Тантруми ( terrible twos) развојна фаза кај децата

Moderator: Модератори

Одговори
Радост
Модератор
Модератор
Мислења: 2203
Придружен: 23 May 2013, 07:48
Location: Скопје
Му се допанале: 1320 пати
Им се допаднал: 1927 пати

Тантруми ( terrible twos) развојна фаза кај децата

Post by Радост » 27 Nov 2015, 00:39

Најголемиот дел од децата ја поминуваат оваа развојна фаза кое е најприсутна од 1-4 година од животот на детето, а најизразена од 2-3 година. Оваа фаза е проследена со чести изливи на бес, нервоза и неутешно плачење кое најчесто е без причина во очите на родителите.

Од она што успеав да се едуцирам јас и да сублимирам од туѓо искуство, е една од најтешките фази во развојот на детето затоа што е фрустрирачки кога е толку мало и не знае да се искаже, не знае да каже што точно сака, знае да покаже само во вид на револт. Делува како да имате тиранин дома, а тоа само говори преку фрустрациите.
Децата на таа возраст многу повеќе примаат информации и чувства, одколку што успеваат да ги процесираат како свои чувства и да ги искажат. Знаат само да покажат и кога ќе наидат на отпор, решавањето е во вид на бес и нервоза. Честопати и плачење кое може да трае баш долго.

Најдобриот начин да се помине оваа фаза, а да останете родител со авторитет кај детето, да се помине фазата со воспитано дете, е да се игнорираат барањата кои се проследени со бес. Односно манипулативните плачења и фрлања по дома. Се што треба е да му обезбедите на детето сигурен простор во тој момент за да не се повреди додека плаче и мир. Морате и морате да останете смирени и да го оставите да ги искаже своите чувства. Морате секогаш да му покажете колку многу го сакате и дека сте тука за него безусловно, но во никој случај да не дозволите детето да надвладее над вас. Мора да останете цврсти во ставот кога нешто не смее, дека едноставно не смее и може да плаче и да се фрла се додека не се помири со тоа.

Јас имам според мој критериум многу авторитет над ќерка ми и иако фазата во блага форма и почна уште пред пола година досега успешно се справувавме. Дома имам поголема контрола над нејзе и она има многу поголем фокус кога се објаснуваме или кога ќе и кажам дека нешто не смее и зошто не смее. Но, пред 3 дена ја имав првата сцена надвор од дома и можеби најизразената досега. Бевме во Џамбо и се прерадува на лампионите. Јас немав проблем со тоа да и ги купам тие што ги сака, затоа што ова е прва година кај што ќе китиме заедно, а она ќе е свесна што е тоа. Лани беше малечка и не знаеше што е елка. :) Но, она не сакаше да ги носи дома, никогаш не ни барала нешто да и купам ако јас не го земам и да и го дадам. Проблемот настана со тоа што она сакаше таму да си седне пред рафтот и да си игра со нив. И тоа беше во ред, она е само дете и беше пресреќна и не гледав ништо лошо ако ја оставам на кратко да си ја исполни желбата и да се нарадува. Ама, и после 15 минути желбата и беше иста, е гужва имаше. Луѓе не можеа да поминат и да видат се што сакаат и сметав дека не е во ред да останеме подолго само затоа што она не може да им се насити, мора да се учи дека не сме секаде микросредина, јас и она, постојат и други луѓе со други потреби. Се обидов да и објаснам дека и земав лампиони доволно за дома и дека ќе си играме со нив, не ми успеа. Се обидов да ја фатам за раче и да и покажам на другата страна, не ми успеа. И ја земав да ја гушнам и тогаш настапи сцената со врескање, силно плачење и туркање. Ја пуштив на ескалаторот за нагоре, она седна долу и почна да вреска посилно и да плаче.
Од една страна жал за нејзе дека и е тешко, од друга страна незгодно што сите ме гледаа како вештерка да сум. Ја земав пак во раце, она продолжи да вреска и да плаче и си излеговме. Се смири долу кај елката ама до дома си приплачуваше и ми беше лута.

