Покачена температура кај бебето

 

Покачената телесна температура кај бебето во првите 3-4 месеци од животот може да биде многу загрижувачка, затоа што имунолошкиот систем на бебето сеуште не е сосема развиен. Причината за покачувањето на температурата кај бебето во првите месеци од животот задолжително мора да биде испитана, од причина што може да укажува на сериозна инфекција во организмот.

Висината на температурата не мора да соодветствува на сериозноста на инфекцијата.

Причини за покачена температура кај бебињата

Најчеста причина за покачената температура кај бебињата е некоја инфекција: имунолошкиот систем на бебето ја приметува опасноста и испраќа порака дека температурата во телото треба да се покачи. Покачената температура пак не е поволна за развој на многу бактерии и вируси, така да му овозможува на телото побрзо да се избори со инфекцијата. Од таа гледна точка температурата дејствува како помошник во борабата со болеста.

Најчести инфекции, кои предизикуваат покачена температура кај бебињата се:

Инфекција на средното уво. Ова често може да биде последица и од прележана настинка.

Инфекциија на респираторниот систем: бронхитис, пневмонија и сл.

Менингитис: може да биде од бактериско или вирусно потекло.

Друга причина за покачување на температурата кај бебето може да биде дехидратацијата или ако на бебето му е премногу жешко, ако е проблечено, ако било претерано активно (на пример ако плачело преногу силно) и слично. Запомнете дека бебето треба да носи само еден слој облека повеќе од Вас.

Смптоми на покачена температура кај бебето

Иако температурата сама по себе најчесто е симптом на некое друго нарушување во органзимот, постојат некои симптоми по кои можете да препознаете дека Вашето бебе има температура. Тука спаѓаат: црвенило по лицето, сува и топла кожа, забрзано дишење, забрзана работа на срцето, повраќање, зголемена жед и сл.

Како да му измерите температура на бебето

Доколку температурата му ја мерите на бебето ректално, намачкајте го врвот на термометарот со вазелин, ставете го термометарот во аналниот отвор на бебето околу 12-13 милиметри, држете го стабилно и внимавајте бебето да не мрда. Проверете колкава е температурата и измијте го термометарот со вода и сапун.

Постојат и специјални дигитални термометри со кои температурата се мери на тој начин што врвот на термометарот се става во увото.

Некои лекари препорачуваат температурата да ја мерите под раката.

Ако се работи за дете над 4 години, температурата можете да ја мерите и орално.

Нормална температура на бебето

Висината на нормалната температура, се разликува во зависност од тоа како е мерена.

Ако температурата е мерена ректално, тогаш за нормална температура се смета дека е до 37.5 степени целзиусови, затоа што ректалната температура е повисока од онаа која се мери под раката.

За нормална орална температура се смета дека е околу 37 степени целзиусови, истото важи и за температурата мерена во увото.

За да дознете која е нормална температура за Вашето бебе, можете да му ја измерите неколку пати кога е здраво.

Кога да побарате лекарска помош

Ако бебето качи температура во првите 6 месеци од животот, задолжително побарајте лекарска помош. Дури иако бебето не изгледа болно или пак температурата не е многу покачена. Бидете внимателни, малите бебиња можат да се разболат многу брзо.

Дури иако бебето е постаро од 6 месеци, а температурата не е многу повишена, посетете лекар доколку:

  • Бебето повраќа или има пролив.
  • Ако има сува уста.
  • Ако приметите дека го боли увото.
  • Ако е нервозно.
  • Ако го губи апетитот.
  • Ако е бледо.
  • Ако му излегува осип по кожата.
  • Ако има отечени зглобови.
  • Ако го боли грлото.
  • Ако има болки во стомакот.
  • Ако му отече мекиот дел на главата.
  • Ако сметате дека е потребно да го однесете на лекар.

Кога да се обидете да ја намалите температурата

Бидејки температурата е дел од имунолошкиот одговор на организмот и помага во борбата со инфекциите, се постваува прашањето кога е потребно да се обидете да ја намалите.

Лекарите се согласуваат дека родителите нема потреба да се обидуваат да ја намалат температурата, ако се работи за ниска температура (37 – 37.5 степени). Она што во таков случај треба да го направите, е да му помогнете на детето да се чувсвствува подобро.

Ако температурата се приближува до 38 степени или оди накај 38.5 веќе е препрачливо да се интервенира со лекарства. Исто така многу важно е да следите како се чувствува бебето. Дали е весело, полно со енергија или пак е изнемоштено, плачливо, незаинтересирано за околината и сл. Ако бебето не се чувствува добро, потребно е да се обидете да му ја намaлите температурата иако можеби е пониска од 38 степени.

Но внимавајте да не му давате на бебето лекарства на своја рака, без консултација со лекар.

Некои лекари препорачуваат посебна суспензија од парацетамол, други пак велат дека најдобри резултати може да се постигнат со земање на Ибупрофен. Консултирајте се со лекарот на Вашето бебе и следете ги неговите упатства.

Знаци на опасност од температура

  • Тресење како кај епилептичен напад.
  • Вкочанет врат.
  • Црвени дамки по телото.
  • Отеченост на мекиот дел на глевата.
  • Потешкотии при дишењето.
  • Отечени зглобови.
  • Забележителна промена во однсувањето.
  • Тешкотија да го разбудите.
  • Осип.

Како да му помогнете на бебето кога има температура

  • Задолжително давајте му да пие многу течности, за да избегнете дехидратација. Ако го доите, давајте му почесто да цица.
  • Можете да се обидете да му ја намалите температурата, капејки го во млака вода. Никогаш немојте га до капете бебето со студена вода. Наместо да го избришете со крпа, оставете ја водата да испари. Во никој случај немојта да ставате алкохол во водата, тоа може да биде токсично за бебето.
  • Не го облекувајте со многу облека и одржувајте ја температурата во собата на 20-22 степени, со тоа ќе му помогнете да се излади.
  • Ако му студи, покријте го со ќебе, но кога ќе се стопли тргнете го ќебето.
  • Немојте да се обидете да му ја симнете температурата одеднаш, затоа што тоа ќе предизвика тресење кај бебето и повторно покачување на температурата.
  • На бебе до 6 месеци немојте да му давате лекарства за намалување на температурата, освен ако лекарот не препишал поинаку.
  • На бебиња над 6 месеци можете да им дадете посебна суспензија од Парацетамол или Ибубруфен, но задолжително со консултација на неговиот лекар. Според некои испитувања Ибубруфенот е поефикасен во снижување на температурата кај бебињата, од парацетмолот, но е забранет е за употреба кај бебиња помали од 6 месеци. Парацетамолот пак е забранет за бебиња помали од 3 месеци. Во секој случај, никогаш немојте да му давате лекарства на своја рака.

 

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во никој случај немојте да се обидете да му дадете на детето Аспирин. Покажано е дека Аспиринот кај децата често пати може да доведе до т.н. Рејов синдром и да заврши со смрт.

На бебиња до 6 месеци, никогаш немојте да им давате лекарства на своја рака. Задолжително однесете ги на лекар.