Моцарт им помага на предвремено родените бебиња да зајакнат и да добијат тежина

Начници од Медицинскиот Центар во Тел Авив, 2 последователни дена им пуштале музика од Моцарт на предвремено родени бебиња во времетраење од 30 минути дневно. По слушањето на музиката бебињата биле помирни и трошеле помалку енергија, во споредба со бебињата од контролната група, кои не слушале музика. Кога пак трошењето на енергијата е помало на бебињата им требаат помалку калории за да растат и добиваат на тежина, што е особено важно за предвремено родените бебиња.

Јас сум детето

Јас сум детето кое не може да зборува. Често ме сожалуваш, го гледам тоа во твоите очи.  Се прашуваш за колку сум свесен - Го гледам и тоа. Свесен сум за многу - Дали си среќна или тажна или уплашена, трпелива или нетрпелива, полна со љубов и желба, или пак само си ја извршуваш твојата должност кон мене. Се чудам на твојата фрустрација, знаејки дека мојата е многу поголема, затоа што не можам да си ги искажам потребите како што ти можеш.

Малата Ерин го држи прстот на мајка си

предвремно родено бебеКајли Џон знаеше дека роди девојченце со храбро срце и покрај тоа што бебето се роди во 24-та гестациска седмица. Малата Ерин го стегна прстот на мајка си и тоа траеше околу 1 минута, неколку дена откако беше родена.

Кајли вели "Тоа беше чудесен момент. Мојот сопруг Стивен го фати на камера. Како да ми кажуваше дека се држи за мене, ми кажуваше дека нема да се предаде".

Бог ми прати Ангел


Бог ми прати ангел,
имаше скршено крило.
Ја наведнав главата и се чудев
"Како можеше Бог да направи такво нешто?"

Кога Го прашав Отецот
зошто ми го прати ова дете мене,
одговорот доаѓаше,
Тој ми рече "Слушај и ќе видиш"

Моите деца сите се скапоцени,
и ниедно не е како некое друго.
Секое е за Мене посебно,
и намалото е најдоброто.

Бебето кое одби да умре


Ова е вистинска сторија за борбата и желбата за живот. Ребека Џонс (35) и нејзиниот сопруг Марк Џонс (36) биле пресреќни кога дознале дека по неколку годишни обиди Ребека повторно останала бремена. Тие веќе биле родители на шест годишно момче. Радоста уште повеќе се зголемила кога во десеттата седмица од бременоста дознале дека ќе добијат близнаци.

Дебелината носи зголемен ризик од спонтан абортус кај жените кои прават ин витро

Студија спроведена од англиски научници јасно покажала дека жените кои имаат покачена телесна тежина и се подложуваат на ин витро третмани имаат значително поголем ризик од спонтан абортус од оние со нормален индекс на телесна маса.

Пробиотиците во бременоста ја намалуваат појавата на егзема кај бебињата

Истражувачи од Норвешкиот Универзитет за Наука и Технологија открија дека децата на мајките кои за време на бременоста и после неа земале додаток на пробиотици во исхраната, имале речиси двојно помали шанси да добијат егзема.

Колку вреди жената?

-Кога Бог ја создавал жената на шестиот ден, дошол еден ангел и Го прашал: Зошто трошиш толку многу време на неа?  

Доените бебиња знаат кога им е доста

Со студијата предводена од Dr. Ruowei Li од Центарот за Контрола и Превенција на Заболувањата на САД можеби е откриена тајната зошто доените бебиња се помалку склони кон дебелина покасно во животот. Dr. Ruowei Li вели дека колку повеќе децата се хранети од шише толку посклони ќе бидат и покасно во детството да го испразнуваат шишето со млеко.

Повеќекратно зголемување на плодноста со земање на DHEA

Студија на Универзитетот во Тел Авив им дава нова надеж на жените кои сакаат да зачнат. Се работи за пилула која може да се купи без рецепт.

Проф. Adrian Shulman од Медицинскиот Факултет на Универзитетот во Тел Авив пронашол статистичка поврзаност помеѓу витаминскиот додаток DHEA (кој се користи за да ги намали последиците од стареењето) и успешноста на третманите за неплодност кај жените.

Pages