Успешната перидонтална терапија би можела да го намали ризикот од предвремено породување

Студија во САД покажа дека дека постои цврста поврзаност помеѓу успешното третирање на воспалените непца и стапката на предвремено породување.

Постојат повеќе фактори кои можат да ги зголемат шансите за предвремено породување, како нискиот индекс на телесна маса, пушењето, алкохолот итн. Но дополнителен ризик претставува оралната инфекција.

Во студијата учествувале 322 жени со болест на непцата. Групата била поделена на 2 групи: на едната група им било направено чистење под и над линијата на непцата и им биле дадени упатства за орална хигиена, на другата група пак им биле дадени само упатства.

Имало зголемено предвремено породување кај двете групи. Кај групата која примила третман на непцата имало 45.6% предвремени породувања. Кај групата која не примила третман пак имало 52.4%. Разликата не била многу голема.

Но истражувачите откриле дека се гледа јасна разлика кај оние жени кај кои третманот бил успешен.

Дваесет седмици по третманот на жените им била направена контрола, за успешен се сметал третманот ако воспалението било намалено и немало разлабавување на забите или нивно губење. Кај жените со успешен третман, предвремено породување имало само кај 8%, за разлика од оние кај кои третманот не бил успешени и кај кои предвремено породување се јавило кај 62%.

Marjorie Jeffcoat - професор по перидонтологија на Универзитетот во Пенсилванија вели:

 

Истражувачите се многу возбудени заради резултатите од студијата.

Прво студијата покажала дека третманот на непцата во бременоста е безбеден, а второ дека успешниот третман може да го намали јавувањето на предвремени породувања.

Во иднина ќе се направат испитувања за да се проучи успешноста на примената на антибактериски води за уста во намалување на ризикот од предвременото породување.

 


Професорот Philip Steer вели дека истражувачите и порано откриле дека тешкото воспаление на непцата предизвикува зголемено производство на простагландини и фактор на туморна некроза, а се знае дека овие хемикалии се поврзани со предвремено породување. Тој вели:

 

Новата студија покажа силна поврзаност помеѓу неуспешниот третман на болеста на непцата и предвременото породување.


Треба да земеме во предвид дека кај 69% од жените не дојде до подобрување по третманот на непцата. Затоа треба да се пронајдат поефикасни третмани, пред да можеме да бидеме сигурни дека успешниот третман ќе направи промена на исходот, наместо да служи како индикатор дека бременоста со ниско ниво на воспаление секако ќе продолжи до крај.

Важно е на бремените жени да им биде даден совет за дентален третман, но исто така е важно да се забележи дека постојат и други фактори кои можат да доведат до предвремено породување, а на што треба да се обрати внимание како: пушењето, алкохолот и дебелината.