Пренаталната изложеност на домашни миленичиња, начиниот на породување и расата се клучните фактори за раниот ризик од алергија кај бебињата

Студија на болницата Хенри Форд, покажа дека пренаталната изложеност на домашни миленичиња, начиниот на породување и расата се 3 клучни факори за развој на алергија кај деца до 2 години.

Истражувачите од Хенри Форд откриле дека децата со пренатална изложеност на домашни миленичиња имаат пониско ниво на антителата имуноглобулин Е, или IgE, од раѓањето до возраст 2 год., а IgE се поврзани со развој на алергии и астма.

Клучни наоди:
 

  1. Нивоата на IgE биле 28% пониски за време на детството кај бебињата, кои пред раѓањето биле изложени на миленичиња, во споредба со бебиња кои се родиле во домови без миленичиња.
  2. Нивоата на IgE биле 16% пониски кај доенчиња, кои пред раѓањето биле изложени на миленичиња и се родени вагинално, во споредба со 43% кај доенчиња кои пред раѓањето биле изложени на миленичиња и се родени со царски рез.
  3. Нивоата на IgE биле 33% пониски кај доенчиња, кои пред раѓањето биле изложени на миленичиња и биле од Европа, Азија или имале блискоисточно потекло, во споредба со 10% пониските нивоа кај доенчиња, кои пред раѓањето биле изложени на миленичиња и биле Афроамериканци.
     


Резултатите се објавени во интернет во списанието "The Journal of Allergy and Clinical Immunology".

Др. Christine Cole Johnson, претседател на Одделот за јавни здравствени науки на Хенри Форд и автор на студијата, вели:


Ние веруваме дека различната изложеност на широк спектар на микробактерии дома и во текот на процесот на раѓањето влијае на развојот на имунолошкиот систем на детето.


Д-р Џонсон вели дека наодите се поддршка на т.н. "хипотеза на хигиена", која теоретизира дека изложеноста на инфективни агенси во раното детство, влијае на развојот на имунолошкиот систем и почетокот на алергии и астма.
 


Претходно објавени истражувања од страна на Одделот за јавни здравствени науки на Хенри Форд, покажа дека изложеноста на миленичиња има заштитен ефект против раниот развој на алергии. Се смета дека бебињата кои се родени низ родилниот канал, се изложени на повисок и поразличен спектар на бактерии, што дополнително ја зголемува заштита на имунолошкиот систем против алергии.

Д-р Џонсон вели:



Нашите откритија можат да обезбедат увид во биолошките механизми кои го зголемуваат ризикот за алергиски заболувања.

 

Таа теоретизира дека "генетските варијанти" може да го објаснат повисоко ниво на IgE кај новороденчињата Афроамериканци.
 
Истражувачите од Хенри Форд следеле 1187 новороденчиња, од август 2003 година до ноември 2007 година и им земале примероци од крв за мерење на нивото на IgE по раѓањето, на шест месеци, на една година и на две години.

Од мајките, 62% биле Афроамериканки, а 33% биле европски Американки. Од новороденчињата, 751 беа родени вагинално, а 436 биле родени со царски рез. Во домовите на 420 мајки имало барем по едно милениче.