Амбалажата за храна е главната причина за изложување на две токсични хемикалии: БПА и фталати

Студија покажа дека со јадење на претежно свежа храна и избегнување на употреба на конзерви и пластични кутии, нивото на бисфенол А и фталати во нашите тела може драстично да се намали.
 
Нашиот избор на храна може да ни помогне да се ограничи хемиското оптоварување на нашите тела, сепак, практично е невозможно да се елиминира целосната изложеност.

Пластичните омоти, конзервите со храна и бурињата за складирање, оставаат најмалку две потенцијално штетни хемикалии во нашата храна, потврди една нова студија. Но со престанокот на користење на оваквата амбалажа, луѓето можат драматично да ја намалат својата изложеност на овие отрови.
 
Хемикалиите: Бисфенол А (BPA) и фталатите (наречени DEHP) - е познато дека ги нарушуваат хормоналните системи во телата на животните и луѓето, што доведува до развој на репродуктивни проблеми, рак, срцеви заболувања и мозочни заболувања. Двете токсични хемикалии се наоѓаат во широк спектар на материјали за пакување на храна.
 

Амбалажата за храна - главниот виновник за БПА и фталати во организмот на луѓето


Но, новата студија покажала дека кога луѓето избегнувале пластика и јаделе претежно свежа храна за време од само три дена, нивоата на овие хемикалии во нивните тела се намалиле за повеќе од 50%, а понекогаш и многу повеќе.
 


Ruthann Rudel - токсиколог од Институтот Silent Spring вели:
 

 
Ова покажува дека пакувањето на храната е навистина главен извор на изложеност на БПА и фталати. Добрата вест е дека обезбедивме докази дека луѓето со нивните секојдневни одлуки во врска со нивните кујни и нивната исхрана, можат да ја намалат изложеноста на овие соединенија.
 


Овие хемикалии се појавуваат во огромен спектар на производи. ДВД-а, наочари и фискални сметки можат да содржат БПА. ПВЦ играчките, медицински материјали можат да содржат фталати. Претходни студии ги пронајдоа овие токсични хемикалии во храната и материјали за пакување на храна, тука спаѓаат пластични обвивки, пластични садови и внатрешните слоеви на металните конзерви.
 
Да ја зацврстат врската помеѓу амбалажата за храна и изложеноста на луѓето со овие хемикалии, Рудел и неговите колеги побарале од 20 семејства (секое со двајца возрасни и две деца) да ја променат исхраната. Сите домаќинства изјавиле дека или пиеле вода од поликарбонатни шишиња (пластични шишиња), ручале во ресторани, ја загревале храната во пластични садови во микробранова печка, јаделе конзервирана храна, замрзната вечера, или употребувале пластични материјали за чување на храната - сето ова сугерира дека биле изложени на барем некои од загрижувачките хемикалии.
 
За време на осум дневната студија, истражувачите секоја ноќ земале земале примерок урина од учесниците, за да добијат докази за присуството на БПА и четири вида на фталати.
 
Првите неколку дена на почетокот и оние на крајот на неделава, семејствата јаделе од нивната нормална исхрана. Но, три дена во средината на студијата, тие јаделе само храна, која била посевно подготвена за нив од страна на снабдувач и била усогласена со конкретни насоки.
 
Поголемиот дел од храната што ја јаделе во тие три дена вила свежа. Не биле дозволени конзерви. При подготвувањето на храната се избегнувало користење на пластични садови или нелепливи садови за готвење. Храната и пијалоците биле чувани во стаклени садови или садови од нерѓосувачки челик. Дури и при подготовката на кафе, се внимавало да нема влкучено никаква пластика.
 
За време на тридневната интервенција, просечните нивоа на БПА во урината луѓето се намалила за 66%, известуваат истражувачите во списанието Environmental Health Perspectives. Највисоките измерени нивоа на БПА опаднале за 75%.

Кај фталатите пак, просечните нивоа на одредени продукти се намалиле за повеќе од 50%, а максималното измерено ниво се намалило за 95%.
 
Кога истражувачите се фокусирале на фталатите, кои биле присутни во производи како: мириси, лепак и лак за нокти, но не и на пакувањето за храна, тие не детектирале никаква промена, што укажува на тоа дека амбалажата за храна е всушност главен извор на изложеност на БПА и фталати.
 


Arnold Schecter од Универзитетот на Тексас, кој е пионер во серија на студии за хемикалиите ви исхраната вели:
 
 

Наодите се во согласност со неодамнешните студии, кои покажуваат повисоки нивоа на БПА во конзервираната храна отколку во свежата.
 
Научниците се загрижени за непознатиотите и кумулативни здравствени ефекти на изложеноста на повеќе токсични материи, од повеќе извори. Изнаоѓањето начин за намалување на нивото на било која хемикалија, во било која количина е охрабрувачки.
 
Нивната и нашите студии повеќе или помалку, посочуваат во иста насока, а заклучокот е во тоа дека ќе се труеме себе си малку помалку, ако не користиме храна од конзерви со БПА или материјали, кои содржат фталати. Ми се чини дека ова е добра вест. Од гледна точка на јавното здравстсво, ако можеме да ги намалиме нивоата на овие хемикалии, тоа е добра работа.
 


Изборот на храна колку и да може да ни помогне да го ограничиме хемискиот товар врз нашите тела, сепак, практично е невозможно да се елиминира целата изложеност. Во многу прехрамбени процедури, вклучувајќи го и молзењето на кравите, се користат пластични и ПВЦ садови.
 
Тука доаѓа политиката, вели Рудел.

 

Во некои земји веќе е забранета употребата на БПА во конзервите и фталатите во амбалажата за храна. Овој вид на законодавството, во крајна линија може да биде единствениот начин овие хемикалии да се држат настрана од нашата храна и нашите тела.
 
Бидејќи ние всушност не можеме да си купиме излез од проблемот, мислам дека најважно е да се поддржат напорите да се заменат овие видови на хемикалии во амбалажата за храна, со побезбедни алтернативи.

 

Претходно студија покажа дека пластиката која не содржи БПА (вклучувајки и шишиња за бебиња) содржи други хемикалии кои исто влијаат врз нарушувањето на хормоните во телото.