заби

Кога растат првите заби кај бебето

Возраста на бебето кога ќе се појават првите заби е индивидуална работа и може многу да варира. Во просек првите запчиња се појавуваат на 6-8 месеци, но кај некои бебиња може да се појават и на 3 месеци или на една година. Скиците се ориентациони.

Кај некои бебиња целиот процес поминува брзо и без проблеми, а некои имаат болно искуство. Нема шаблон, кај некои бебиња запчето може да се појави преку ноќ и безболно, а кај некои може да се забележува испакнатина на непцето неколку седмици предходно и тоа да биде пропратено со болка.