Знам дека ова е почеток и дека ќе се случува уште многу пати ама знам дека мора да се научиме на многу работи. Во животот нема да може да добива се што ќе посака и кога ќе посака, а ниту пак сите ќе ја третираат како мама што ја чува, и за тоа мислам дека колку и да е претешка оваа фаза, толку ги изградува во цврсти, нормални и воспитани деца.

Се што ви треба е мноооогу трпение, љубов и чат пат бедоксин. (rolll)

И да не заборавам, никогаш ама никогаш немој да ги тепате децата во такви моменти. Не ве сфаќаат, затоа што во таков бес ставете се на нивно место дали би сакале да ве тепа некој 6 пати поголем од вас, а да не можете да му вратите? Авторитет во никој случај не се добива со ќотек, се добива страв ама стравот брзо поминува.


Вие сте на потег. Како се справувате? Што применувате? Можеби јас грешам некаде, па еве советувате ме и вие.

ripcence
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1127
Придружен: 03 Aug 2013, 02:50
Location: Скопје
Му се допанале: 1340 пати
Им се допаднал: 892 пати

Re: Тантруми ( terrible twos) развојна фаза кај децата

Post by ripcence » 27 Nov 2015, 02:11

Во истата фаза сме и ние.
Се си мислам дека ова ќе трае се додека не почне да зборува за да можеме да се разбереме што може, што неможе и зошто неможе.

Мојот ѕвер ваквите изливи на бес го фатија уште летово, за секое нешто што неможеше да го добие почнува да плаче, вришти и се фрла, е откако ќе види дека не му проаѓа почнува да ја треска главата од што ќе стигне (ner) , ние соочени за прв пат со вакво однесување бевме на штрек и од далеку ги предвидувавме случувањата (се што несмее да фаќа-сокриено, не одевме кај дечиња кај што знаеме дека ќе се скараат за играчка...) , ова е успешно како што кажа Радост само ако сме решени да не излегуваме од дома и да не примаме никого, а тоа е невозможно. Јас искрено да кажам ми беше страв сама да го носам некаде, па шетавме исклучиво или со мм или со дада.
Сега е малку поголем, ме разбира што му зборувам и успевам да заменам играчка за некоја друга, да го залажам...
Ама секој ден се соочуваме со нешто ново. Од одмор наваму несака да се бања без никаква причина, се пробав од различни простории, кадички и кади, играчки и музика, детски туш...ништо не помага, неколку дена не дава да го пресоблечам никако вришти, клоца, бега, се бориме буквално, од вчера не дава да спремиме креветот за спиење, никако, ќе плаче колку што е потребно само да биде по негово.
Најстрашното во неговиот бес е ако го земам во раце јас или било кој напаѓа, гребе и мава со глава, не помага ни гушкање ни зборување. (sad1)

Читам и читам како да се преброди периодов, изгледа само добри нерви треба, присебност и љубов.

maried
Домашен член
Домашен член
Мислења: 823
Придружен: 12 May 2012, 01:22
Му се допанале: 192 пати
Им се допаднал: 422 пати

Re: Тантруми ( terrible twos) развојна фаза кај децата

Post by maried » 27 Nov 2015, 21:54

Тантруми имала понекогаш, но со мал интензитет. Значи, трескање од земја, самоповредување и сцени по маркети досега не. Знае да вришти ако треба да и се смени памперс (ретко), ако сака да напраи нешто што е mission imposible за неа (сама да си наполни вода, сама да се пресоблече, време за у кревет, сама да се качи на стол за да мие садови), ама пак е пикање у ќоше и плачење без солзи.
За секојдневно одење во маркет по пат паѓа договор, ќе купиме една работа само, одбери што. И нормално си ја пробува среќата- може киндер јајце, јас велам не. Може чоколадо-Не, може чипс-Не. Може јогуртче-Да може. Оди си зима јогурт и толку.
Во Џамбо одиме. Лана одиме да купиме замок и не сакам сцени добро? Добро мамо :-D Влегуваме и одма, сакам балон-ќе купиме на одење, сакам дедо мраз, сакам кукла, сакам количка. И и викам бирај едно и крај. Добро сакам количка-купивме.
На тргање јас изумив за балон- Мамоо балонче :-) Купивме и одиме дома.
Фала му на бога до сега добро ја држам.

