Фонд на зборови,реченици

Moderator: Модератори

Bube
Редовен член
Редовен член
Мислења: 448
Придружен: 08 Jul 2014, 12:20
Му се допанале: 180 пати
Им се допаднал: 259 пати

Re: Фонд на зборови,реченици

Post by Bube » 16 Jul 2016, 12:44

Исто како Д на смешко и мојата сега е во таа фаза на повторување зборови и стварно се смешки . Досега кога читавме книги кога ќе прашав што е ова викаше аф аф за куче мау за маче мууу за крава итн сега почна да се обидува да ги каже. За куче кууу, лав фаф, итн не можам да напишам како изговара ама се разбира. Кога бара вода вика шишее односно повеќе шшееее :) не ми текнува дриги примери ама некако ептен нагло отвори со зборуваеето и секој ден има ново зборче или барем обид да го каже . Најсмешно е што на јаболко вика апл ( на англиски ) . Од песничките и е тоа има една a for apple a a a (smile)


Ааааа и уште ова , кога ќе речам ај да броиме прстиња јас бројам 1,2 таа триии, јас 4 таа пет пет пет . Само 3 и пет ги кажува ама барем на точните места.

Аима скоро 18 месеци . Си викам брзо ќе прозбори

Acika
Нов член
Нов член
Мислења: 15
Придружен: 29 Apr 2014, 14:01
Му се допанале: 23 пати
Им се допаднал: 1 time

Re: Фонд на зборови,реченици

Post by Acika » 25 Sep 2016, 15:22

Ние сме веке 2год. Првите зборчиња ѓи кажа уште немаше ни годинка, но останавме на тоа. Кажува мама, тато, баба, дедо, дада. Некогаш се испушта ќе каже некој друг збор ама после не го повторува. А се разбира дури некогаш да го зачуди човек како ги поврзува некои работи. Има ли простор за паника?

SMESKO
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1422
Придружен: 12 Sep 2013, 12:28
Му се допанале: 1559 пати
Им се допаднал: 912 пати

Re: Фонд на зборови,реченици

Post by SMESKO » 25 Sep 2016, 16:07

Ацика мислам дека нема место за паника секое дете е приказна само за себе,познавам деца кои до 3 години уста не отворале а сега ела запри ги ако можеш (laugh1) судии ќе ни бидат,немој да се грижиш.

Кога сме на муабетов,Д многу напредна во однос на зборувањето,веќе сите животни ги кажува како куче,маче,коњ,крокодил,камила,патка,козе пасе(прасе),и на име не вика понекогаш ама не секогаш (rolll) кога сака да стани вели стани и кај ојш (rolll) и ме носи надвор (laugh1) кога зборувам обично ги повторува моите зборови и е многу интересна,пуфче,злато,соње(сонце),локум,мако(мајко),мислам дека е супер сега за сега,Брои до 10 на македонски како и на англиски,кога се пее азбуката на англиски пред време кажува која буква е на ред (thumbsup) .

ivvi<3
Редовен член
Редовен член
Мислења: 277
Придружен: 11 Mar 2015, 17:40
Му се допанале: 42 пати
Им се допаднал: 134 пати

Re: Фонд на зборови,реченици

Post by ivvi<3 » 25 Sep 2016, 17:21

Ацика, консултирај се со дефектолог најубаво. Знам дека до 18 месеци треба да имаат околу 12 зборчиња, а после тоа веќе треба да поврзуваат прости реченици, како: дај вода и сл. Точно е дека има понапредни деца, ама па од друга страна, јас не би седела така и мирно да чекам да прозбори. Е сега важно е и вие дома колку комуницирате. За дете да зборува, треба постојано да му се зборува, да се читаат сликовници, да му се раскажува и објаснува. Нема маѓично само да прозбори. Исто важно е и колку време поминува пред телевизор. Што помалку телевизија, а повеќе интеракција. Работа и само работа со деца.

Maceto
Домашен член
Домашен член
Мислења: 668
Придружен: 28 Oct 2014, 14:39
Му се допанале: 574 пати
Им се допаднал: 396 пати

Re: Фонд на зборови,реченици

Post by Maceto » 26 Sep 2016, 14:36

Ацика дечињава што ги гледам околу мене на 2 год па и не зборат многу, а секое дете е различно,една пријателка на таа возраст го однесе детето на логопед и логопедот и рече дека е рано,барем 2 и пол,3 год да има детето за да почне да работи со неа. Инаку после 2 год децата почнуваат повеќе да дрдорат или па некои што помалку збореле наеднаш се разборувале многу,мое мислење е дека воопшто нема место за паника (big-hug) Верувам дека дома сите зборуваат максимално со децата,ама ете некои дечиња побрзо,некои побавно прозборуваат.

