Фонд на зборови,реченици

Moderator: Модератори

Fiona
Редовен член
Редовен член
Мислења: 324
Придружен: 13 Jul 2012, 12:56
Location: Скопје
Му се допанале: 35 пати
Им се допаднал: 137 пати

Фонд на зборови,реченици

Post by Fiona » 12 Mar 2015, 09:00

Мајки што имате дечиња тодлерчиња и постари со искуство (smile) Колку зборат вашите дечиња и што умеат да кажат? Ова не е за споредба зашто секое дете е индивидуа али ме интресира.

maried
Домашен член
Домашен член
Мислења: 823
Придружен: 12 May 2012, 01:22
Му се допанале: 192 пати
Им се допаднал: 422 пати

Re: Фонд на зборови,реченици

Post by maried » 12 Mar 2015, 10:31

Ќерка ми има 18 месеца и зборува речиси се. Значи реченици уште не сврзува, ама на пример ми вика дај вода, мамо седни, мамо стани.
Брои до 10, со тоа што 2 и 4 ги прерипа, пее 2-3 песнички со моја помош.
Ако најде било што на земја ми го носи и ме тера одма во ѓубре да го фрлам. Се што ќе ја прашам ми одговара- Лана како си?- Добра сум. Лана сакаш ли нешто, ако сака ми кажува сакам вода, каша, пудинг, ако не сака ми вика нејќе.
Тоа е од прилика :-)

imambebe
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1603
Придружен: 30 Apr 2011, 00:18
Му се допанале: 216 пати
Им се допаднал: 588 пати

Re: Фонд на зборови,реченици

Post by imambebe » 03 Jun 2015, 11:14

David ima veke 22 meseci i mislam deka e ziva enciklopedija, ne deka e moj, ama mnogu zboruva, recenici sostavuva i toa od 3-4 zborovi, pee pesni (normalno so pomos ili ako pee sam po negovo si pee no razbirlivo i kako sto e pesnickata samo malku izmesana). Sabajle mi veli -akam ecam notite (da gi secel noktite), pa so sto ke gi seces mu velam, i sleduva- ete tamu goe noicata (tamu gore (na vitrinata) bila nozicata). (pipi)

ripcence
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1126
Придружен: 03 Aug 2013, 02:50
Location: Скопје
Му се допанале: 1339 пати
Им се допаднал: 890 пати

Re: Фонд на зборови,реченици

Post by ripcence » 03 Feb 2016, 01:57

22 месеци, кажува по некое зборче ама не секогаш полесно му е со прсте да покаже, веќе полесно се разбираме.

Bube
Редовен член
Редовен член
Мислења: 448
Придружен: 08 Jul 2014, 12:20
Му се допанале: 180 пати
Им се допаднал: 259 пати

Re: Фонд на зборови,реченици

Post by Bube » 11 Feb 2016, 14:53

Убава тема само ни фалат повеќе искуства. Исто тука можеме да зборуваме дали вие како родители се трудевте да ги поттикнеѕе тие први зборчиња или им дојде природно на децата .
Мојата е малечка . Една годинка има и две недели плус :) вика само аде ( ајде ) и не .
Тина ме зарази со монтесори игри па почнав од тие за поттикнување говор. Ќе и наредам три предмети и ги именувам .
На пр портокал орев и банана. И без "ова е банана " туку само "банана "
Интересно е , а колку ќе има ефект за фондот на зборови нејзин понатаму незнам .

ПС згрешив со бананата , таа веднаш ја зеде и ми ја подаваше за да ја излупам и да и дадам да ја јаде хехе и ми заврши играта пред време

SMESKO
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1413
Придружен: 12 Sep 2013, 12:28
Му се допанале: 1549 пати
Им се допаднал: 903 пати

Re: Фонд на зборови,реченици

Post by SMESKO » 14 Feb 2016, 11:08

Епа и тука да се пријавиме (rad)
Д има 1 год и 2 мес скоро,па не зборува којзнае колку ама пр не,ајде,маме,бабе,даде,тате,деде,кога почнуваат оние песничките разболе се лисица почнува да пее,ај ја ја ја,ја ја си гопее како подмачкано (rolll) (rolll) (rolll) за око вели коо,и нон стоп ме прашува со прстето покажува кон носот,окото и устата,и можеби по 100 пати ќе и објаснам.
Ќе видиме понатака како ќе реагира сега за сега мислам декае добра dance dance dance

Tina9
Редовен член
Редовен член
Мислења: 318
Придружен: 11 Jul 2014, 15:50
Му се допанале: 94 пати
Им се допаднал: 177 пати

Re: Фонд на зборови,реченици

Post by Tina9 » 14 Feb 2016, 15:41

Не се секирајте ќе почнат да зборуваат па ќе им велите да престанат (rolll) Кога ќе ми текне колку се замарав. Бубе браво за куклето со бананата. Јас така ја учам зеленчук да јади. Не ми успева со се ама барем игра и ќе проба нешто. Пр. варени моркови и грашак во едно чинивче измешани и да ги сортира по боја, вид во други чинивчиња и постојано го повторува зборот. Сега бојата повеќе сака да ја кажува. Кажувај и иако можда за сега со некој нејзин бебешки збор ќе ти повторува, за некое време ќе почне и вистинските да ти ги кажува. Јас денес што ќе и кажам, таа од нигде никаде по една недела сама го кажува. А за монтесорито навистина е заразно. Повели на играње кога сакаш, ние сме стално расположени за дружба. Неколку сме со дечиња и постојано нешто се случува (joy)

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4048
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1284 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Фонд на зборови,реченици

Post by Lejla7 » 13 Apr 2016, 09:48

На 3 дена до 13 месеци моево синче знае да каже мама, тата, баба, дада, нана, не (само мислам дека некои и механички ги кажува, без разбирање освен НЕ - тоа убаво знае што значи) и се разбира Пепа (од Пепа прасе). Ааааа, и „ки ки ки“ вели за Маша од цртаниот кога се смеела. Кога ќе го прашаме што сакаш да ти пуштиме да гледаш - кажува ки-ки (ако сака Маша и медо) или „Пепа“. Тоа е за сега.

SMESKO
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1413
Придружен: 12 Sep 2013, 12:28
Му се допанале: 1549 пати
Им се допаднал: 903 пати

Re: Фонд на зборови,реченици

Post by SMESKO » 11 Jul 2016, 22:22

Машала ама мислам дека постепено веќе и судија ќе ни биди,сега е 1 год и скоро 7 месеци и зборува се што ќе кажеш и ќе и биди интересно го повторува (rad) циркуз е (rolll)

Maceto
Домашен член
Домашен член
Мислења: 668
Придружен: 28 Oct 2014, 14:39
Му се допанале: 574 пати
Им се допаднал: 396 пати

Re: Фонд на зборови,реченици

Post by Maceto » 12 Jul 2016, 09:51

В е сега 12месеци и една недела и по цел ден кажува само мамамама,тататата,бабабаба.дедедеде,неееее,ззззз,гииии и некои слогови,ама мислам дека механички ги кажува дека незнае за кога се однесуваат (rolll) А со прстето покажува да и дадеш вода и вика ааааааааа,кога ја прашуваш каде е мама,тата,баба деде и цртан филм веднаш со прстето покажува (rolll) Смешки е ама мислам дека незнае што значат зборовите што ги брмба (rolll) (rolll) (rolll)

Одговори

Return to “Тодлери”