Компликации во бременоста

Бременоста е прекрасен период во животот на жената. Сознанието и чувствотото дека во нејзината утроба расте нов живот е благо речено чудесно. Тоа е време на интезивни промени како во телото, така и во психата на жената. Период полн со возбуди и радосно исчекување.

Најголемиот дел од бременостите поминуваат без некои поголеми проблеми.

Сепак бременоста е и период кога можат да се јават сериозни компликации. Ова не значи дека треба да се сконцентрирате на очекувањето на проблеми, туку само да бидете свесни за она што се случува во Вашето тело. Доколку приметите нешто што Ви е сомнително, разговарајте со Вашиот лекар околу тоа.

Знаци на можни компликации во текот на бременоста

Има знаци што никако не смеат да се игнорираат. Доколку почуваствувате некој од нив не значи дека задолжително се работи за некој сериозен преблем, но потребно е веднаш да се реагира и да се отстрани таквата можност. Со благовремено реагирање и соодветен тратман можно е да се спречат многу несакани последици.

Доколку почувствувате некој од следниве знаци, веднаш јавете се кај Вашиот лекар:

  • Вагинално крварење или траги од крв.
  • Зголемен или променет вагинален исцедок, ако станува поводлест, слузаст или со траги од крв. Оваквиот исцедок е нормално да се јави после 37-ta седмица, како подготовка на телото за породување.
  • Болно мокрење или ако мокрењето се намали или запре.
  • Интезивно повраќање, особено ако е проследено со болка.
  • Силни главоболки, особено ако се пропратени со нарушување на видот, проблеми со говорот и сл.
  • Нарушување на видот: ако гледате точки пред Вас, светкавици, двојна слика и сл.
  • Ако чувствувате силна изнемоштеност или нарушување на срцевиот ритам.
  • Ако имате проблеми со дишењето.
  • Нагло отекување на глуждовите, рацете и особено лицето. Извесна отеченост е нормална во бременоста, но нагло и интезивно отекување може да биде знак на прееклампсија.
  • Ако нагло качите килажа, ова може да се случи заради задржување на течности кај прееклампсијата.
  • Ако чувствувате притисок во малата карлица, како бебето да притиска надолу.
  • Ако чувствувате дека бебето послабо се движи или клоца.
  • Силна болка во стомакот или грчеви слични на менструалните.
  • Слушајте си ги инстиктите и информирајте го Вашиот лекар за се што сметате дека не е нормално.

Во бременоста целото тело трпи огромни промени, па тешко е секогаш да се знае дали се работи за проблем или не. Но секогаш е подобро да се испита и да се биде на сигурно.

Денес со правилна и редовна пренатална нега, можностите за успешна бременост се многу поголеми дури и ако се работи за ризична бременост.

Запомнете дека иако е потребна внимателност, компликациите се исклучок, а не правило.

Најчести кокпликации кои се јавуваат во текот на бременоста се: