Вашиот дар

Примете ги нашите најискрени честитки за родителството.

Имате огромна привилегија можејќи да гледате како пред Вашите очи, Вашето бебе расте и се менува од ден на ден.

Освен привилегија, тоа е и голема одговорност. Токму заради тоа многу млади родители се наоѓаат збунети од доаѓањето на нивното бебе.
 

бебе

Убедени сме дека бебето е човечко суштество уште од моментот на зачнувањето, дека заслужува целосно почитување и најдобрата грижа која може да му се даде.

 

Постојат многу прашања и стравови: како ќе се снајдете, дали ќе можете да одговорите на сите обврски, дали ќе бидете добар родител ит.н. Многу работи Ви се нејасни и нови.

Сета таа збунетост е придружена и од огромната љубов што ја чувствувате за Вашето бебе. Немојте да се грижите, таа љубов ќе Ве спроведе низ сите тешкотии и искушенија. Вие имате се што Ви е потребо за да бидете добар родител.

Колку повеќе имате доверба во себе како родители, толку поопуштени ќе бидете и взаемно повеќе ќе уживате со Вашето бебе.

Се надеваме дека со написиве барем во еден мал дел ќе помогнеме во справувањето со новата ситуација.

Ние сме убедени дека бебето е човечко суштество уште од моментот на зачнувањето, дека заслужува целосно почитување и најдобрата грижа која може да му се даде .

Она што ќе го посеете во вашето дете, ќе се одрази во неговиот живот како возрасна личност и во животите на другите луѓе. Затоа вложете го во него вашето најдобро, тоа е вашата најголема и најважна инвестиција. Еве еден многу убав цитат од анонимен автор:

 

Ако детето живее со критицизам, учи да осудува.
Ако детето живее со непријателство, учи да се тепа.
Ако детето живее со потсмевање, учи да биде срамежливо.
Ако детето живее со срам, учи да се чувствува виновно.
Ако детето живее со толеранција, учи да биде трпеливо.
Ако детето живее со охрабрување, учи да има самодоверба.
Ако детето живее со прифатеност, учи да љуби.
Ако детето живее со оддавање на признание, учи дека е добро да има цел.
Ако детето живее со искреност, учи што е вистина.
Ако детето живее со праведност, учи да биде праведно.
Ако детето живее со сигурност, учи да има вера во себе и другите околу него.
Ако детето живее со пријателство, учи дека светот е убаво место за живот, за сакање и да се биде сакан.

 

Во овој дел од сајтот можете да прочитате за негата на бебето, неговите потреби, здравјето, исхраната и многу други работи.