Пронајден протеин од незаменливо значење за успешна бременост

Истражувачите од "Yale School of Medicine" и нивните колеги од "Society for the Investigation of Early Pregnancy" помогнаа да се разјасни функцијата на протеинот наречен Предимплатациски фактор, кој го произведуваат здравите ембриони со цел да управува со прицврстувањето на ембрионот за матката и да и помогне на мајката да се адаптира на бременоста.

Водач на студијата е Michael J. Paidas, M.D., професор и кодиректор на Центарот за крвни заболувања кај жени и деца, при Јеил. Резултатите се објавени во списанието American Journal of Obstetrics and Gynecology.

Испитувањата покажаа дека Предимплатацискиот фактор го модулира имунитетот на мајката, со што обезбедува прицврстување на младиот ембрион и влијае врз промените на клетките во матката.

Предимплатацискиот фактор се покажува дека е незаменлив за успешна бременост,вели Paidas. Веќе неколку децении научниците се обидуваа да ја изолираат компонентата која беше апсолутно неопходна за бременост. Веруваме дека Предимплатацискиот фактор е таа компонента.

Paidas и неговите колеги направиле испитување на геномот и протеините на клетките кои се наоѓаат директно под внатрешната обвивка на матката кај бремени и небремени жени. Кога клетите биле одгледувани како култура и изложени на Предимплатацискиот фактор, над 500 мајчински гени и повеќе протеини претрпеле значителни промени. Paidas вели дека е интересно тоа што значителни промени се јавиле токму во оние делови кои се критични за имплантацијата на ембрионот - односно неговото вгнездување во матката.

Предимплатацискиот фактор бил откриен од ко-авторот на студијата Eytan R. Barnea, M.D. Тој успеал да синтетизира и вештачка форма на Предимплатацискиот фактор која е идентична со природната форма.

Ќе се продолжи со истражувањата за да се утврди потенцијалната терапевтска примена кај бременоста, како и кај некои автоимуни заболувања и при трансплантацијата.