Радост
Модератор
Модератор
Мислења: 2203
Придружен: 23 May 2013, 07:48
Location: Скопје
Му се допанале: 1320 пати
Им се допаднал: 1927 пати

Re: Тантруми ( terrible twos) развојна фаза кај децата

Post by Радост » 27 Nov 2015, 22:49

Ако сме искрени, не е дека добро ја држиш туку дека немала интензивни тантруми. :) И јас така викав колку добро ја држам, додека гледав други деца како врескаат затоа што не знаат да си ги покажат и искажат емоциите ама не било само до тоа. И дега добро ја држам, во Тинекс сами пазариме за раче скоро секој ден и никогаш не направила сцена, ако немам контрола над нејзе секаде ги ми го прави тоа. И за се.

Но, очигледно имаат моменти кога се посилни од нив.

Мериед земав за пример на твојата реплика затоа што си го познавам и детето и себе и знам дека не сум моќна со авторитет во моменти на бес. Тантрумите кај децата ги поистоветуваат со нервен слом кај возрасен.

Sashka
Администратор
Администратор
Мислења: 869
Придружен: 01 Oct 2009, 22:08
Му се допанале: 1150 пати
Им се допаднал: 550 пати

Re: Тантруми ( terrible twos) развојна фаза кај децата

Post by Sashka » 28 Nov 2015, 00:10

Кога и растеа петките на ќерка ми, ноќе се будење со вриштење, кубеше, апеше ( и себе и мене ) и беше ужас, да не може човек да ја смири. Денски беше супер, освен една сцена( мислам дека беше првиот тантрум) : Покакана, ја зимам од кај собата на баба и дедо и, да и сменам пелена, кога почна со дерење неее, буткање, клоцање,апење ( и самата се апеше а јас имав модрици на рамото 1 недела потоа ), се опрета со каки цела и се околу неа (ner) , ја однесов во купатило, цело време додека ја бањав вриштеше и немаше шанса да ја смирам. Ја однесов во соба и за 1 минута пак си беше душиче, мирно како ништо да не било. Се подзамислив што се со детево, да не го разгаливме па да ми прави циркузи, арно ама кога порасна последното забче се смени преку ноќ. И си викам добро е, со забите се помина (re) . Е арно ама не било така, по 2-3 месеци од никаде почна да ми прави циркузи за пресоблекување, за менување пелена, за било што банално, кога ќе и светне дека нешто не сака. Не сакала чиста пелена, не сакала незнам што, не сакала играчка итн ... И ми најавува, ми вика дека ќе плаче или дека сака да плаче. Прво почнува со еееее, па ако не ја залажам почнуваат плачки со солзи, а ако јас збеснам влегува во модот на вриштење и тантруми. И знам дека е поарно смирено, да се спречи, ама немам секогаш нерви на секое пресоблекување да измислувам приказни, па да играм со пижамите накај неа и сл (scratch).
Мерид, мислам дека ве нема фатено вистински фазата, дај боже да не ве фати, ама стварно нема врска со држење под контрола. До пред 3 недели и го правевме муабетот колку е разбрана, се со објаснување се разбира, нема запињање за ништо ... И сега е таква, додека не ја фати моментот (rolll)

Радост
Модератор
Модератор
Мислења: 2203
Придружен: 23 May 2013, 07:48
Location: Скопје
Му се допанале: 1320 пати
Им се допаднал: 1927 пати

Re: Тантруми ( terrible twos) развојна фаза кај децата

Post by Радост » 28 Nov 2015, 00:30

Чудна психологија е во оваа фаза со менувањето памперси. Речиси и да не познавам дете во овој период што не го прави тоа. Помалку или повеќе сцените се кај сите присутни.
Еднаш ми избега од петоседот со одлепен памперс и каките си ги раснезе на пакетот. Абе се згази од смеење. (shaking) (rolll)

