Менување на пелени на бебето

Како да промените еднократна пелена

Ова е дел од одгледувањето на Вашето бебе, кој ке го совладате многу брзо. Немојте да се разочарувате ако првите неколку поставени пелени прокапуваат тука и таму. За кратко време веќе нема да биде така. Еве објаснување во неколку чекори како да ја промените пеланата.

  1. Измијте си ги рацете.
  2. Земете се што ќе Ви биде потребно пред да почнете да го пресоблекувате бебето. Значи имајте спремно пелена, влажни марамчиња и заштитна крема. Кога го пресоблекувате бебето никогаш немојте да го оставате само, затоа што лесно би можело да се стркала.
  3. Бебето нека биде поставено на чиста простирка, на широка површина, за да имате доволно простор за непречено да можете да го пресоблечете.
  4. Одврзете ја пелената, подигнете го газето на бебето, на тој начин што ќе му ги кренете нозете држејки го за глуждовите. Без целосно да ја извадите нечистата пелна, избришете ги со неа остатоците од изметот. Ако се работи за машко бебе, препорачливо е пенисот да го покриете со чисто марамче или крпа, затоа што бебињата многу често почнуват да мократ во допир со постудениот воздух.
  5. Поткренете го газето на бебето и превиткајте ја нечистата пелена на пола, така да нечистотијата е внатре и измкнете ја од под газето на бебето.
  6. Нежно избришете го газето на бебето со влажна памучна крпа или влажни марамчиња. Бришењето кај девојчињата секогаш треба да биде од напред кон назад, за да се избегне навлегување на бактерии и инфекција во вагината. Ако се работи на машко бебе, нежно и темелно исбришете го пенисот и скротумот. Потоа подигнете го газето на бебето, држејки го повторно за глуждовите и избришете го и задниот дел.
  7. Ако местото е воспалено, намачкајте го со заштитен крем.
  8. Подметнете ја чистата пелена под поткренатото газе на бебето (држејки го со едната рака за глуждовите на нозете) и прицврстете ја од страните. Немој претерано да ја затегате, затоа што може да предизвика неугодност кај бебето. Израмнете ја ако се направиле брчки околу нозете. Доколку папчето на бебето се уште не е паднато, избегнувајте да го покривате тој дел со пелената. За да не се случи тоа, повлечете ја пелената да биде повисоко на грбот.
  9. Облечете го бебето, фрлете ја нечистата пелена, измијте ги темелно рацете и честитки за успешно завршената работа.

Начинот на менувањето на платнените пелени зависи од тоа каков вид на платнени пелени употребувате. Во принцип нивното менување е многу слично со она на еднокаратните пелени.

Внимавајте: Платнените пелени пожелно е да ги плакнете по два пати од детергентот и немојте да употребувате омекнувачи при перењето. Детергентите и омекнувачите можат многу лесно да ја надразнат нежната бебешка кожа. Истото може да го направат и хемикалиите од еднократните пелени.