Како да ги спречите алергиите на храна кај децата

алергија на храна

Алергиите на храна стануваат се почести кај децата. Според некои статистики, помеѓу 1997 и 2011 година стапката на алергии пораснала за 50%. Причините се многубројни сеуште не се целосно утрврдени или објаснети, но еве некои навики во исхраната со кои вие можете да ги намалите шансите за алергија кај вашето дете.


Не воведувајте тврда храна пред бебето да наполни 17 недели


Бебињата на кои тврдата храна им е воведена пред 17 недели старост имаат поголеми шанси да развијат алергија. Чекањето барем 17 недели има клучна важност.


Продолжете со доење


Немојте да престанете со доење кога ќе воведете друга храна во исхраната на вашето бебе. Студии покажуваат дека доењето има заштитнички ефект против алергија откако ќе се воведе кравјо млеко. Зошто? Доењето има заштитнички ефект затоа што ја регулира функцијата на имунолошкиот систем.


Ограничете ја готовата храна


Студија објавена во The Journal of Allergy and Clinical Immunology, покажа дека бебињата кои јадат повеќе овошје и зеленчук, а помалку процесирани храни, имаат помали изгледи дека ќе развијат алергии до две годишна возраст.


Новата храна воведувајте на растојание од барем неколку дена


Кога ќе воведете нова храна внимавајте на симптомите, како осип, необјаснета затнатост, отекување, чешање, повраќање, потешкотии во дишењето и сл. Вашето бебе ќе има подобри изгледи да надрасне некоја алергија ако навреме ја идентификувате и ја отстраните таа намирница од неговото мени. Ако се сомневате дека бебето има проблем со некоја храна, разговарајте со неговиот педијатар.


Проверете дали лосионите имаат масло од кикирики


Ако оваа алергија е честа во вашето семејство, читајте го составот на козметиката, која ја користите на нежната бебешка кожа. Истражувањата покажуваат дека користењето на производи со масло од кикирики на воспалена кожа може да биде една од причините за зголемената зачестеност на оваа алергија.