Дваесетта седмица од бременоста

Што се случува во оваа недела од бременоста?

Мајката:

Честитки. Стасавте на пола пат од вашата бременост.

Заради притисокот од матката, некои жени во овој период имаат проблеми до дишењето. Ова ќе престане кога матката ќе се спушти. Тоа ќе се случи неколку недели пред породувањето или понекогаш пред самото породување. Само кога тоа ќе се случи, за жал посетите на тоалетот уште повеќе ќе зачестат.

Сега движењата на бебето ги чувствувате постојано и дури можеби можете да одредите кога спие.

Проблемите со киселините, отоците, варењето на храната, кожата ит.н продолжуваат. Може да се засилат болките во грбот и стомакот. Но добар дел од патот е веќе поминат, зарем не?

Кај некои жени заради зголемената циркулација на крв во пределот на матката, во овој период се јавува засилена сексуална желба.

Совет: Доколку Вашиот гинеколог не ви нагласил поинаку, нема проблем да продолжите со нормалниот сексуален живот. Ако пак немате сексуална желба и тоа е во ред. Запомнете секоја бременост е различна.

Во овој период, при ултразвучен преглед со голема сигурност би можеле да го дознаете полот на вашето бебе. Некои мајки сакаат да го знаат полот на бебето пред породувањето, некои сакаат да остане изненадување. Размислете и одлуката е ваша.

Бебето:

Циклусите на сон и будност на вашето бебе се како кај новороденче. Тоа дури има и своја омилена поза за спиење. Доколку вашето бебе е машко, тестисите познуваат да се спуштаат кон скротумот. Доколку се работи за девојче, матката е веќе целосно развиена, а останатите делови околу неа се на пат да се развијат.

Градните мускули продолжуваат да се развиваат, исто и белите дробови. Како резултат на тоа вашето бебе кога ќе излезе во надворешниов свет, ќе може непречено да дише.

Ако слушне силна бука, на ултразвук може да се примети како бебето ги става рацете на ушите. Дури може и да подскокне и да ја закопа главата во стомакот за да се заштити од силната врева.

Просечната должина на бебето е околу 20-25 см, а просечната тежина околу 250- 280 грама.

Таткото:

Прославете го изодениот половина пат од бременоста. Обидете се да се подготвите и да дознаете колку можете повеќе за текот на продувањето.

 

bremenost nedeli 20

Бебе во 20-та седмица на бременост