Ме фаќа паника сега кога ќе почнат петките како дополнително на ова. Ќе се пропијам. (rolll)

Peperutka
Модератор
Модератор
Мислења: 2603
Придружен: 18 Oct 2010, 20:28
Му се допанале: 940 пати
Им се допаднал: 618 пати

Re: Тантруми ( terrible twos) развојна фаза кај децата

Post by Peperutka » 30 Nov 2015, 13:13

Во сите постови го пронајдов К. зошто тој сега поминува во таа фаза (confus) Ако нешто не е по негово или ќе запне за нешто кое мора да го добие,почнува да вришти,клоца,да се мава од под,сите нас да не мава и себеси исто така,плаче...па за минутка му поминува па си е мирен,душиче.Некогаш го оставаме да му пројде лудилото а некогаш толку ќе ме изнервира па ќе му се развикам а тој е тогаш уште полош,но сфатив дека треба само смирено во тие моменти па и така ќе постапувам (smile)
Со памперсите исто е кај нас, но не секогаш,некогаш само ќе му се рече-ајде да смениме памперс и нема проблеми.
Фаза е па ќе им помине,сега оваа возраст е потешка и поспецифична.

maried
Домашен член
Домашен член
Мислења: 823
Придружен: 12 May 2012, 01:22
Му се допанале: 192 пати
Им се допаднал: 422 пати

Re: Тантруми ( terrible twos) развојна фаза кај децата

Post by maried » 30 Nov 2015, 16:20

Сашка, не дека не ја фаќаат, туку сцена со трескање од земја, сцени во маркет не имало.
Инаку за памперс веќе знам дека она сака да го соблече, па да поседи со голо газе, па тогаш нов.
Од вчера вришти кога треба да јаде, што досега не се случило. Не дека е некоја јадачка, ама барем ќе проба, па и со пола сум задоволна.
Кај неа најголем проблем е тоа што не сака кога други деца и ги чепкаат играчките, е тука веќе е агресивна. Кај други кога одиме не, ама кај нас ако дојдат страв ме фаќа. Гребе, мава клоци, бутка.

kit-kat
Модератор
Модератор
Мислења: 3256
Придружен: 08 Jul 2012, 13:13
Му се допанале: 1251 пати
Им се допаднал: 1731 пати

Re: Тантруми ( terrible twos) развојна фаза кај децата

Post by kit-kat » 01 Dec 2015, 00:50

Хахаха (smile) убаво се изнасмеав со постовите.
Иако вас ви е пекол со менување пелени или одење во маркети мене ми е смешно бидејќи знам колку брзо вашите ѓаволчиња (читајте ангелчиња) ќе пораснат и ќе се смират и ќе ви е мака за изгубените нерви и време. И ќе дојдат поголеми проблеми и грижи од типот сам преминување преку улица, одење сам попладне на часови по... завршени часови веќе 1 час а детето не е дома...
Јас искрено немав ваков период, за синко можам да речам дека беше мирен тодлер, но сестра ми со малата (5 години) мака мачеше ги имаше сите овие испади и тоа на највисок степен.
Сега полека се смирува и се враќа во нормално девојче од 5 години.
Затоа девојки смирено.

sweety
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2260
Придружен: 31 Oct 2013, 19:01
Му се допанале: 958 пати
Им се допаднал: 1200 пати

Re: Тантруми ( terrible twos) развојна фаза кај децата

Post by sweety » 13 Mar 2017, 12:59

Сеуште ги нема , може уште е рано, кога сме надвори ли се вози е мирна кога иам други луѓе или деца абе бубалка, и кога сме сами исто е послушна, но некогаш знае да се налути и рита со нозе и глава па јас само ја стиснам во мене ја гушнам и зборувам дека така не е убаво да не прави итн, или пак ја плеснма по пелената и знае. Но во принцип е мирна греота е да се жалам, јас велам и нанас некој пат нешто ене ни е погодено а не пак на дете. Само многу беше нерзвона кога вадеше забчиња е тие денови беше невозможна но помина и сега е добра ќе видиме за неколку месеци.

Одговори

Return to “Тодлери”