Хранење на бебињата на нивно барање може да помогне во иднина да се спречи дебелина

Современите мајки кои ги избегнуваат традиционалите рутини и ги хранат своите бебиња на нивно барање, може да им помогнат за да не добијат прекумерна телесна тежина подоцна во животот.
 
Истражувањата покажуваат дека новороденчињата кои добиваат храна секогаш кога сакаат, можат да ги држат апетитот и тежината под контрола кога ќе пораснат.
 
Спротивно на тоа, строгиот распоред по кој бебиња се хранат само на секои четири часа, може да биде причина за епидемијата на дебелината.
 
Експертите велат дека бебињата се раѓаат со чувство за тоа колку храна им е потребно - и природно престануваат да јадат тогаш кога се сити. Давањето на храна по распоред, кога тие можеби и не се гладни, би можело да го наруши тој механизам и да доведе до натрупување на вишок килограми кога ќе пораснат.
 
Ова откритие ќе го воодушеви новите мајки кои се поборници на хранење кога бебето ќе побара, и кои веруваат дека честиот контакт им помага во зајакнувањето на врската со нивното дете.
 
Лин Даниелс, професор за исхрана на Квинсленд Универзитетот за Технологија, Австралија, проучила речиси 300 бебиња и нивните мајки.
 
Таа открила дека бебињата кои се хранат на барање, на 14 месеци биле полесни од другите бебиња.
 
Ова е важно бидејќи дебелите деца имаат поголема веројатност дека ќе страдаат од проблеми со тежината подоцна во животот, ставајќи ги во поголем ризик за здравствени проблеми, почнувајки од срцеви болести и дијабетес па се до разни видови на рак.
 
Професорката вели:  
 
Ако мајката одговара на барањето на детето, таа одговара на знаците на глад кои ги дава детето, а не ги прескокнува.
 
Додека пак, ако мајката го храни бебето според распоред, таа одлучува дали тоа е гладно или не е гладно и е поверојатно дека ќе се погрижи детето да го испразни целото шише.

Таа додава дека постарите деца треба да имаат повеќе рутина. Но, тие не треба да бидат принудени да јадат повеќе отколку што сакаат и не треба да се принудуваат да ја испразнат чинијата.
 
Поранешната акушерка Clare Byam-Cook го брани хранењето според рутина:
 
Многу од мајките кои ги хранат бебињата според побарување, имаат бебиња кои сеуште се будат ноќе на шест месеци и десет месеци итн. А тоа може да предизвика проблеми за бракот и благосостојбата на детето.