, мoже зaтoa. Мaлку се пoкрути aмa не кaкo Бекутaнoт штo се. Вo секoј случaј, квaлитетни зa тaa ценa.

Lena_nela
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1155
Придружен: 13 Dec 2013, 15:56
Му се допанале: 1200 пати
Им се допаднал: 825 пати

Re: Какви пелени користите?

Post by Lena_nela » 17 Dec 2016, 18:52

Ние комбинираме памперс на вечер и виолета преку ден

Maceto
Домашен член
Домашен член
Мислења: 668
Придружен: 28 Oct 2014, 14:39
Му се допанале: 574 пати
Им се допаднал: 396 пати

Re: Какви пелени користите?

Post by Maceto » 19 Dec 2016, 12:41

Јас после 17 месеци ги сменив Памперс, бидејќи новите ми пропуштаа секоја вечер, детето лом беше. Старите памперси беа ок, ама овие новите катастрофа, барем кај нас така се покажаа, а и на групите на ФБ читам дека се пожалеа за пелените нови Памперс. Сега земав Дајперс па ќе видиме како ќе се покажат, ако не пак ќе менувам нови.

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4048
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1284 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Какви пелени користите?

Post by Lejla7 » 19 Dec 2016, 14:20

Зoштo не ги прoбaш oвие зa кoи пишaв - Лaлин oд Кaм? Пoдoлгички се oд Дaиперс. Инaку, oд Дaиперс сум мнoгу зaдoвoлнa, дo сегa бевме сo нив, aмa бр.5 му се некaкo крaтки, a 6 немa.

ivvi<3
Редовен член
Редовен член
Мислења: 277
Придружен: 11 Mar 2015, 17:40
Му се допанале: 42 пати
Им се допаднал: 134 пати

Re: Какви пелени користите?

Post by ivvi<3 » 19 Dec 2016, 23:51

Мачето, јас би ти препорачала да ги пробаш baby love од dm. Истата мака ја имавме со памперсот, а од овие пелена пропуштила само кога испила 1 литар млеко во текот на ноќта (brows)

Maceto
Домашен член
Домашен член
Мислења: 668
Придружен: 28 Oct 2014, 14:39
Му се допанале: 574 пати
Им се допаднал: 396 пати

Re: Какви пелени користите?

Post by Maceto » 21 Dec 2016, 14:28

Баш сакав тие да ги земам од ДМ, сега за сега имам Дајперс и до сега ми се супер, само еднаш пропуштија ама имаше испиено над 1,5л течности во текот на денот (laugh1) немаше место веќе во пелената, а нареден пат ќе ги пробам и тие од ДМ. Фала ви девојки (grupna-gushka)

SMESKO
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1413
Придружен: 12 Sep 2013, 12:28
Му се допанале: 1549 пати
Им се допаднал: 903 пати

Re: Какви пелени користите?

Post by SMESKO » 22 Dec 2016, 16:48

Сеуште сме на Памперсите ама овие новите се крајно катастрофални,ама сегапоследно мм кога купуваше му имаат дадено одпостарите дали на грешка или залихите ги трошат којзнае.Овде кај нас нема и некој си избор другите фирми на Д не и одговараат така да ќе си тераме со Памперсите.

milena15
Член
Член
Мислења: 240
Придружен: 29 Jul 2014, 17:09
Му се допанале: 72 пати
Им се допаднал: 37 пати

Re: Какви пелени користите?

Post by milena15 » 22 Dec 2016, 19:19

Na pocetok baby love od dm no mi propustaa, i sega dolgo vreme sme na bekutan, ne propustaat meki se i so normalna cena. Vo meguvreme imam probano i na Violeta ama gi zimav samo zaradi poklonite sto idea so niv, zedov i evy baby od loco croco so gratis grepka 699 denari 92 peleni potpolno isti kako bekutan vo vnatresnosta samo rayzikata e vo cenata i toa sto se posareni nisto poveke.

AleksMama
Нов член
Нов член
Мислења: 1
Придружен: 04 May 2018, 01:25

Re: Какви пелени користите?

Post by AleksMama » 09 May 2018, 12:53

Здраво мамички 🤗 сакам да ве прашам каков памперс користите, бебушот ми е 4 м и од раѓање е со Pamper baby - dry но никако не сум задоволна, едно што пропуштаат па уште пак им излегува гелот, пробав со Pufis му излезе црвенило на газето и пак се вратив на Pamper, некако скептик сум да пробам уште некој, ве молам за мислења!? Благодарам ❤

Одговори

Return to “Опрема, козметика и сл.”