Спротивностите сепак не се привлекуваат

Спротивно на уверувањата, сопружниците не почнуваат да личат едни на други со текот на времето.

Всушност соружниците често имаат сличен карактер, затоа што на тој начин и ја започнуваат нивната врска. Кај луѓето има тенденција да ги избираат своите партнери врз основа на сличности во нивниот карактер.

Се разведруваме кога ќе видиме слика од мајката

Мајката секако дека има посебно место во нашето срце, но испитувањата покажуваат дека таа има посебно место и во нашиот ум.

Една студија покажа дека поглед на лицето на мајката ги возбудува клетките во мозокот повеќе отколку слики од други луѓе, познати личности и таткото.

Поврзувањето кое се создава  поемѓу мајката во првите месеци и првите години од животот, обезбедува таа да не биде далеку од неговиот ум и многу години покасно.
 

Вести: Мајка и бебе се борат за живот откако кавгата меѓу лекарите довела до компликации

Италијанката Лаура Салпиетро (30) отишла во болница откако и пукнал водењакот. Додека лежела во агонија во родилната сала, лекарите почнале да се расправаат за тоа како да ја породат - вагинално или со царски рез. Кавгата станала жестока, за тоа време сопругот на Лаура ужаснат се обидувал да ги смири и ги молел да и помогнат на неговата жена.

Вести: Изваден џиновски тумор на матка

Лекарите од болница во Буенос Аирес, Аргентина биле шокирани кога за време на операцијата на тумор на матката на една 54-годишна пациентка, откриле дека се работи за многу поголем тумор од она што очекувале.

Се работело да тумор со дијаметар од 50 см и тежина од 23 кг.
 

Важноста на вашата втора половина

Велат дека се во животот си има своја цена. Некои луѓе уживаат во животот на самци, но научниците тврдат дека независниот животен стил и осамениот ум можат да го зголемат ризикот од сенилност покасно во животот.

Според новите истражувања луѓето кои не се во брак или не живеат со партнер на средовечна возраст, имаат зголемен ризик за развој на Алцхајмерова болест.

Вести: Кај родилка во Сиднеј при епидуралната анестезија по грешка вбризган антисептик

Грејс Ванг (32) останала со катастрофални повреди кога за време на породувањето по грешка и бил вбризган отровен антисептик.

Наместо да и биде дадена епидурална анестезија, по грешка во рбетот на Грејс биле вбризгани 8 мл хлорхексидин. Настанот се случил во болницата Св. Џорџ во јужен Сиднеј.

Таа сега не може да оди, да седи, да го држи бебето или да го дои, иако од породувањето има поминато 2 месеца. Хлорхексидинот го затрул нејзиниот нервен систем.

Шетањето не прави попаметни

Знаеме дека шетањето е добро за нашата линија и за општото здравје, но новите испитувања покажаа дека шетањето не прави и попаметни.

Не е важно дали ќе шетате брзо или бавно, сами одредете си ја брзината која ви е угодна, три прошетки неделно од по 40 минути можат да ја подобрат интелигенцијата.

Научниците тврдат дека умерените прошетки ги подобруваат врските во мозокот, се борат против намалувањето на мозочните функции поврзани со стареењето и го подобруват размислувањето.
 

Прошетките се добри за целото семејство

Убавината се пресметува

За убавината се вели дека е во очите на посматрачот, но се покажа дека таа всушност и не е толку субјективна.

После долги обиди да се дознае што е тоа што ги прави жените привлечни за мажите една студија покажа дека се работи за големината на соодносот на половината и колковите. Научниците велат дека го открија совршениот сооднос кој ја прави совршената фигура.

Антропологот Барнаби Диксон одлучил да дознае што е тоа што ги прави жените да бидат привлечни за мажите.

Бебе вратено во живот од својата мајка

Новороденче оживеано два часа откако лекарите го прогласиле за мртво, благодарение на неговата мајка и нејзините прегратки со љубов.

Окситоцинот е за мајки и татковци

Хормонот окситоцин беше интензивно проучуван откако се пронајдоа докази дека придонесува за социјално поврзување помеѓу љубовниците, пријателите и колегите. Освен тоа окситоцинот игра и огромна улога при породувањето и мајчинското однесување. Но интересно е што новите истражувања открија дека окситоцинот игра голема улога и во преминот кон татковството.

Pages