Бебињата најлесно учат пред спиење

бебе и мајка

Спиењето им помага на бебињата да ја развијат нивната меморија и да ги задржат новите научени однесувања.

Студија, спроведена од научиници од Универзитот на Шефилд, покажа дека спиењето кај бебињата е екстремно важно за да се консолидира нивната меморија, за подобро помнење на факти, настани и знаење.

Во студијата учествувале 213 бебиња, на возраст од 6-12 месеци. Научниците ја тестирале нивната способност да се сетат на новонаучнените вештини после 4 и после 24 часа.

Бебоњата кои не преспивале после учењето биле споредени со бебињата, кои преспале барем 30 минути во следните 4 часа.

Резултатите покажале дека само бебињата кои преспале имале сеќавање за новонаучените вештини, за разлика од оние кои не преспале.

После 24 часа децата од групата, која преспала покажале значително подобра меморија, во споредба со бебињата во групата, која не преспала.

Др. Jane Herbert вели дека наодите од студијата се особено интересни за родителите и за едукаторите бидејки сугерираат дека оптимално време за учење на нови информации кај бебињата е пред спиење:

Досега луѓето претпоставуваа дека најдобро време да учење е кога бебињата се потполно будни, а не кога ќе почнат да покажуваат умор. Нашите резултати покажаа дека активностите кои се случуваат пред спиење се особено вредни и добро запомнети.

Преспивањето за време од помалку од 30 минути не овозможувало доволно време за бебињата да си го консолидират знаењето, за да може да биде долгорочно задржано.

Herbert вели дека студијата покажала колку полезни можат да бидат активностите пред спиење на бебето, како на пример читање на некоја книга.

Претходни студии веќе покажаа дека спиењето има огромна важност за меморијата на возрасните и дека им помага да добијат нови увиди за проблеми, со кои се соочиле претходно или за да можат флексибилно да го применат знаењето во нови задачи.