Единаесетта седмица од бременоста

Што се случува во оваа недела на вашата бременост?

Што се случува во оваа недела со мајката:

Се приближувате при крај на првото тромесечие. Тоа значи дека симптомите на мачнина и премор веќе ќе почнат да се повлекуваат. Сепак тоа не значи дека повеќе нема да ви смета некој појак мирис.

Хормоните што се лачат, прават вашето тело да биде опуштено, за да може слободно да се проширува. Сосема е веројатно дека апетитот ќе ви се подобри. Веројатно веќе имате качено на килажа, иако секоја бременост се разликува. Можеби се уште не е многу видливо од надвор, но во Вашето тело се случуваат огромни промени.

Многу жени страдаат од главоболки во текот на бременоста. Доколку сте една од нив, внимавајте на тоа дека многу од аналгетиците не се дозволени да се земаат за време на бременоста.

Совет: Внимавајте на исхраната. Тоа што јадете за двајца, на значи дека количински треба да јадете колку двајца. Научниците тврдат дека во текот на бременоста се потребни само 300-500 дополнителни калории дневно. Не е важна количината на храната што ја јадете, туку е важно таа да биде хранлива. Oдносно да ги обезбедува сите потребни елементи, што се потребни за правилен раст и развој на бебето.

Многу жени се загрижени заради качувањето на телесната тежина во бременоста. Сепак ова не е време за држење диети, туку за здрава и правлна исхрана. Обидете се да внесувате доволно:

Протеини – Протеините учествуваат не само во изградбата на муслулите на вашето бебе, туку и во изградбата на ткивото во вашите гради. Добар извор се: црвеното месо, пилешкото, риба, млеко и др.

Калциум – потребен е не само за изградбата на коските на бебето, туку и за да даде дополнителна цврстина на вашите коски. Јадете многу сирење, млеко, јогурт и сл.

Железо – кажавме дека волуменот на крвта во вашето тело се зголемува, а железото има улога во изградбата на крвните клетки. Го има во: црвеното месо, јајцата, зеленчукот со зелена боја, мешункастиот зеленчук и др.

Фолна киселина - го овозможува правилниот развој на рбетниот мозок. Најмногу ја има во зеленчукот со зелена боја и мешункастиот зеленчук.

Што се случува неделава со бебето:

Најкритичниот период за развојот на вашето бебе е завршен. Тоа значи дека сега сите негови витални органи се формирани и функционираат. Ризикот за појава на дефекти кај бебето, заради надворешните влијанија е намaлен.

Сега следува период на интензивен раст на вашето бебе.

Некаде до крајот на оваа или следната недела, ќе почне да функционира и плацентата.

Бебето веќе има и нокти. Иако половите органи се наполно развиени, вие нама да може да до дознаете полот уште неколку недели.

На утразвук можете да го видите како мрда со рацете или нозете, но тоа се уште не го чувствувате.

Должината му е околу 5,5 см, а тежи околу 10 грама.

За таткото:

Досега можеби веќе се привикнвте на наглите промени на расположението кај мајката. Обидете се да се опуштите. Кога бебето ќе стаса многу работи ќе се променат. Доколку се уште не сте присуствувале на лекарските контроли на бременоста, направете го тоа сега. Ќе бидете воодушевени кога ќе го слушнете срцето на вашето бебе.

 

bremenost nedela 11

Бебе во 11-та седмица на бременост

 

Претходна Следна