Причини за да му читате на вашето бебе
Читањето отвора сосема нов свет не само за возрасните, туку и за децата. Но, бебињата исто така имаат полза од читањето. Има доста студии, кои ги потврдуваат огромните добродетели од читањето на бебињата. Еве само неколку причини заради кои треба да му читате на бебето:
- Бебињата го учат говорот и говорните способности додека ве слушаат како зборувате. Кога им читате учат дека индивидувалните гласови работат заедно за да формираат зборови и реченици, преку рецептивниот говор. Всушност студии сугерираат дека бебињата на кои редовно им се чита, почнувајки од шестиот месец имаат речиси два пати поразвиен рецептивен јазик од оние на кои не им било читано.
- Како што веќе можеби знаете, мозокот на бебето расте од раѓање па се до некаде третата година. Кога му читате на бебето тоа не само што учи да зборува и го учи текот на јазикот, туку се подобрува и неговиот вокабулар.
- Имагинацијата е нешто што не треба да се занемари. Книгите содржат слики, приказни и зборови, кои ја развиваат креативноста и природната љубопитност кај децата. Ова води до подобрени мисловни способности, вклучувајки решавање на проблеми и донесување на одлуки.
- Читањето кај возрасниет е поврзано со низа здравствени бенефити, како запазување на меморијата и намалување на ризикот за деменција. А со читање на бебињата го трасирате патот да продолжат да читаат во текот на понатамошниот живот.
- Слушањето на приказните може да ја подобри меморијата и да го зголеми вниманието кај малите деца. Ова се случува бидејки е потребно да се сеќаваат што се случило на претходната страница. Не се грижете и ако читате нешто што можеби е пренапредно за бебето, тоа повторно ќе добие скапоцени продобивки.
- Повеќето бебиња седат во скут додека им се чита. Се разбира дека ова ја зацврснува врската помеѓу родителот и детето. Всушност ова е толку важно што познатата организација March of Dimes, која се занимава со подобрување на здравјето на бебињата, разви програма која ги охрабрува родителите да им читаат на предвремено родените деца во болница.
- Читањето е релаксирачко и за бебето и за родителот.
- Читањето пред заспивање може да ви помогне да создадете добри навики. Ова е важно затоа што што бебето брзо ќе премине во тодлерската фаза, кога здравиот и доволен сон ќе биде неопходен за следниот ден.
- Сликите во книгите им помагаат на бебињата да ги учат асоцијациите на зборовите. Можете да му ги покажете предметите додека ги именувате или читате за нив... или можете да го оставите бебето само да се обиде да го сфати контекстот од сликите. Ќе се изненадите колку се навистина паметни бебињата.