Нова студија откри директно присисуство на имунолошки клетки во мајчиното млеко

доење

Има илјадници студии кои ја покажуваат корисноста на доењето и мајчиното млеко и важноста за имунолошкиот систем на бебињата. Како тоа да беше малку, сега нова студија откри дека во мајчиното млеко има тимови од имунолошки лимфоидни клетки, кои се спремни да ги победат потенцијалните патогени организми. Откритието е објавено во април во JAMA Pediatrics.

Новооткриените клекти влијаат врз имунитетот, воспалението во организмот и хомеостазата на ткивата. Тие сега за прв пат се откриени во мајчиното млеко, иако веќе се проучуваат во последните 10 години.

Студијата открила дека клетките не се борат директно, туку испраќаат цитокини да ги водат макрофагите (најбројните имунолошки клетки) за да ја завршат работата. Макрофагите се најголеми "јадачи" меѓу белите крвни клетки, тие буквално ги обвиткуваат несаканите бактерии и други патогени, како и мртвото ткиво.

Лимфоидите се пренесуваат преку мајчиното млеко и можат да преживеат во стомакот на бебето барем неколку дена. Тие краткорочно можат да му помогнат на бебето за да се избори со некоја инфекција, но и долгорочно му помагаат да го развие неговиот сопствен имунолошки систем, со текот на времето. Освен тоа, тие ја штитат и мајката за да не добие инфекција од бебето. Научниците претпоставуваат дека овие клетки се одговорни и за динамиката на промената на мајчиното млеко за да му овозможи на бебето да се избори со инфекциите.