Девојка не знаејќи дека е бремена се породила во авион

родителите

Пар го дочекал своето прво бебе на лет од Калгари за Јапонија. Шокот бил огромен, тие не знаеле дека треба да станат родители.

Кога се качила на авионот Ada Guan мислела дека нејзиниот стомак е вознемирен, но како што минувало времето болките станувале се посилни. Таа била преплашена, мислела дека умира, објаснува мајката на нејзиното момче.

На летот имало лекар кој и дал парацетамол, но тоа не помогнало. Кратко време потоа, Ада го доживела шокот на нејзниниот живот.

Таа му кажала на таткото дека нешто паднало од неа и одеднаш имало бебе.

Откако лекарот ги прегледал мајката и бебето, капетанот им ја соопштил веста на патниците и му посакал на бебето се најдобро, раскажуваат патниците. Тогаш сите почнале да ракоплескаат.

 

ќеркичката


Се испоставило дека Ада била во 37-ма недела од бременоста, но заради нејзината ситна градба не била ниту свесна. Имала качено тежина, но тестот за бременост бил негативен. Пред патувањето била на лекарски преглед, но и тогаш лекарот не приметил дека е бремена.

Таткото исто така бил шокиран, но пресреќен за прекрасната ќеркичка. Мајката и бебето биле префрлени во болница, но нема да можат да се вратат дома барем уште една недела - бидејки ушите на новороденчињата се чувствителни на притисок.

Нека е жива и здрава! На крај од краиштата тоа е најважно!