Пролив - дијареја кај бебето

Како да препознаете пролив - дијареа кај бебе

За доените бебиња во текот на првиот месец од животот не е ништо невообичаено да вршат голема нужда по 6 пати дневно. Нормалата столица кај доените бебиња е жолтеникава, порастресита или потечна во споредба со онаа на бебињата хранети со вештачко млеко. За доените бебиња во текот на првите неколку недели од животот не е невообичаено и ако какаат после секое доење. Многу мајки ова погрешно го помешуваат со пролив. Оваа појава е честа затоа што во млекото има супстанции, кои ги стимулираат цревата на бебето.

Кога бебето има пролив изметот станува поводликав, во него може да се примети слуз или понекогаш и крв, зачестеноста на какњето нагло се менува, може да дојде до губење на апетитот, покачена температура, раздразливост ит.н.

Причини за пролив кај бебињата

Обично проливот кај бебињата е прдизвикан од микроорганизми или промена во исхраната.

На пример, кај бебето може да се појави пролив ако му дадете некоја храна или вештачко млеко на која е алергично или пак ако испие поголема количина на овошен сок.

Понекогаш бебето може да добие пролив и од употреба на антибиотици.

Речиси сите бебиња и деца до петтата година го прележуваат т.н. Ротавирус - исклучително заразна форма на вирус, а еден од главните симптоми е пролив, болки во стомакот, дехидратација и сл. Многу бебиња со овој вирус имаат потреба од хоспитализација и инфузија.

Проливот и доените бебиња

Праксaта покажува дека доените бебиња многу поретко заболуваат од пролив, од бебињата хранети со вештачки формули на млеко. Ова се случува затоа што преку млекото од мајката примаат антитела, кои ги прават поотпорни на инфекции.

Што можете да направите ако вашето бебе има пролив

  • Давајте му на бебето многу течности за да избегнете дехидратација . Ако бебето не помочало ниту една пелена 3-4 часа, губи интерес за околината, рацете му стануваат бледи или покажува други знаци на дехидратација, веднаш јавете се на лекар. Дехидратацијата е најголемата опасност кога станува збор за пролив.
  • Ако го доите бебето, немојте да прекинувате. Можеби ќе треба и почесто да го доите за да ги надокнади изгубените течности. Разговарајте со лекарот дали треба да му давате електролитски раствор.
  • Ако бебето е постаро од 6 месеци и ако веќе му давате тврда храна, обидете се да му давате пасирани банани, компир, ориз или јаболко. Ако бебето има намален апетит, немојте многу да се грижите околу тоа, за него сега е поважно да пие доволно течности.
  • Немојте да му давате лекови против дијареја. Овие лекарства се забранети за употреба кај деца, затоа што можат да остават штетни последици.
  • Ако проливот е предизвикан од микроорганизми, тргнете ги другите деца на страна за да избегнете да се заразат и тие.
  • Кога бебето има пролив има многу поголема шанса да се воспали местото под пелените. За да му помогнете и за да спречите да дојде до тоа, кога му ги менувате пелените употребувајте повеќе крем и газето на бебето не го чистете со влажни марамчиња, туку само со млака вода.

Кога да го однесете бебето на лекар

Доколку приметите знаци на дехидратација, веднаш појдете на лекар.

Иако проливот најчесто ќе помине сам од себе, однесете го бебето на лекар и во случај кога:

  • Проливот или повраќањето не поминале во рок од 24 часа.
  • Ако бебето не сака да пие течности.
  • Ако има крв во изметот.
  • Ако има отечен стомак.
  • Слушајте ја и Вашата интуиција, иако можеби ги нема овие симптоми, ако сметате дека треба да посетите лекар, направете го тоа.