В 14 месеци кај мене по цел ден нешто дрдори а ништо не и се разбира (rolll) За саатот вика ти та ти те (тик-так), за маче вика мам,мам, за куче ау ау ама ја мести и устата како да завива (rolll) За јадење трчи прва и вика мама ам ам ам, банана нана,а кога ќе и речеш каде ти се забите се врти накај тебе и ја отвара устата и со забите во лице ти оди хахахаха (rolll) Баба,мама,тата,деде,нани нан,не не не, да да да и кога ќе оди и ќе дојде до штекот ќе застане со прстето ќе му се скара и ќе продоложи(така бабите и викале не таму и со прстето мавтале и не фака никако )И ако и речеш еднаш и така мафташ со прстето не фаќа веќе,ама мораш тивко да и кажеш не,ако викнеш НЕ почнува да се жали и плачи,а онака ако е пополека и тивко одма те слуша (lovet) (lovet) а на нејзин јазик збори нешто ама не се разбира (w1) А и кога броиме вика за 2 да, за 3 тиии,за 5 ет (rolll)

ivvi<3
Редовен член
Редовен член
Мислења: 277
Придружен: 11 Mar 2015, 17:40
Му се допанале: 42 пати
Им се допаднал: 134 пати

Re: Фонд на зборови,реченици

Post by ivvi<3 » 26 Sep 2016, 15:25

Ооо мачето, не знаеш колку има кои не зборуваат, цело време оставени пред телевизор за мир во куќа и толку. Дури имало случаеви каде што родители се зачудени дека требало да разговараат со децата, пошто нели, мали биле, па и така не разбирале. Здрави-прави деца, до три години само на мама и тато останале. Инаку да, после третата година се носат на логопед, ама доколку има проблеми со говорот, односно неправилно изговарање на одредени гласови. Но ако се работи за незборување, се носат и пред третата година. Е сега, проблемот во нашето општество е што деца на дефектолог се носат само ако има некаков проблем, наместо да се оди и совреме родителите да се советуваат околу развојот на нивното дете. Исто како што ги носиме на педијатар за совет, така треба и другото да функционира.

Ariela
Нов член
Нов член
Мислења: 85
Придружен: 24 Nov 2014, 14:52
Му се допанале: 23 пати
Им се допаднал: 43 пати

Re: Фонд на зборови,реченици

Post by Ariela » 26 Sep 2016, 19:41

Ацика и јас муслам дека нема место за паника.
И мојата А има 1и 9 месеци и според ова што го кажа тука се некаде.
Секое дете си е различно.
Треба да се работи со неа, да се мотивира.
И се ќе биде. Има деца кои воопшто не зборат на таа возраст, па посоцна не можеш да ги сопреш, но има и такви кои уште од најмала возраст убаво зборуваат.

Acika
Нов член
Нов член
Мислења: 15
Придружен: 29 Apr 2014, 14:01
Му се допанале: 23 пати
Им се допаднал: 1 time

Re: Фонд на зборови,реченици

Post by Acika » 26 Sep 2016, 22:04

Фала на советите, јас сум среќна што тој многу ретко гледа телевизија и нон стоп има некпј сонего и му збори па се надевам дека бргу и ќе прозбори

ivvi<3
Редовен член
Редовен член
Мислења: 277
Придружен: 11 Mar 2015, 17:40
Му се допанале: 42 пати
Им се допаднал: 134 пати

Re: Фонд на зборови,реченици

Post by ivvi<3 » 26 Sep 2016, 22:25

Не се секирај тогаш. Само му треба време. Но сепак можеш да се расчиташ или да се консултираш со стручно лице како преку игра да почне да зборува, од тоа штета сигурно нема (smile)

Bube
Редовен член
Редовен член
Мислења: 448
Придружен: 08 Jul 2014, 12:20
Му се допанале: 180 пати
Им се допаднал: 259 пати

Re: Фонд на зборови,реченици

Post by Bube » 28 Sep 2016, 12:32

Ќерка ми ете на 20 месеци има добар фонд на зборови не викам не . Малку мрзеливо не ги докажува до крај ама во ред .
Внука ми 14 месеци толку многу зборуви има , толку чисто толку разбирливо тоа е чудо .
Ама не сум загрижена . Мислам дека кога ќе почне ќерка ми ќе почне салам правилно и одеднаш. Инаку и таа брои до десет на македонски само ама вака некако звучи ено деее тии ( четири не ни знам да ги кажам по нејзино ) пеет шеес седум осум девеее десеее (bu) 7 8 9 10 поубавко ги кажува .
Кога учиме или читаме ќе и речам кажи соонцеее таа саан ( на англиски )
Уствари сегапишувајќи си викам па не е е назад со зборовите таман си е . Јас сано така си мислам само затоа што ја споредувам со внуката па ми изгледа дека ќерка ми заостанува со говорот а не е така .

Одговори

Return to “Тодлери”