Абортус
Факти за развојот на бебето во бременоста
Животот започнува во моментот на неговото зачнување.
Во човечкиот живот никогаш не се случуваат толку брзи и големи промени, колку во првите 9 месеци пред раѓањето. Со развојот на медицината и технологијата ставен е крај на погрешното разбирање дека во првите неколку месеци од развојот на бебето, тоа е само маса од клетки, која оживува дури во поодмината бременост. Еве што се случува со вашето бебе од самиот момент на зачнувањето.
Ден 1: Со самото зачнување е формирана нова и уникатна личност. Веќе е одреден полот на детето, бојата на очите, косата, формата на лицето и уште илјадници други особини кои ги поседува.
Ден 6-14: Ембрионот се прикачува за ѕидот на матката на мајката.
Ден 17: Мајката веројатно се уште не се ни сомнева дека е бремена (ова е време кога нејзината менструација доцни само 2-3 дена), но кај нејзиното бебе веќе почнуваат да се формираат крвните садови и тоа веќе ги произведува неговите први крвни клетки.
Ден 18: Менструацијата на мајката касни само неколку дена, но срцето на бебето веќе почнува да чука. Иако на почетотокот пулсирањето не е рамномерно, многу брзо ќе се стабилизира.
Ден 20: Целосно е поставена основата на: мозокот, 'рбетниот мозок и нервниот систем на бебето. Започнува развојот на неговите уши.
Ден 22: Започнува развојот на очите.
Ден 26-27: Започнуваат да се формираат белите дробови на бебето, тие ќе му го овозможат животот надвор од утробата на мајката.
Ден 28-32: Се појавуваат почетоците на малите рачиња, а по 2 дена и почетоците на ноџињата. Почнуваат да се развиваат носот и јазикот и веќе започнува да се појавува лицето. Започнува да расте тироидната жлезда. Крвта тече низ вените на бебето и е одвоена од крвта на мајката. Сето ова само по 14-18 дена каснење на менструацијата кај мајката.
Ден 36: Се појавува за прв пат боја во очите на бебето.
Ден 40: Бебето ги прави првите рефлексни движења. Кога ќе се допре околу устата, го наведнува вратот. Во мозокот може да се детектираат првите електрични бранови или тоа ќе се случи по 1-2 дена.
Ден 41: Почнуваат да се формираат и прстите на рачињата, а по неколку дена ќе се појават и прстите на ноџињата. Сето тоа се случува додека менструацијата на мајката касни само 27 дена.
Ден 42: Се развиваат нервните патишта, кои ќе му го овозможат чувството за мирис. Почнуваат да се формираат зглобовите на бебето.
Ден 44: Се формираат пупките на млечните заби. Почнуваат да се формираат очните капаци, кои ќе ги заштитуваат очите. Присутни се внатрешните органи на бебето, иако не се зрели. Формирани се 99% од мускулите на бебето, секој со своите нервни патишта.
Ден 52: Почнуваат спонтаните движења кај бебето. Во наредните 4 седмици бебето ќе развие цела палета на нови движења: икање, муртење, поткревање на вегите, движење на усните, движење на рацете и нозете, вртење на главата, протегање, дишење на течноста во која се наоѓа, отворање на устата, прозевање, смукање ит.н.
Седмица 8: Бебето е големо колку еден палец, но веќе има добри пропорции. Присутен е секој орган во неговото тело. Црниот дроб произведува крв, бубрезите функционираат, срцето чука стабилно. Од 4500 структури, кои ги има во телото на возрасен човек, 4000 се веќе присутни кај бебето. Почнува да се зацврстува скелотот на рацете, нозете и 'рбетот.
Седмица 9: Ако му се надразнат очите и дланките на бебето, ги затвора. Половите органи стануваат видливи, иако вашиот доктор нема да може да ви каже дали се работи за момче или девојче се до 12-20 седмица. Тироидната жлезда започнува да функционира.
Седмица 10: Почнува формирањето на ноктите и отисоците на прстите. Очните капаци сега се залепуваат и остануваат така се до седмиот месец, за да ги заштитат нежните очи. Бројот на врските помеѓу нервите и мускулите е трократно зголемен во споредба со претходната седмица.
Седмица 11: Бебето го вежба дишењето со плодовата вода. Неговите стомачни мускули сега може да се стегаат. Тоа почнува и да уринира. Се формираат гласните жици и сетилото за вкус. Бебето веќе прави сложени изрази на лицето, дури може и да се насмее. Неверојатно нели? Сето ова додека мајката е во третиот месец од бременоста.
Седмица 12: Бебето може да голта и реагира на стимулација на кожата. Се појавуваат нежни влакненца на вегите.
Седмица 13: Изразот на лицето на бебето веќе може да потсетува на изразот на родителите. Бебето е доста активно, но заради негоава големина мајката се уште не може да ги почувствува неговите движења.
Месец 4: Ноздрите на носот се веќе видливи. Бебето може да го смука својот палец, има цврст стисок и може да се превртува во утробата на мајката. Ако се работи за девојче веќе се присутни почетоците на нејзините јајце клетки. Бебето започнува да развива навики на спиење.
Месец 5: Ако се работи за момче тестисите веќе се спуштаат. Мајката може многу добро да почувствува како бебето мрда, ика, се превртува и сл. Секоја страна на мозокот има по околу една милијарда нервни клетки.
Месец 6: Бебето спие во неговата омилена позиција (тоа има своја омилена позиција), се буди, се протега. Веќе може да слуша, кога ќе се роди веќе ќе го препознава вашиот глас.
Месец 7: Очните капаци повторно почнуваат да се отвораат и бебето се спрема да го види надворешниот свет.
Месец 8: Кожата добива розова боја и станува мазна. Ноктите веќе досегаат до врвот на прстите.
Месец 9.5: Се случува породувањето. Породувањето во просек започнува 264-270 дена по зачнувањето. Сега мајката има можност да го види најубавото бебе на светот и производот на сите оние огромни промени кои се случуваа во тајност во изминатите 9 месеци.
Со абортусот се прекинува веќе започнатиот живот на бебето. Дури и водачите на најголемите движења кои го подржуваат абортусот, велат дека би било лицемерно, ако се тврди дека абортусот не убива.
Ако размислувате за абортус, Ве молиме немојте да го направите тоа додека не се запознаете со сите факти за абортусот и неговите последици по вас и по бебето. Можеби изгледа како најповолно решение, но последиците кои ги остава се ужасни. Милиони жени сведочат за тешките трауми кои ги носат како последица на абортусот кој го направиле. ТУКА можете да прочитате за ПОСЛЕДИЦИТЕ кои остануваат по абортусот.
Ве молиме чувајте го животот на Вашето бебе и изборете се за него. Само вие го можете тоа.