Прва седмица на бременост
Што се случува во оваа недела од вашата бременост?
Мајката:
Вашата последна менструација штотуку започна и Вие можеби размислувате за бременост. Зачнувањето сеуште се нема случено, но одбројувањето на вашите 40 недели гестациска бременост веке е започнато. Запомнете го овој датум, затоа што Вашиот лекар развојот на Вашето бебе ке го следи и оценува врз основа на денот на Вашата последна менструација.
Совет: Се препорачува 1-3 месеци пред забременување да се почне со земање Фолна киселина, доколку веке не сте го сториле тоа, сега е време. Фолната киселина е витамин од Б групата, чиј недостаток може да предизвика нарушување на развојот на неуралната туба кај бебето.
Прекратете со нездравите навики и доколку досега не сте внимавале на исхраната, сега е време да почнете и со тоа. Се препрачува да се исфрлат цигарите, алкохолот, други хемикалии како и да се консултирате со лекар доколку земате некои лекарства, избегнувајте рентгенско снимање и започнете практикувате некоја полесна физичка активност.
Бебето:
Бидејки јајце клетката и сперматозоидот се уште не се споени, зачнувањто се уште се нема случено. Во Вашите јајници почнуваат да созреваат повеке фоликули, од кои еден ке стане доминантен и од него ке биде ослободена јајце клетката, а тоа веројатно ке се случи кон крајот на следната недела.
Таткото:
Многу идни татковци почнуваат да внимаваат на исхраната и пиењето, затоа што здравјето на таткото игра важна улога за здравјето и развојот на бебето. Одлично време за да се прекине со пушењето, други опојни средства или прекумерното консумирање на алкохол.