Во бременоста исхраната богата со масти го зголемува ризикот од развој на тешко заболување на црниот дроб кога детето ќе порасне

Во една студија која ја направиле научниците од Универзитетот во Саутхемптон е откриено дека исхраната богата со масти во текот на бременоста, ги зголемува шансите за тешко заболување на црниот дроб, поврзано со негово замастување во возрасни години.

Неалкохоличарската масна болест на црниот дроб е поврзано со дебелината и е предизвикана од натрупување на масти во црниот дроб. До неодамна оваа болест се сметаше за ретка и не многу опасна, но денес претставува едно од најчестите заболувања на црниот дроб, кое може да премине во цироза.

Истражувањето покажа дека премногу заситени масти во исхраната на мајката, влијаат врз развојот на црниот дроб на бебето, правејки го поподложно за развој на масна болест. Како што детето продолжува со нездрава исхрана, богата со заситени масти, така состојбата се развива и придонесува за сериозна состојба кога детето ќе стане возрасно.