Седумнаесетта седмица од бременоста
ШТО СЕ СЛУЧУВА?
Мајката:
Веројатно дека веќе не само што се познава стомакот, туку почнавте да качувате и на килажа. Просечното качување килажа до овој период се движи од 2.5-5 кг.
Заради ширењето на стомакот и градите, може да чувствувате чешање на кожата.
Честа е појавата и на: киселини, подуеност и слабо варење на храната.
Заради зголемененото количество крв, односно течности во вашето тело, често пати се зголемува и количеството на секрети од телото. Тоа значи зголемено потење и вагинален исцедок.
Можна е и појава на пигментација на некои делови од телото. Не се вознемирувајте, повеќето од симптомите што ги чувствувате, ќе исчезнат по породувањето. Честа е појавата на крварење на непцата, отоци, појава на стрии ит.н. Сепак сите овие работи ги минете знаејки дека највредното нешто се наоѓа во вас.
Што се однесува до стриите, најчесто зависат од генетската преиспозиција. И покрај тоа што рекламите ќе ве убедуваат поинаку, ако сте склони кон нивно стварање, нема да можете да ги избегнете. Сепак утешно е тоа што со текот на времето, кај многу жени после породувањето стриите почнуваат да бледнеат.
Совет: Внимавајте на исхранате. Како што веќе кажавме, не е толку битно количеството на храна што го внесувате, туку нејзиниот квалитет.
Сега не е време за диета, туку добро е да имате балансирана исхрана.
За да ги намалите отоците на нозете, можете да се обидете да ги држете поткачени нозете на столче.
Бебето:
Вашето бебе, веќе почнува да складира масно ткиво под кожата. До крајот на бременоста масното ткиво ќе изнесува 2-6% од целата негова тежина. Тоа ќе му овозможи кога ќе се роди, да може да ја одржува својата телесната температура.
Бебето во ова време има добро развиени рефлекси. Тоа без проблем може да: голта, трепка и да го цица прстот.
Вчудоневидувачки, но вашето бебе веќе може да слуша. Тоа е навикнато на звукот на вашиот глас, срце и крвотокот. Може да слуша и гласови од околината, музика, како и да се вознемири од посилна врева.
Просечната должина на бебето е околу 16 см, а просечната тежина околу 135-140 грама.
Таткото:
Доколку се уште не сте ги почуствувале движењата на вашето бебе, тоа може ќе се случи многу скоро. Вашето срце од тој момент ќе биде засекогаш украдено.
Бебе во 17-та седмица на бременост