Шокантно видео: Planned Parenthood (Планирано родителство) ги "жнее" и продава деловите од телата на абортираните бебиња

планирано родителство продава делови од телата на абортираните бебиња

Во видеото кое го згрози цел свет може да се види како Др. Deborah Nucatola, еден од врвните извршни директори на Планирано родителство (Planned Parenthood) - организација која е најголем вршител на абортуси во САД, разговара со прикриени актери, кои се претставуваат како претприемачи во врска со изгледите за купување на делови од телата на фетусите.

Докторката додека пие вино и јаде салата, ладно објаснува дека Planned Parenthood врши "жетва" на органи од абортираните фетуси, објаснувајки дека можат да снабдат различни делови, како црни дробови, срца со прикачени вени и артерии, екстремитети, черепи итн, зависно од побарувачката. Како и тоа дека купувачот може да ја одбере гестациската возраст на фетусот.

Сето ова е нелегално, бидејки продажбата на човечки делови е законски забранета. Таа уште зборува и за користењето на веќе забренетата процедура "абортус со делумно раѓање", која се употребува во подоцна бременост и бебето се вади кинејки се на делови. Докторката студено објаснува како се обидува да го извади внатрешните органи неоштетени, кршејки под нив и над нив...

Таа објаснува дека цената за еден "примерок" се движи од 30-100 долари. Компанијата StemExpress е посредник помеѓу Planned Parenthood и купувачите на органите. Тие директно ги земаат деловите од абортираните бебиња од клиниките за абортус на Planned Parenthood и ги дистрибуираат до побарувачите.

Видеото ја згрози јавноста, која е шокирана од нечовечноста и желбата за профит на организацијата, а она што може да се види на него многумина го споредуваат со делата на нацистите.