Совети за мерење на контракциите
Како што се ближи крајот на бременоста, сигурно првите знаци на породилните контракции ги очекувате со најголемо нетрпение и возбуда. Познавањето на техниката на мерење на контракциите е исклучително важно, особено што можеби лекарот ќе ве советува да појдете во болница кога ќе имате контракции на пример на 4-5 минути, а него тие бројки ќе му дадат и важни информации за прогресот на вашето породување. Наједноставено е за мерењето да имате стоперица или дигитален часовник и некој што ќе го запишува времето.
Ќе биде потребно да мерите:
- Колку често доаѓаат контракциите
- Колку долго траат контракциите
Кога ќе почувстувате дека почнува контракцијата замолете го оној, кој е со вас да го запише времето на почетокот на контракцијата. За тоа време вие дишете или шетајте. Кога ќе заврши контракциата, известете го помошникот, кој ви го мери времето и нека ја запише и таа информација - таа ќе знаете колку долго трае една контракција. Кога ќе почне следната контракција повторете ги изминатите чекори без да ја запирате стоперицата. Мерањето нека продолжи за време на неколку контракции, а потоа помошникот, кој ви го мери времето нека го пресмета траењето на контракциите и времето помеѓу две контракции.
Имајте на ум дека времето нема секогаш да биде исто, но како што се наближува породувањето така и контракциите ќе стануваат се поредовни.
Еве еден пример како може да изгледа мерењето:
Време на почеток на контракцијата | Времетраење на контракциата |
10:00 | 45 секунди |
10:10 | 45 секунди |
10:15 | 60 секунди |
10:20 | 55 секунди |