Гушкајте се што повеќе со вашето бебе, допирот ги штити и гените

прегратката и допирот клучни за бебињата

Допирот и мајчината прегратка се од критична важност за здрав развој на детето и ова е нешто што е познато многу долго време, а докажано е и уште пред повеќе децении во научни студии. Сега пак, нова научна студија покажа дека допирот остава силни, мерливи ефекти врз гените на бебето, не само врз неговиот раст и развој. Промените се случуваат на молекуларно ниво, на ниво на ДНК. Научниците шпекулираат дека овие промени можат да остават трајни последици врз растот и развојот.

Во студијата научниците од Универзитетот на Британска Колумбија и Институтот за истражување при Детската болница следеле околу 100 бебиња во текот на четири години. Тие ги замолиле родителите на петнеделните бебиња да водат дневник за однесувањето на децата, како плачење, спиење и исхраната. Тие исто така побарале од родителите да водат белешки за тоа колку долго и колку често им пружале на децата грижа, која вклучувала физички контакт.

Кога децата наполниле околку четири и пол години, научниците им земале примерок од ДНК брис од внатрешноста на образот и ги анализирале примероците за да ја утврдат разликата помеѓу децата, кои биле често допирани и оние кои примиле помалку допир.

Истражувачите го разгледале процесот на метилација, кој генерално се менува како што личноста созрева и старее. Тие објаснуваат дека хромозомите се структури во клетките кои го содржат генетскиот код на личноста, тие ги одредуваат карактеристиките како: пол, физички изглед, како телото ќе расте и ќе функционира итн. Она што откриле биле конзистентни разлики помеѓу децата со ниско ниво на физички контакт и оние деца кои примиле високо ниво на допир. Всушност, кога ги споредиле процесите на метилација, се покажало дека клетките на децата кои имале малку физички допир биле понезрели од очекуваното за нивната возраст.

Тоа како резултат би можело да придонесе за застој во развојот и растот, вели Michael Kobor Професор на Одделот за Медицинска генетика.

Sarah Moore - водачот на студијата вели: Планираме да следиме дали "биолошката незрелост", која ја гледаме кај овие деца ќе има широки импликации врз нивото здравје, особено врз нивиот психолошки развој.

Научниците уште нагласуваат дека ова е прва студија, која покажала дека допирот има длабоко вкоренети и потенцијално доживотни последици врз епигеномот, односно биохемиските промени кои влијаат врз експресијата на гените.