Осумнаесетта седмица од бременоста
Што се случува во оваа недела од бременоста?
Мајката:
Вртоглавицата е чест симптом во бременоста. Особено може да се јави при нагли движења. Ова се случува заради тоа што вашиот притисок може да се намали, а кардиоваскуларниот систем веќе не рагира така брзо.
Ако досега движењата на вашето бебе, не можевте со сигурност да ги почувствувате, сега или многу скоро, веќе јасно ќе можете да го направите тоа. Ќе можете и однадвор да ги приметите лактите, стапалата и колената како се движат низ вашиот стомак. Сепак и во случај се уште да не сте ги почувствувале овие движења, не паничете. Секоја бременост е индивидуална, а наскоро ќе се случи и тоа.
Заради лошото варење на храната, кај трудниците често се јавуваат гасови. Нека не ви биде многу непријатно, ова е сосема нормална појава.
Во овој период, заради зголемената потреба од енергија за вашето бебе, можно е апетитот значително да Ви се зголеми.
Совет: На вашето тело му е потребна дополнителна енергија, па ќе треба да внесувате и повеќе јаглени хидрати. Запомнете ова не е време за држење диета. Кога вашето бебе ќе се роди, зголемената телесна тежина повторно ќе ја вратите под контрола. Сепак тоа не значи дека воопшто не треба да внимавате на количеството храна што го внесувате. Вашиот лекар ќе ви каже ако премногу качувате на тежина.
Ова е време и кога можете да уживате во долги прошетки на чист воздух, како и романтични вечери со вашиот партнер. Сетете се дека во иднина шансите за тоа ќе ви бидат значително намалени. Опуштете се и уживајте.
Бебето:
Кај бебето продолжуваат да се развиваат чувствата за вид, слух, вкус и мирис.
Нервниот систем станува се посложен. вашето бебе веќе има развиено чувство за вкус. Направено е испитување во кое во плодовата вода се ставале горчлив и благ раствор. Кога ќе се ставело горчлив раствор, бебето престанувало да голта. Кога пак ќе се ставело благ раствор почнувало да голта два пати побрзо. Доколку е изложено на силна светлина, може да се заблежи како ги става рацете пред очите, за да се заштити од неа. Премногу силните стимулации не му се пријатни.
Во ова време вашето бебе, заради се уште комотното место, често се врти околу самото себе.
Просечната должина на бебето е околу 17,5-20 см, а просечната тежина околу 170-190 грама.
Таткото:
Никако немојте да и кажете на мајката дека изгледа дебела. Кога таа ви се жали од толку многу работи, тоа не значи дека од вас бара да поправите нешто. Најчесто и е потребно само да ја ислушате и да и бидете рамо за плачење. Одведете ја на романтична вечера. Кога ќе стаса бебето, многу работи ќе ви бидат ускратени. Искористете го овој период и уживајте во него.
Бебе во 18-та седмица на бременост