Недостатокот од Ц витамин во раната бременост штетно влијае врз развојот на мозокот кај потомството, покажа студија врз морски прасиња

Новата студија направена од тим на истражувачи од Универзитетот во Копенхаген, покажа дека недостатокот на Ц витамин може да му наштети на менталниот развој на новороденчињата.

Во статијата објавена во познатото списание Американски журнал за клиничка исхрана, група на истражувачи, предводена од професорот Jens Lykkesfeldt покажуваат дека морските прасиња подложени на умерен недостаток од Ц витамин, имаат за 30% намалено присуство на хипокампални неврони и забележително послаба меморија од другите морски прасиња со нормална исхрана. Исто како и морските прасиња, и луѓето се зависни од примањето на Ц витамин со исхраната. Одтука професорот Jens Lykkesfeldt претпоставува дека недостатокот на Ц витамин кај бремените и жените кои дојат, може да предивика оштетување на мозокот кај бебето.

Повеќе фактори укажуваат на тоа дека мозокот пред раѓањето на бебето е осетлив дури и на мало намалување на количината на Ц витамин. Највисоките концентрации на Ц витамин се пронадени во невроните на мозокот и во случај на недостаток на Ц витамин, остатокот од неговото количество се задржува во мозокот, за да го осигури неговиот развој. Ова укажува на тоа дека овој витамин е многу важен за активноста на мозокот. Испитувањата покажале дека фетусите кај глувците, кои не можеле да го транспортираат Ц витаминот имале тешки мозочни оштетувања. Оштетување на мозокот слично на она кај прерано родените бебиња, кое се поврзува со покасни потешкотии во процесот на размислување и учење.

Професор Jens Lykkesfeldt вели дека можеби сме сведоци на деца со потешкотии во учењето, заради недостаток на Ц витамин во раниот живот. Ова е нодопустливо, кога лесно би можело да се спречи со давање на дополнително количество на Ц витамин кај бремените и кај жените кои дојат. Моментално истражувачкиот тим работи на тоа да утврди колку рано во бременоста недостатокот на Ц витамин влијае врз раззвојот на ембрионите кај морските прасиња и дали штетата може да се санира по раѓањето.