Некомпетентен цервикс

Што е цервикс

Цериксот или вратот на матката е долниот, тесен дел од матката, кој завршува во вагиналиот канал. Цервиксот има мал отвор, низ кој може да влезе спермата и да истече менструалната крв. Кога ќе дојде до бременост, отворот на цервиксот се затвора со секрети. Секретите формираат така наречен мукозен чеп. Затварањето на отворот на цервиксот се прави со цел бебето да се заштити од разни инфекции, кои би можеле да навлезат преку него во матката.

Во текот на бременоста цервиксот треба да биде издолжен, тврд и затворен се до крајот на бременоста. Кон крајот на бременста цервиксот омекнува, се скратува и мукозниот чеп, кој дотогаш го затворал паѓа. Тоа е припрема за породувањето.

Што е некомпетентен цервикс

Некомпетентниот цервикс е всшност цервикс, кој е премногу слаб за да остане затворен до крајот на бременоста. Како што напредува бременоста и бебето станува потешко, така расте и притисокот врз цервиксот. Кај некои жени, тоа предизвикува цервиксот да се отвори без контракции. Последиците можат да бидат предвремено породување или абортус.

Најчесто се детектира во почетокот на второто троесечие, поретко во почетокот на третото. Се јавува ретко, кај 1-2% од бременостите, но се смета дека е причина за една четвртина од прекините на бременоста во второто тромесечие.

Дијагнозата може да се постави со ултразвук или со мануелен преглед.

Ризични групи за некомпетентен цервикс

Иако не може со сигурност да се каже дали некоја жена ќе има оваков цервикс, сепак поголеми се шансите доколку:

  • Цервиксот на жената веќе бил повреден при претходно породување или киретажа.
  • Ако претходно сте имале предвремено породување , кое не било предизвикано од предвремени контракции или одлепување на плацентата.
  • Ако сте имале повеќе касни спонтани абортуси, од необјаснета причина.
  • Ако претходно Ви била направена конизација на грлото на матката или други хируршки интервенции.
  • Ако имате вродено скратен цервикс.
  • Ако имате некои аномалии на матката.

Третман на некомпетентен цервикс

Во случаи на скратен цервикс најчесто се извршува така наречен серклаж. Тоа е хируршка интервенција, со која се стега втатот на матката за да се оневозможи да дојде до предвремено отворање на цервиксот. Колку порано ќе се изврши серклажот, толку се поголеми шансите за да биде успешен. Неговата успешност особено е голема доколку се направи од 13-16 седмица од бременоста. Тогаш е помал и ризикот од можни компликации.

Кај жени кои веќе имале неколку спонтани абортуси во второто тромесечие, се прави превентивно на неговиот почеток пред цервиксот да почне да се менува.

Некои лекари како замена на серклажот или негово дополнување им препорачуваат на жените со овој проблем да лежат. Објаснувањето на теоријата за лежењето, е тоа што во таа положба притисокот кој го прави бебето на вратот на матката е многу помал, па се смета дека тоа ќе помогне да не дојде до предвремено отварање.

За успешноста и оправданоста на серклажот сепак мислењата се поделени. Некои лекари сметаат дека има мало влијание врз одржувањето на бременоста, а си носи свои ризици. Можни компликации при извршување на серклажот се:

  • Прерано пукање на водењакот.
  • Инфекција на матката.
  • Предвремено породување.
  • Обилно крварење.
  • Деформирање на цервиксот.
  • Пробушување на матката.
  • Пробушување на бешиката.

Некои од овие компликации се исклучително ретки, а некои (како првите две) се јавуваат кај 1-9% од жените кои направиле серклаж.

Според некои лекари и покрај можните компликации, се работи за интервенција, која спасува животи. Успешноста на серклажот, особено ако е направен рано (од 13-16 седмица) е 80-90%.

Симптоми на некомпетентен цервикс

Генерално кај немомптетентниот цервикс нема некои посебни симптоми.

Доколку веќе сте имале неколку касни спонтани абортуси или прерани породувања или пак Вашиот лекар забележи некакви промени на вратот на матката, ќе бидете почесто следени на ултрзвук. Гинекологот ќе следи колкава е отворенста и должината на цервиксот. Колку порано ќе се дијагностицира состојбата, толку подобро, за да има време да се превземат соосветни мерки.

Доколку се забележат поголеми промени на цервиксот, шансите за предвремено породување се многу поголеми. Колку е пократок цервиксот и поголем е отворот, толку се поголеми и шансите за предвремено породување.

Доколку приметите некои од следниве симптоми, веднаш јавете се кај Вашиот лекар:

  • Промена на количината или видот на вагиналниот секрет, особено ако се работи за воденикав или лигав исцедок.
  • Крварење.
  • Грчеви, слични на менструалните.
  • Притисок или тежина во долниот дел од стомакот и вагината.
  • Покачена температура.
  • Ако имате знаци на инфекција, кашлање, слабост и сл.

Губењето на бременоста во второто или почетокот на третото тромесечие, вообичаено започнува со безболно истекување на водењакот.