Употребата на вентилатор е поврзана со намален ризик од синдромот на ненадејна смрт кај новороденчињата

Спењето на стомак кај бебињата се смета за главна причина за синдромот на ненадејна смрт кај доенчињата. Во САД после кампањата од 1994 г. за важноста на спиењето на бебето на грб, бројот на смртност од овој синдром е намален за 56%.

Новите истражувања, иако воопшто не ја подценуваат важноста на спиењето на грб, покажуваат уште еден важен фактор. Пронајдена е врска помеѓу неадекватната вентилација во собата и синдромот на ненадејна смрт кај доенчињата. Неадекватната вентилација може да предизвика околу носот на бебето да се створат џебови со јаглероден диоксид и можност за негово повторно вдишување од бебето. Движењето на воздухот во собата пак го намалува ризикот да дојде до тоа.

Извештај за ова е објавен во октомвриското издание на Archives of Pediatrics & Adolescent Medicine.

Kimberly Coleman-Phox, M.P.H. и колегите од Kaiser Permanente's Division of Research од Оукланд - Калифорнија, анализирале информации од интервјуа со мајки на 185 бебиња, кои починале од овој синдром и 312 рандомизирано одбрани бебиња во истата област. Мајките биле прашани за употребата на цуцла, вентилатор, отворен прозорец во собата во која спиело бебето за последен пат, локацијата на собата, површината на која спиело бебето, видот на покривка врз бебето и под него и температурата во собата.

Кај бебињата кои починале од синдромот на ненадејна смрт, биле зголемени следните околности:

  • Спиеле на стомак или на страна (69% наспроти 43,9%)
  • Не употребувале цуцла (95,9% наспроти 76,4%)
  • Биле покриени преку главата (11,4% наспроти 4,5%)
  • Го делеле креветот со друга личност, освен родителот (14% наспроти 5,5%)

Употребата на вентилација пак била поврзана со намалување на ризикот од синдром на ненадејна смрт за 72%, во споредба со оние кои не користеле вентилатор.
Употребата на вентилатор во соби со температура над 21 степен целзиусов, била поврзана со намален ризик од синдромот за 94%. Кога бил употребуван вентилатор можноста за појава на синдромот била намалена и кај бебињата кои спиеле на стомак или не користеле цуцла.

Истражувањето покажа дека освен важноста на тоа бебето да спие на грб, со употреба на вентилација во собата, ризикот од синдромот на ненадејна смрт може уште повеќе да се намали со употреба на едноставни мерки.