Пробиотиците во бременоста ја намалуваат појавата на егзема кај бебињата

Истражувачи од Норвешкиот Универзитет за Наука и Технологија открија дека децата на мајките кои за време на бременоста и после неа земале додаток на пробиотици во исхраната, имале речиси двојно помали шанси да добијат егзема.

Во студијата биле вклучени 415 трудници поделени во 2 групи. Едната група жени пиеле секојднево по 1 чаша млеко збогатено со пробиотици, од 36-та седмица на бременоста па се до 3 месеци по породувањето, а другата група земала плацебо и не знаеле дека не земаат вистински пробиотици. Кај бебињата на мајките кои пиеле пробиотици имало за 40% помалку егзема до две годишна возраст (до кога биле следени децата), во споредба со другите бебиња.

Била следена појавата на егзема, алергија и астма. Се покажало дека бактериите од пробиотиците немале никакво влијание врз алергијата и астмата, туку само врз егземата. Егземата била намалена за 40%, а кај оние деца кај кои се јавила била во така тешка форма.

Лекарите се скептични кога станува збор за давање на пробиотици на бебињата. Затоа не се препорачува да им се даваат нив, туку се препорачува да ги земаат мајките, а потоа преку доењето благотворното дејство се покажува кај децата. Пробиотиците генерално можат да бидат земани од здрави луѓе и имаат благотворно дејство. Истражувачите сметаат дека пробиотиците имаат позитивно влијание врз составот на млекото.

Во друга студија се покажа дека ако пробиотиците почнат да се земаат од првото тромесечие на бременоста, значително може да се избегне дебелината.