Породилни болки и епидурална анестезија

Породилни болки

Речиси кај секоја жена постои страв од тоа како ќе се одвива породувањето. Тоа е сосема нормално. Важно е да се разбере дека болките што се јавуваат за време на породувањето се разликуваат од болките што се јавуваат за време на болест, по тоа што имаат цел. Контракциите ќе помогнат Вашето бебе да пристигне во овој свет.

Секое породување е различно, па никој со сигурност не може да каже како ќе се одвива или колкава ќе биде болката. Постојат повеќе фактори кои влијаат на интензитетот на болката: големината на бебето, големината на Вашата карлица, силата на контракциите, начинот на кој мајката го доживува самиот процес на раѓање, нејзините емоции ит.н.

Постојат некои природни техники што може да помогнат да се намалат пордилните болки. Доколку сте во можност, посетувајте часови за трудници каде ќе може да ги научите техниките на дишење и опуштање. Исто така многу може да помогне топла бања, масирање на грбот, пронаоѓање на најудобна положба, присуство на личност на која и верувате, слушање музика и сл.

Понекогаш жените се одлучуват и за медицинска терапија за наламување на болките. Имајте в прдвид дека овие средства иако ретко, сепак може да доведат со сериозни компликации, а и повеќето од нив минуваат низ плацентата. Најчесто кај нас се применува епидурална анестезија.

Епидурална анестезија

Овој вид на олеснување на болките се состои во внесување на катетер во долниот дел на рбетниот столб, преку кој се регулира дозата на анестетик за време на целото породување. Користа е во намалувањето на болките, но има и недостатоци. При епидуралната анестезија, често пати се појавуваат следните проблеми:

  • Неколку часа после породувањето нема да можете да одите.
  • Откако ќе ја примите епидуралната анестезија, ќе морате да лежите на едната или другата страна, а тоа може да го успори или запре породувањето.
  • Може наеднаш да го намали Вашиот крвен притисок, а со тоа и да го успори чукањето на срцето на Вашето бебе.
  • Ја намалува силата за давање напон кога ќе треба да го правите тоа и го оневозможува бебето да се намести во најдобрата позиција за раѓање. Тоа придонесува да има зачестена потреба од индуцирано и потпомогнато породување (употреба на клешти и вакум за да се извлече бебето) или царски рез.
  • Во многу ретки случаи може да се случи трајно нервно оштетување, предизвикано од катетерот.
  • Може да чувствувате болки во грбот во наредните неколку дена.
  • Може да се јават тешки главоболки, како резултат на истекување на рбетната течност.
  • Често пати може да се продолжи времетраењето на првата и втората фаза од породувањето.
  • Некое време нема да имате контрола врз мокрењето.

Одберете го она што сметате дека е најдобро за Вас и за Вашето бебе.

 Постојат техники кои можат да ви помогнат да ја намалите болката на природен начин, повеќе за нив прочитајте тука: Како да се намалат породилните болки.