Втора седмица на бременост

 

Што се случува во оваа недела од бременоста?

Мајката:

Ендометриумот, односно внатрешната обвивка на матката се задебелува и се спрема за да може го прифати ембрионот. Оваа недела се случува созревање на јајце клетката. Овулацијата, односно ослободувањето на јајце клетката од јајникот, кај жените со 28 дневен циклус веројатно ке се случи на крајот на оваа седмица, но често има отстапувања,. Некои жени ја чувствуваат овулацијата како лесна нелагодност, болка во јаникот или болка во долниот дел на стомакот.

Совет: Бидејки најчесто не се знае точниот ден на овулација, доколку не користите некоја од методите за нејзино утврдување, се препорачува да имате односи преку еден ден. Сперматозоидите преживуваат во матката 48 – 72 часа така да на тој начин сигурно ке го покриете денот на овулацијата.

Бебето:

Вашето бебе многу скоро ќе биде зачнато.

Таткото:

Татковци, кон крајот на оваа недела треба да се случи спојувањето на сперматозоидот со јајце клетката и знаете што треба да направите за да дојде до тоа, но не заборавајте дека Вашата улога не завршува при зачнувањето, туку е многу важна до крајот на бременоста, па и понатаму во животот на Вашето дете.

zabremenuvanje - poloduvanje na jajce kletka

 Моментот на оплодување на јајце клетката