И рекле дека го загубила бебето, и дале медикаменти за да предизвикаат абортус, па го слушнале срцето на бебето!

бебето во матката

На Catherine Urhegyi на контролниот ултразвук и ги кажале најлошите вести, кои може да ги слушне една мајка: бебето починало. Уште и кажале треба да се обидат да предизвикаат абортус за да избегнат киретажа.

Кетрин вели дека со сопругот биле скршени, тие очекувале да го видат своето бебе, а не да слушнат дека нема срцева акција.

На Кетрин и понудиле три опции: да предизвикаат абортус со медикаменти, да направат киретажа или пак да чекаат спонтано да го исфрли плодот, што можело да потрае со недели. Парот се согласил да се обидат да предизвикаат абортус. Два дена откако ги испила пилулите, Кетрин добила тешко крварење и се вратила во болница за да се доврши абортусот. На запрепрастување на сите, ултразвукот покажал дека бебето е живо и дека има срцева акција.

Сосема неочекувано малото девојче го преживеало лошиот совет за абортус. Парот сега е во агонија очекувајки бебето да се роди и да се осигураат дали пилулите не предизвикале некакво оштетување кај нивната ќерка.

Лекарите уште им кажале на родителите дека можеби имало и близнак, кој загинал во тешкото крварење.

Родителите се обидуваат да разберат како можела да се случи таква грешка, а болницата Salford Royal подигнала итна истрага за случајот.

Лекарите ги предупредиле родителите дека не можат да бидат сигурни дали малото девојче нема да има вродени дефекти, заради абортицифиентот - кој бил администриран во периодот на критичните 12 недели на развојот на бебето. Парот решил јавно да проговори за нивното искуство во надеж дека болниците ќе се осигурат да извршат и втор ултразвучен преглед доколку се сомневаат дека бебето починало во матката.

Кетрин, која сега е во 26-та недела од бременоста, вели:


Да кажете дека ова ми ја уништи бременоста е премалку. Нашето мало девојче е многу сакано бебе и ние сме екстремно загрижени дека сега нема да се роди здрава. Ние сме неверојатно лути и вознемирени. Не можеме да разбереме како лекарите можеа да направат толку голема грешка.

Чудо е што сеуште сум бремена, но сеуште не сум способна да се опуштам.

Сакам тогаш да побарав уште еден ултразвук, особено што немав знаци дека нешто не е во ред со бременоста, но тогаш им верував на лекарите. Ми дадоа памфлет со можните дефекти поврзани со пилулите. Некои од нив не можат да се приметат веднаш и ќеможат  се приметат како што нашата ќерка ќе расте. Но речиси и нема истражувања. Ме охрабрија дека таа расте според очекуваното и сега кога можам да ја почувстувам како клоца сум посреќна. Но лекарите не можат да проверат се.

Се обидувам она што се случи да го потиснам во позадина на мојот ум и да бидам позитивна, но ноќе имам моменти на очај кога се плашам од најлошто. Многу е тешко.

Се најдовме со кошмарна ситуација, која можеше да се избегне. Со тоа што излеговме јавно се надеваме дека други нема да настрадаат овака како нас.
 

загрижената мајка