Крвната група може да носи двоен ризик за намалување на плодноста

Истражувачите открија дека жените со крвна група 0 имаат 2 пати поголем ризик за побрзо истрошување на здравите јајце клетките и проблеми со плодноста во позрелите години.

Заклучоците од студијата можат да им помогнат на жените да донесат одлука врз основа на нивната крвна група дали да се посветат на кариерата или да основаат семејство.

Американските научници открија дека жените со крвна група 0 имаат два пати поголеми шанси за ниска резерва на јајниците, од жените со други крвни групи.

Големината на оваријлната резерва постојано опаѓа со текот на годините. Новородено девојче има до 2 милиони јајце клетки, но додека го достигне пупертетот овој број се намалува на околу 400,000, а кога ќе ја помине 40-тата година бројот опаѓа на неколку стотини.
 

крвната група и забременувањето


Научниците од Јеил и нивните колеги од Колеџот за Медицина - Ајнштајн од Њу Јорк испитале 563 жени, на просечна возраст од 35 години кои имале третмани на неплодност.

Ги споредиле крвните групи и нивото на Фоликуло стимулирачки хормон (FHS).

Високите нивоа на FHS се индикатор на ниска оваријална резерва, односно мала резерва на јајце клетки.

Кога нивото на FSH е над 10 тоа укажува дека жената ќе има повеќе потешкотии за да зачне. Жените кај кои хормонот има вредност над 20 се сметаат за неплодни.

Споредбите покажале дека жените со крвна група 0 имале двојно поголеми изгледи дека ќе имаат ниво на FSH поголемо од 10.

Истражувачите велат дека во иднина жените ќе можат да донесат одлука за тоа кога да го основаат семејството врз на нивната крвна група. Сепак тие признаваат дека има огромен број на жени со 0 крвна група кои ќе немаат проблем со неплодност и дека удел во тоа имаат и другите фактори, како: возраста, телесната тежина, консумацијата на алкохол итн.

Крвната група дава предодреденост за одреден тип на болест. Така луѓето со А и АБ имаат поголема веројатност за срцеви заболувања или удари, а оние со 0 група имаат зголемен ризик од артритис и инфекции како E-coli.

Tony Rutherford - водач на Британското Здужение за Плодност вели дека за прв пат е откриена поврзаност помеѓу крвната група и потенцијалната плодност. Но додава дека е потребно да се направи поголема студија на поголема популација жени.