Тринаесетта седмица од бременоста
Што се случува во оваа недела од бременоста?
Што се случува со мајката:
Добредојдовте во второто тромесечие. Ова е време за славење, го пребродивте првото тромесечие.
Сега е обично делот од бременоста, во кој најмногу можете да уживате. Повеќето од непријатните симптоми на раната брменост веќе ги нема или наскоро ќе ги нема. Мачнините ги нема, иако уморот е се уште присутен и ќе се задржи до крај на бременоста.
Мачнините често отстапуваат место на зголемен апетит.
Стомакот се уште не е доволно голем, за да ви претставува проблем. Веќе и надворешно се познава дека сте бремени.
Како што матката се зголемува, така другите органи се повлекуваат за да и направат место. Лигаментите на матката исто така се растегаат, па како резултат на тоа, можно e во ова тромесечие да чувствувате болка.
Совет: Уживајте во овој период и приуштете си го потребниот одмор. Имајте впредвид дека вашето тело интензивно работи.
Ризичниот дел од бременоста е зад вас, па многу идни родители го чекаат овој период за да и ја соопштат на околината радосната вест.
Старите алишта повеќе не ве собираат. При купување на нови имајте в предвид да не купувате наеднаш по многу парчиња, бидејки не знаете со каква брзина ќе расте вашиот стомак. Можете сега да купите 1-2 парчиња, а покасно да докупите. Многу жени посегнуваат по маиците на својот сопруг.
Што се случува со бебето:
Многу работи се случуваат во текот на оваа недела.
Панкреасот на вашето бебе, почна и со производство на инсулин.
Цревата се повлекуваат од папочната врвца во стомачната празнина.
Вашето бебе се повеќе личи и се однесува како бебе. Оваа недела може да почне да го цица и палецот. Ако имате среќа, тоа ќе може и да го забележите на ултразвучен преглед.
Оваа седмица вашето бебе во просек е долго околу 8,5 см и тежи околу 30 грама.
Таткото:
Честитки. И вие го пребродивте првото тромесечие. Бидејки мајката сега се чувствува подобро, уживајте заедно во следново тромесечие. Земете активно учество во бременоста, трудот многукратно ќе Ви се исплати.
Бебе во 13-та седмица на бременост
Претходна | Следна |